
За компанијата: Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Неговата успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци.
повеќе за компанијата »АНАЛИТИЧАР ЗА КАНАЛИ НА ПРОДАЖБА м/ж
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци. Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.
Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден, заедно со нашите купувачи.
Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата. Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!
ШТО НУДИМЕ?
- Флексибилност во организирање на работното време
- Хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома
- Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
- Можност за учење и работа во SAP
- Фит кит – бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
- Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
- 24/7 осигурување од незгода
- Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации
ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Управува и испорачува клучни информации за планирање и извршување на пазарот – физичко и дигитално покривање на пазарот и клучни иницијативи за планирање на каналите за продажба
- Обезбедува имплементација на бизнис стратегијата за подобрување на планирањето на продажните канали.
- Испорачува подготвителни анализи и увиди за сегментација на клиентите, концепт на повици и пропорционирање на продажните сили и планирање маршрути E2E во согласност со деловните потреби
- Води иницијативи за планирање на каналите за продажба, засновани на проекти и подобрувањe на имплементација на техничката и комерцијалната позадина
- Континуирано ги одржува основните податоци на клиентите и исправноста на атрибутите кои директно влијаат на функционалноста на моделот за планирање на каналите за продажба, сегментацијата на пазарот и со тоа овозможува континуирани секојдневни продажни операции.
ШТО БАРАМЕ:
- Високо образованиe - Економски факултет, ФИНКИ или други слични полиња;
- 3+ години искуство на слична позиција во FMCG сектор;
- Силни аналитички вештини и работа со големи бази на податоци
- Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Познавање на Power BI
- Одлично познавање на деловниот англиски јазик, одлични комуникациски и презентациски вештини.
Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 4.04.2025г.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Договорот за вработување е на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Слични огласи »