Промовирани огласи »

Владата на денешната седница донесе одлука да биде одложена имплементацијата на Кембриџ програмата за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование.

Министерството за образование и наука е задолжено да го одложи започнувањето на имплементација на новите наставни планови и програми по наставните предмети математика, физика, хемија и биологија за прва година на гимназиско образование, за прва година на средно стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование во сите средни училишта.

Промовирани огласи »

Министерството за финансии реагира на одлуката на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС), со која значително се зголемува висината на минимални трошоци за вршење книговодствени работи и на надоместокот за сметководствени услуги. Одлуката е донесена на 19 мај годинава.

Од министерството реагираат дека институтот има право да ги утврди само критериумите за утврдување на цената, но не и нејзиниот износ.

Во согласност со Законот за вршење сметководствени работи и статутот на Институтот, нема основа за донесување на оваа одлука. Истовремено, Министерството за финансии појаснува дека оваа одлука е надвор од рамките на законот со оглед на фактот што управниот одбор на Институтот има надлежност да ги утврди само критериумите за утврдување на цената на сметководствените услуги, но не и висината на надоместокот за тие услуги, се вели во реакцијата.

Промовирани огласи »

Флексибилно работно време и двосменски работење се промените кои планира да ги воведе Владата на Република Македонија, а кои според информации на Скопје Инфо веќе се влезени во владина процедура.

Владата планира да воведе флексибилно работно време за вработени во државната управа кое ќе почнува помеѓу 7.30 и 8.30 часот, а ќе завршува помеѓу 15.30 и 16.30 часот. Должината на работниот ден ќе остане иста и ќе биде 8 часа. Освен ова планирани се промени, односно двосменско работење во службите кои работат управни работи и кои имаат директна комуникација со граѓаните. Кај нив работата ќе се одвива двосменски од 07:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот. Првата сабота во месецот за нив ќе биде работна.

Се очекува одлуката за промена на работното време наскоро да помине на владина седница со што ќе стапи на сила во текот на летниот период.

Промената на работно време и воведување втора смена беше еден од проектите кои СДСМ ги најави во програмата за парламентарните избори кои што поминаа.

Промовирани огласи »

Постои недостиг на сестри во некои оддели и одлучивме да најдеме решение во што поскоро време за вработување на 30 до 60 медицински сестри, изјави министерот за здравство Арбен Таравари по денешната посета на ГОБ „8-ми Септември“.

Од тука одам на седница на Влада. Ќе разговарам и со министерот за финансии и со премиерот за што поскоро да го решиме проблемот. Да вработиме барем со договор на дело одредена бројка медицински сестри, со која би ја амортизирале состојбата, па понатаму да вработиме уште една група на медицински сестри за да достигнеме до оптимумот, кој што е 60 вработувања, изјави Таравари.

Посочи дека има недостаток и од болничари и доктори, меѓутоа, тоа што е акутно се медицинските сестри.

- Ќе почнеме со бројка од 30 во најскор можен период, па потоа ќе одиме на уште 30, заедно со болничари, друг медицински персонал и доктор, изјави Таравари.

Директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Сашо Стојчев, рече дека болницата работи интензивно и изрази надеж дека со новите вработувања ќе може да го отворат операционите сали и листите на чекање не бидат долги.

Преоптеретеноста на средно медицинскиот персонал е главна причина за затворање на одредени одделенија, кои во летниот период обично биле затворени. Капацитетите никогаш не биле преполовени, 80 кревети се се уште затворени, но затоа другите останати се 95 проценти пополнети, изјави Стојчев.

Посочи дека најмногу влијае тоа што се затворени операционите сали.

Во попладневните часови наоѓаме можност по две до три, четри операции за да се растерети утринскиот програм бидејќи тој е елективен, а попладневните и вечерните операции се ургентните состојби во кои се оперираат пациенти кои не би го зазеле местото наредниот ден. Затоа тука екипите се максимално зајакнати со тројца анестезиолози и со четири хирурзи, за да можеме утринските саати да ги растеретиме, изјави Стојчев. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »