Промовирани огласи »

„Мекдоналдс“, најпознатиот светски бренд за брза храна, се повлече од рускиот пазар. Тие ги продадоа своите 800 ресторани на бизнисменот Александар Говор.

Во Москва денеска беа отворени првите ребрендирани ресторани, под името „Вкусно и точка“.

Логото на „Мекдоналдс“ е заменето со два стилизирани помфрити и точка која наликува и на стилизирана плескавица. Во Москва денес се одржа прес-конференција од страна на новите сопственици, на плоштадот Пушкин, каде пред 32 години беше отворен првиот „Мекдоналдс“ во Русија.

„Нашата цел е гостите да не ја почувствуваат разликата во квалитетот или амбиентот“, изјави Олег Пароев, директор на „Вкусно и точка“. Слоганот под кој работи синџирот за брза храна е „името се смени, но љубовта останува“.

Пред 32 години, по распадот на СССР, отворањето на „Мекдоналдс“ во Русија симболично го означи отворањето на поранешна комунистичка земја. Денешниот ден исто така симболично го опишува растојанието помеѓу Москва и западниот свет.

Промовирани огласи »

Од денеска  во 10 часот до 15 часот на 15 јуни учениците ќе пополнуваат пријави и електронски ќе аплицираат за запишување во средните училишта за учебната 2022/2023 година. Пријавувањето е преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука  https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на schools.mk.

Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16  јуни  на интернет-страницата на Министерството за образование и наука  www.mon.gov.mk и на https://e-uslugi.mon.gov.mk  најдоцна до 9 часот.

Доставувањето на потребената документација  до училиштата ќе биде на 16  јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7 до 19  часот,  според распоред што ќе го подготви секое училиште.

МОН годинава ја воведе новата дигиталната услуга со цел да се оптимизира целиот процес на уписи во средните училишта. Во периодот додека системот за аплицирање биде достапен за учениците, тие ќе може да прават ажурирање, измени и  дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите. Валидација на дипломите и внесување поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.

Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk. Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици, појаснуваат од Министерството за образование и наука.

Доколку до рокот за електронско аплицирање, 15 јуни, учениците сè уште го немаат добиено  свидетелството за IX одделение,  ќе ги внесат своите оценки евидентирани во е-дневникот. Во полето за свидетелство за IX одделение (во полето за прикачување) ќе прикачат документ/слика (слика од е-дневник) и на тој начин ќе ја завршат апликацијата. Свидетелството од IX-то одделение  задолжително ќе го приложат  до училиштето при доставувањето на целокупната потребна документација на 16  и 17  јуни.

Министерството за образование и наука на крајот на март го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година, во кој се  наведени условите за запишување и критериуми за избор на учениците, потребните документи за запишување, наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците, роковите за пријавување и насоки за спроведување на Конкурсот.  

Промовирани огласи »

Сите институции се во постојана комуникација и во наредниот период ќе се излезе со нов пакет антикризни мерки, изјави директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Во постојана комуникација сме. Веројатно во наредниот период ќе се излезе со новиот пакет. Ги слушаме и целните групи, треба да се направи посебна анализа за тоа која дејност е најмногу засегната и каде ќе треба најмногу да се вбризга помош, рече Лукаревска во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.

Според Лукаревска, намалувањето на ДДВ-то што беше една од мерките од последниот антикризен пакет, не влијаело значително во делот на прибирањето на даноците.

Сметам дека оваа мерка помогна, но не направи соодветни потреси во делот на прибирањето на даноците. Имаме солидна наплата на даноците, рече Лукаревска. 

Промовирани огласи »

Се уште не е дефиниран бројот на блок тарифите и прагот за потрошувачка на секоја од блок тарифите во високата потрошувачка на електрична енергија, а Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е отворена за сите забелешки што ќе стигнат за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач. Сите дилеми во однос на скалестото тарифирање ќе се земат предвид во анализите.

Ова беше порачано на втората јавна трибина за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач што денеска се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во организација на Асоцијацијата на инженери и техничари МАКО СИГРЕ, здружение кое повеќе од 20 години делува на полето на електроенергетиката.

-Моделот со четири блок тарифи дава математички најдобри резултати, односно колку е можно повеќе домаќинства да имаат намалени трошоци за електрична енергија споредено со оваа одлука и покажува дека 87 проценти во зима и 92 проценти во лето би имале помали сметки. Концептот со четири блока е избран дека сега за сега дава најдобри резултати, но доколку се покаже или докаже дека подобри резултати ќе има со погоре или подолу еден блок не е спорно и од аспект на имплементација нема да има никаков проблем, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Најави дека ќе продолжат јавните дебати, доколку е потребно, за секој да го каже своето мислење.

Секоја забелешка и од граѓани и од стручни лица ќе биде разгледана. Сите дилеми кои потрошувачите ги имаат и ги доставиле во однос на скалесто тарифирање ќе се земат во предвид во анализите, нагласи Бислимоски.

Професорот Рубин Талевски од ФЕИТ повтори дека најголем дел од домаќинствата месечно трошат од 300 до 700 киловат часови електрична енергија во зимскиот период, а нешто помалку во летниот период, а само еден процент трошат повеќе од 3.000 киловат часови. Притоа со новиот вид на тарифирање, како што додаде, 93 отсто од потрошувачите ќе бидат во првата и втората блок тарифа, односно трошат до 210 или од 211 до 420 киловат часови електрична енергија и за нив струјата ќе биде поевтина или во рамки на сегашната цена. Во третиот блок со потрошувачка од 521 до 630 киловат часови се 4 отсто од домаќинствата, а во четвртиот со потрошувачка од над 630 киловат часови електрична енергија се 3 отсто од потрошувачите. За нив цената ќе биде повисока.

Доколку се земе цената на електричната енергија во ниска тарифа да е еден во првиот блок во висока тарифа би била 1,11, во вториот блок во висока тарифа би изнесувала 1,7, во третиот блок 2,3, а во четвртиот блок цената во висока тарифа би била 2,89, прецизира Талевски.

Пресметковниот период би бил 30 дена што, како што рече, покажува дека во првиот блок просечната дневна потрошувачка во висока тарифа – скапа струја, би била 7 киловат часови, во вториот блок 14, во третиот 21 и во четвртиот над 21 киловат час дневно.

Како што истакна Талевски, од понеделник на веб страницата на РКЕ ќе биде достапен веб калкулатор на кој граѓаните ќе можат да пресметаат колку ќе им биде сметката доколку внесат колку киловати електрична енергија потрошиле во ниската и високата тарифа,односно скапа и евтина струја.

Главна цел на воведување скалесто тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, и со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во рамки на просечната потрошувачка во државата.

Со ваквиот начин на тарифирање, како што велат од РКЕ, ќе се обезбеди фер пристап, односно оние коишто трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена. Блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања (од 07:00 до 22:00) часот, додека во периодите во ниски дневни оптоварувања (22:00 до 07:00) и недела ќе се применува иста цена. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »