Промовирани огласи »

Ресторанот "Ѕвезден Океан" се наоѓа во срцето на главниот град. На само една минута пешачење од Соборниот храм, позади Домот на градежници ќе го најдете местото што ги крие тајните на здравата исхрана. Нивните гости се луѓе кои знаат да уживаат во својот оброк и сакаат да јадат свежа и вкусна храна. Доколку сте љубители на кинеската традиција и храна, ова е идеалното место за да се вработите.

Моментално вработуваат на следните позиции:

ПРИМАЊЕ НА НАРАЧКИ ЗА ДОСТАВА И ПАКУВАЊЕ ДО МОМЕНТ НА ИСПОРАКА

ХИГИЕНИЧАР/КА ВО КУЈНА

КЕЛНЕР/КА

ШАНКЕР/КА НА БИФЕ СО ГОТОВА ХРАНА

Сите други огласи за вработување погледнете ги ТУКА

Промовирани огласи »

Повеќе од 3.300 работници во 70 компании во Обединетото Кралство, почнувајќи од мали локални бизниси до големи финансиски фирми, денеска почнуваат со четиридневна работна недела без намалување на платите, како дел од најголемото тестирање на новиот работен модел во светот.

Пилот-проектот ќе трае шест месеци, организиран од друштвото „4 дена во неделата Глобал“, а во партнерство со тинк-тенк групата Autonomi, Кампањата 4 дена во неделата и истражувачи од Универзитетот Кембриџ, Универзитетот Оксфорд и Бостонскиот колеџ, пишува „Гардијан“.

Истражувањето се заснова на шема од 100: 80: 100 – 100 проценти од платите за 80 проценти од работното време, во замена за задолжително одржување на 100 проценти продуктивност.

Џо О’Конор, извршен директор на непрофитната група „4 дена во неделата Глобал“, вели дека Обединетото Кралство е предводник на четиридневната работна недела.

Како што излегуваме од пандемијата, се повеќе компании препознаваат дека квалитетот на животот е нова граница што ја дели конкуренцијата и дека работата со скратено работно време е фокусирана на резултати, алатка која им дава конкурентна предност, рече тој.

Меѓу оние кои учествуваат во ова тестирање се компании кои обезбедуваат образование, советување на работното место, домување, нега на кожа, регрутирање градежни работници, храна и пијалоци и услуги за дигитален маркетинг….

Истражувачите ќе работат со секоја организација која учествува во проектот за да го измерат влијанието на скратената работна недела врз продуктивноста на бизнисот и благосостојбата на нејзините вработени, како и влијанието врз животната средина и родовата еднаквост.

Тестирањето на четиридневната работна недела, со поддршка на владите, треба да започне подоцна оваа година во Шпанија и Шкотска.

Џулиет Скор, професорка по социологија на Бостонскиот колеџ и главен истражувач на пилот-проектот, го опишува потфатот како „историски експеримент“.

Ќе анализираме како реагираат вработените на дополнителниот слободен ден, во однос на стресот и исцрпеноста на работа, нивното задоволство од работата и животот, здравјето, спиењето, користењето електрична енергија, патувањето и многу други аспекти од животот, објаснува таа.

Се додава дека четиридневната работна недела генерално се смета за политика на тројни бенефиции, помагање на вработените, компаниите и климата.

Ед Сиел, извршен директор на Черити банка, е горд што ова е една од првите банки во Обединетото Кралство што прифати четиридневна работна недела.

Ние сме шампиони во однос на флексибилната работа долго време… За Черити банка, преминот кон четиридневна недела е природен следен чекор, рече тој.

Промовирани огласи »

Биткоинот денеска падна под 30.000 долари на најниско ниво за една недела, бидејќи на пазарот повторно се појави аверзија кон ризични инвестиции.

Најголемата глобална криптовалута по пазарна капитализација падна за дури 7,1 отсто на 29.209 долари, на нивото последен пат забележано на 30 мај, пишува Блумберг.

Останатите токени, исто така, ослабеа, при што етерот потона за 7,3 проценти на 1.725 долари.

Пресвртот дојде само еден ден откако биткоинот повторно достигна вредност над 31.000 долари, што поттикна очекувања кај некои инвеститори дека има простор за понатамошен раст. Сепак, најстарата криптовалута во светот наиде на отпор помеѓу нивоата од 31.500 до 32.000 долари, вели Маркус Сотири, аналитичар во британската дигитална брокерска куќа GlobalBlock.

Следеше падот на криптовалутите бидејќи тргувањето со фјучерси во САД остана во минус, додека доларот продолжи да зајакнува. Скокот на приносите на американските државни обврзници ги поттикна стравувањата дека зголемените трошоци за задолжување може да предизвикаат рецесија. Биткоинот е во силна корелација со движењето на цен

Промовирани огласи »

За најголемиот број домаќинства трошоците за електрична енергија ќе бидат пониски, но не и за оние од највисоката четврта група, за кои цената на струјата ќе биде речиси како индустриската

Цената на струјата за домаќинствата во земјава од 1 јули ќе зависи од нивото на потрошената електрична енергија во скапата, дневна тарифа, при што ќе има четири блокови.

Најниска цена ќе има за оние кои месечно ќе трошат до 210 киловат часови електрична енергија, во втората група ќе бидат оние со потрошувачка до 420 киловат часови, во третата до 630 киловат часови и во четвртата група, над 630 киловат часови електрична енергија.

Притоа треба да се има во предвид дека повисоката цена нема да се однесува на вкупната потрошена електрична енергија, туку на разликата од границата на понискиот тарифен блок и оној повисокиот.

Така на пример, доколку едно домаќинство во текот на месецот потрошило 250 киловат часови електрична енергија, по пониска цена ќе плати за потрошените 210 килова часови, а за преостанатите 40 киловат часови ќе плати по повисока тарифа која се однесува на втората група. За најголемиот број домаќинства сметките ќе бидат пониски, но не и за оние од највисоката четврта група, за кои цената на струјата ќе биде речиси како индустриската.

Ова, меѓу друготo беше посочено денеска на првата јавна трибина што ја организира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на која беа презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “.

Имаме предлог да се оди со четири блока кои што се однесуваат само на потрошувачката во висока дневна тарифа. Првиот блок е 210 киловат часови, вториот е 420, третиот е до 630 и четвртиот е над 630 киловат часови во скапа тарифа, рече Рубин Талевски, професор на ФЕИТ, кој новиот тарифен модел го спореди со прогресивниот данок.

Како што беше посочено на трибината, според предлогот кој допрва треба да биде усвоен, потрошената струја во најнискиот блок до 210 киловат часови во скапа тарифа месечно ќе се плаќа 35 отсто поевтино од сега. Оние во втората група, за потрошувачката меѓу 211 и 420 киловат часови, сметките ќе бидат слични на сегашните. Повисоки трошоци ќе имаат оние од третиот за потрошени од 421 до 630 киловат часови, а уште повисоки за најголемите трошаџии на струја, односно за нивото на 630 киловат часови скапа струја, за кои цената на струјата ќе биде слична на индустриската.

Инаку, просечната месечна потрошувачка на електрична енергија по домаќинство во земјава е под 500 киловат часови.

Блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања (од 07:00 до 22:00) часот, додека во периодите во ниски дневни оптоварувања (22:00 до 07:00) и недела ќе се применува иста цена.

Од изложеното на трибината произлегува дека и при релативно висока потрошувачка, трошоците за електрична енергија треба да бидат отприлика како сегашните, како и дека кај евтината тарифа не треба да има сериозно зголемување бидејќи тоа може да даде полоши резултати. Така, околу 13 отсто од домаќинствата, кои се големи потрошувачи на струја, сметката ќе им биде повисока ако се пресметува со новиот модел, додека околу 2.000 најголеми потрошувачи ќе плаќаат за 46 отсто повисоки сметки.

Професорот Ристо Филкоски од Машинскиот факултет, презентирајќи ја анализата за потрошувачка на струја во грејна сезона, рече дека семејствата што трошат до 1.500 киловат часови електрична енергија месечно, со примената на новиот модел би плаќале сметки пониски или еднакви на сегашните доколку соодносот на потрошената струја во евтина и во скапа тарифа е 50:50.

Резимирајќи ги анализите претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски објасни дека предлогот дава решение и за едно од прашањата што предизвикуваше загриженост кај граѓаните, а се однесуваше на времето кога ќе се читаат броилата.

Потрошувачката ќе се сведе на дневно ниво. Границите на блоковите се такви што може да се делат со 30, за да нема незадоволни потрошувачи. Така, кај оние кај кои подолго време не е прочитано броилото ќе се избегне поради тоа да влезат во блок со повисока цена. Тој проблем ќе биде избегнат поради тоа што ако читањето е на 35 дена, првиот блок наместо 210 ќе биде 245 киловат-часови, појасни Бислимоски.

Она што е најбитно е дека со имплементацијата на блоковите, кај 87 отсто од домаќинствата во зимските месеци ќе има намалени трошоци за електрична енергија, уверува Бислимоски, Останатите домаќинства ќе имаат зголемени трошоци за електрична енергија, што е и поентата на воведувањето на блок-тарифите, односно да се испрати сигнал до потрошувачите кои што многу трошат, да ја намалат својата потрошувачка и да инвестираат во енергетски ефикасни уреди и начини на греење со електрична енергија. Во летните месеци, пак, кај 92 проценти од домаќинствата ќе има намалени трошоци за електрична енергија, уверува Бислимоски.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »