Промовирани огласи »

Најдобрите канцелариски столчиња за 2025 – удобност и ергономија во едно

Најдобрите канцелариски столчиња сега достапни на македонскиот пазар

На македонскиот пазар може да се најдат врвни модели на канцелариски столчиња, кои обезбедуваат удобност и продуктивност за време на долгите работни часови.
Ви претставуваме неколку врвни модели на канцелариски столчиња:

1. Канцелариски стол NS PRESTIGE ЦРН (цена: 4.950 ден.)

Овој класичен канцелариски стол нуди едноставен дизајн со црна боја, прилагодливост и удобност за секојдневна употреба. Опремен е со механизам за подесување на висината и фиксирани раконаслони.

2. Канцелариски стол RFG GRANDE БЕЖ (цена: 18.500 ден.)

Овој елегантен стол во беж боја комбинира стил и удобност. Поседува висок наслон, прилагодливи функции и квалитетна изработка, што го прави идеален за менаџерски канцеларии.

3. Работен стол MONTI ND MES (цена: 4.690 ден.)

Ергономски стол изработен од комбинација на ткаенина и мрежа, со цврста метална основа. Нуди прилагодливост и удобност за долготрајно седење.

4. Канцелариски стол РФГ TECH PRO ЦРН ЕРГОНОМСКИ (цена: 34.000 ден.)

Овој ергономски стол е дизајниран за долготрајно седење, со прилагодлива длабочина на седалото, висина на наслонот, 3D подлактници и поддршка за глава.

5. Канцелариско столче (цена: 1.358 ден.)

Премиум канцелариско столче со обложена кожа во светло кафеава боја, нуди извонреден комфор и стилски дизајн.

При изборот на канцелариско столче, важно е да се земат предвид фактори како ергономија, материјали, прилагодливост и дизајн, со цел да се обезбеди максимална удобност и поддршка за време на работниот ден.

Тагови: канцеларија канцелариски столчиња

Промовирани огласи »

Бил Гејтс: Ќе работиме по 2 дена благодарение на AI

Што ќе бидат работните места? Треба ли да работиме само 2-3 дена неделно?

Во блиска иднина, луѓето можеби ќе работат само два дена неделно, а остатокот ќе биде продолжен викенд – барем според Бил Гејтс. Ко-основачот на Microsoft предвидува дека вештачката интелигенција (AI) ќе автоматизира речиси сè, правејќи многу работни позиции непотребни.

 Што ќе бидат работните места? Треба ли да работиме само 2-3 дена неделно?

изјави Гејтс во интервју со Џими Фалон. Ова не е првпат тој да зборува за скратување на работната недела – уште во 2023 година спомена дека тридневната работна недела е можно сценарио.

Намалувањето на работното време може да донесе многу придобивки, особено во борбата против исцрпеноста и намалениот наталитет. Истражувањата покажуваат дека пократка работна недела ја зголемува продуктивноста и ја намалува исцрпеноста за 50%. Некои влади веќе експериментираат со овој концепт – Токио неодамна најави воведување четиридневна работна недела за да ги подобри условите за живот.

Но, не сите професии ќе останат недопрени. Гејтс предвидува дека докторите и наставниците ќе бидат меѓу првите кои ќе бидат заменети со AI, бидејќи технологијата ќе може да нуди медицински совети и туторство со висока прецизност. Сепак, тој верува дека луѓето ќе продолжат да играат улога во одредени работи, како спортот, но „производството, транспортот и земјоделството ќе бидат решени проблеми“. Во оваа нова ера, најуспешни ќе бидат оние што ќе ја прифатат, а не оние што ќе ѝ се спротивставуваат на технологијата.

Тагови: Microsoft вештачка интелигенција работна недела

Промовирани огласи »

Евротип ги награди своите вработени за нивниот 10 годишен работен јубилеј

Евротип компанијата која успешно опстојува на пазарот веќе 10 години

Евротип компанијата која успешно опстојува на пазарот веќе 10 години и е дел од КС Групацијата започна со доделување на јубилејни награди за своите вработени.

Лојалноста и посветеноста на вработените се непроценливо богатство за секоја компанија, а Евротип може да се пофали со голем број вработени кои ја градат својата кариера во компанијата и придонесуваат за нејзин раст и развој.

Во текот на месец март претставници од менаџерскиот тим на компанијата организирано ги посетија организационите единици во Прилеп, Битола, Кичево и Кавадарци во кои имаат вработени со 10 годишен стаж. Десет години лојалност и посветеност кон компанијата не е само број туку вистински израз на приврзаност на вработените кон самата компанија.  На вработените од Прилеп – Влатко Стојаноски, Николина Ѓоргиеска, Грозданка Мазароска, Драгиш Димоски, Љупка Коста, Деан Наумоски, Анета Талеска и Јасмина Јошеска, Битола – Даниела Тодорова, Светлана Митровска, Ана Митковска и Билјана Зајковска, Кичево – Маријана Данилоска, Снежана Николоска и Николина Панделеска, и Кавадарци – Павлинка Димова и Пенелопи Гурева кои се дел од компанијата од нејзиниот почеток Евротип им додели плакети, парични  награди и вредносни ваучери кои можат да ги искористат во Голд Фелициа, ЈК Травел или Минт ИНС, како знак на благодарност за нивната посветена работа и вложен труд во деловниот процес на компаниското работење. Вработените се лицето на компанијата кое е видливо за клиентите и надворешниот свет. Ниту една компанија не би можела да опстои на пазарот без вработени кои веруваат во вредностите на компанијата.

Евротип како општествено одговорна компанија исто како и останатите компании од КС Групацијата - Голд Слот, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Ентертејмент и 77 Софт ги цени и вреднува своите вработени.

Нивната посветеност, лојалност, професионализам и ентузијазам се вредности кои го прават нашиот тим посилен и поуспешен.

Евротип им честита за јубилејните награди на своите вработени, им се заблагодарува за нивниот придонес кон работата и им посакува уште долги години на соработка и заеднички раст.

Тагови: Евротип спотрски обложувалници

Промовирани огласи »

Вработување во Прима Мебел, H&M, А1 Македонија!

Огласи за работа во Прима Мебел, H&M, А1 Македонија!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

H&M е моден бренд кој нуди најнови стилови и инспирација, од модни парчиња и уникатни соработки со дизајнери, до основни артикли за облека по пристапни цени. Нашата бизнис идеја е мода и квалитет по одлична цена на одржлив начин.

Моментално вработува:

DEPARTMENT MANAGER

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места.

Моментално вработува:

СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Tezenis е лансиран во септември 2003 година, во близина на Верона, Италија, со цел да се создаде бизнис во продажба на долна облека, домашна облека и пижами за мажи, жени и деца, преку продажна мрежа за франшиза.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА - SKOPJE CITY MALL

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Моментално вработува:

TECHNICAL PROJECT LEAD – IT BILLING DC (F/M/D)
ТЕХНИЧАР ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА - СКОПЈЕ
АГЕНТ ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
SOHO SALES MANAGER

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално вработува:

АНАЛИТИЧАР ЗА КАНАЛИ НА ПРОДАЖБА (М/Ж)

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »