Промовирани огласи »

Постои недостиг на сестри во некои оддели и одлучивме да најдеме решение во што поскоро време за вработување на 30 до 60 медицински сестри, изјави министерот за здравство Арбен Таравари по денешната посета на ГОБ „8-ми Септември“.

Од тука одам на седница на Влада. Ќе разговарам и со министерот за финансии и со премиерот за што поскоро да го решиме проблемот. Да вработиме барем со договор на дело одредена бројка медицински сестри, со која би ја амортизирале состојбата, па понатаму да вработиме уште една група на медицински сестри за да достигнеме до оптимумот, кој што е 60 вработувања, изјави Таравари.

Посочи дека има недостаток и од болничари и доктори, меѓутоа, тоа што е акутно се медицинските сестри.

- Ќе почнеме со бројка од 30 во најскор можен период, па потоа ќе одиме на уште 30, заедно со болничари, друг медицински персонал и доктор, изјави Таравари.

Директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Сашо Стојчев, рече дека болницата работи интензивно и изрази надеж дека со новите вработувања ќе може да го отворат операционите сали и листите на чекање не бидат долги.

Преоптеретеноста на средно медицинскиот персонал е главна причина за затворање на одредени одделенија, кои во летниот период обично биле затворени. Капацитетите никогаш не биле преполовени, 80 кревети се се уште затворени, но затоа другите останати се 95 проценти пополнети, изјави Стојчев.

Посочи дека најмногу влијае тоа што се затворени операционите сали.

Во попладневните часови наоѓаме можност по две до три, четри операции за да се растерети утринскиот програм бидејќи тој е елективен, а попладневните и вечерните операции се ургентните состојби во кои се оперираат пациенти кои не би го зазеле местото наредниот ден. Затоа тука екипите се максимално зајакнати со тројца анестезиолози и со четири хирурзи, за да можеме утринските саати да ги растеретиме, изјави Стојчев. 

Промовирани огласи »

Бугарските граѓани ќе имаат нови лични карти и пасоши од почетокот на 2018 година откако во Парламентот ќе помине второто читање на измените на Законот за бугарски лични документи, соопштија бугарските медиуми.

Во новите лични карти и пасоши ќе има вграден електронски носител на информации – чип кој ќе содржи биометриски податоци на сопственикот како и електронски потпис. Новите документи за идентификација треба да почнат да се користат од 1 јануари 2018 година.

Меѓународниот пасош исто така ќе биде биометриски и со електронски потпис и крипографски клучеви.

Бугарските лични документи издадени до тој датум ќе бидат валидни до истекувањето на рокот.

Промовирани огласи »

Секој државен празник е одреден со закон на одредната држава. Државните празници се главно неработни, но платени денови.

Единствен исклучок е Велика Британија во која не постојат неработни платени денови, дури ни кога станува збор државни празници. Но, затоа пак Британците имаат 28 работни дена одмор.

Веб проталот Јакуб Мариан објави мапа со бројот на државни празници во секоја европска земја.

Треба да се има предвид дека бројот на неработни денови варира во зависност од тоа на кој ден паѓа празникот, дали станува збор за викенд или за работен ден. Исто така, се претпоставува дека еден празник не се слави во секој дел од некоја земја.

Бројот на неработни денови варира од 7 до 16, ако се изземе Британија. Во Македонија тој број изнесува 16, во Босна и Херцеговина 10, а во Србија тој број е меѓу 10 и 13.

Промовирани огласи »

Починатата родилка Маја Кадиева инсистирала на царски рез. Ова денеска го потврди нејзиниот матичен гинеколог Митко поп Кочев, кој сведочеше на продолжението од судењето против двајцата гинеколози и анестезиологот од гевгелиската болница, обвинети за смртта на Кадиева.

Поп Кочев рече дека родилката доживеала стрес при првото породување, па затоа била исплашена. Според негово мислење, Кадиева можела да почека со породувањето, бидејќи терминот сеуште не бил поминат. Ова му го кажал и на нејзиниот сопруг, дента кога тој дошол да го извести дека сопругата му ја подготвуваат за царски рез.

Мојата сопруга имаше страв од компликации и од некипираноста на гевгелиската болница и затоа вториот пат инсистираше на царски рез - изјави Димитрија Кадиев – сопруг на починатата родилка.

Според Кадиев, лекарите му рекле дека е подобро сопругата да му ја породат пред празникот кој претстоел, бидејќи следувал и продолжен викенд. Пред судот денеска сведочеше и сопственичката на гевгелиски ресторан, каде што анестезиолозите Томчо Ванчев и покојниот Зоран Јовановски на денот на породувањето биле на ручек. Негираше дека пиеле алкохол, иако на претходното рочиште келнер од кафе бар каде лекарите подоцна биле, рече дека дошле пијани и продолжиле да пијат.

Сите кафански фаци ги знаат, тие се чести фаци во кафаните и биртиите, зошто се криеле за да не ги видат. Јас ги видов колку беа пијани. - изјави Кадиев.

Никој од обвинетите и нивните адвокати вчера не сакаше да даде изјава. За смртта на 32 годишната дојранчанка Маја Кадиева и нејзиното новороденче, кои починаа пред 21 месец, обвинети се анестезиологот Томчо Ванчев и гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов. Четвртиот лекар кој доби обвинение, анестезиологот Зоран Јовановски почина пред да почне судењето.

Извор: ТВ 24

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »