Во блиска иднина, луѓето можеби ќе работат само два дена неделно, а остатокот ќе биде продолжен викенд – барем според Бил Гејтс. Ко-основачот на Microsoft предвидува дека вештачката интелигенција (AI) ќе автоматизира речиси сè, правејќи многу работни позиции непотребни.
Што ќе бидат работните места? Треба ли да работиме само 2-3 дена неделно?
изјави Гејтс во интервју со Џими Фалон. Ова не е првпат тој да зборува за скратување на работната недела – уште во 2023 година спомена дека тридневната работна недела е можно сценарио.

Намалувањето на работното време може да донесе многу придобивки, особено во борбата против исцрпеноста и намалениот наталитет. Истражувањата покажуваат дека пократка работна недела ја зголемува продуктивноста и ја намалува исцрпеноста за 50%. Некои влади веќе експериментираат со овој концепт – Токио неодамна најави воведување четиридневна работна недела за да ги подобри условите за живот.
Но, не сите професии ќе останат недопрени. Гејтс предвидува дека докторите и наставниците ќе бидат меѓу првите кои ќе бидат заменети со AI, бидејќи технологијата ќе може да нуди медицински совети и туторство со висока прецизност. Сепак, тој верува дека луѓето ќе продолжат да играат улога во одредени работи, како спортот, но „производството, транспортот и земјоделството ќе бидат решени проблеми“. Во оваа нова ера, најуспешни ќе бидат оние што ќе ја прифатат, а не оние што ќе ѝ се спротивставуваат на технологијата.
Тагови: Microsoft вештачка интелигенција работна недела