Промовирани огласи »

Секој државен празник е одреден со закон на одредната држава. Државните празници се главно неработни, но платени денови.

Единствен исклучок е Велика Британија во која не постојат неработни платени денови, дури ни кога станува збор државни празници. Но, затоа пак Британците имаат 28 работни дена одмор.

Веб проталот Јакуб Мариан објави мапа со бројот на државни празници во секоја европска земја.

Треба да се има предвид дека бројот на неработни денови варира во зависност од тоа на кој ден паѓа празникот, дали станува збор за викенд или за работен ден. Исто така, се претпоставува дека еден празник не се слави во секој дел од некоја земја.

Бројот на неработни денови варира од 7 до 16, ако се изземе Британија. Во Македонија тој број изнесува 16, во Босна и Херцеговина 10, а во Србија тој број е меѓу 10 и 13.

Промовирани огласи »

Починатата родилка Маја Кадиева инсистирала на царски рез. Ова денеска го потврди нејзиниот матичен гинеколог Митко поп Кочев, кој сведочеше на продолжението од судењето против двајцата гинеколози и анестезиологот од гевгелиската болница, обвинети за смртта на Кадиева.

Поп Кочев рече дека родилката доживеала стрес при првото породување, па затоа била исплашена. Според негово мислење, Кадиева можела да почека со породувањето, бидејќи терминот сеуште не бил поминат. Ова му го кажал и на нејзиниот сопруг, дента кога тој дошол да го извести дека сопругата му ја подготвуваат за царски рез.

Мојата сопруга имаше страв од компликации и од некипираноста на гевгелиската болница и затоа вториот пат инсистираше на царски рез - изјави Димитрија Кадиев – сопруг на починатата родилка.

Според Кадиев, лекарите му рекле дека е подобро сопругата да му ја породат пред празникот кој претстоел, бидејќи следувал и продолжен викенд. Пред судот денеска сведочеше и сопственичката на гевгелиски ресторан, каде што анестезиолозите Томчо Ванчев и покојниот Зоран Јовановски на денот на породувањето биле на ручек. Негираше дека пиеле алкохол, иако на претходното рочиште келнер од кафе бар каде лекарите подоцна биле, рече дека дошле пијани и продолжиле да пијат.

Сите кафански фаци ги знаат, тие се чести фаци во кафаните и биртиите, зошто се криеле за да не ги видат. Јас ги видов колку беа пијани. - изјави Кадиев.

Никој од обвинетите и нивните адвокати вчера не сакаше да даде изјава. За смртта на 32 годишната дојранчанка Маја Кадиева и нејзиното новороденче, кои починаа пред 21 месец, обвинети се анестезиологот Томчо Ванчев и гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов. Четвртиот лекар кој доби обвинение, анестезиологот Зоран Јовановски почина пред да почне судењето.

Извор: ТВ 24

Промовирани огласи »

Јавното претпријатие „Водовод“ соопшти дека по барање на граѓаните е обнована одлуката за ослободување од камата за заостанат долг за вода.

Од претпријатието информираат дека можноста да се плати долгот без камата е со определено времетраење до 1 ноември.

Физичките лица кои имаат заостанат долг од 10 до 30 илјади денари ќе може да го отплатат на четири рати, долг од 30 о 50 илјади на шест рати, од 50 до 70 илјади на осум рати, од 70 до 90 илјади на 10 рати и над 90 илјади на 12 рати.

Компаниите кои имаат долг за вода може да го исплатат на две рати доколку долгот им е од 10 до 50 илјади, на три рати ако долгот е од 50 до 100 илјади, на четири од 100 до 150 илјади, на пет од 150 до 200 илјади и на шест рати над 200 илјади денари.

Ослободувањето од камата нема да важи за државните институции, локални самоуправи итн, велат од Водовод.

Со одлука на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, социјалните категории на граѓани кои имаат заостанат долг може да го отплатат на двојно повеќе рати од предвиденото.

Промовирани огласи »

Европската енергетска заедница и препорачува на Македонија евтината тарифа за струјата да ја воведе само за социјалните категории и за временски период од две години.

Директорот на Секретаријатот на енергетската заедница Јанез Копач, кој денеска имаше средба со членовите на собраниската Комисија за економски прашања, изјави дека деталите околу предлогот на македонската Влада за враќање на евтината тарифа за сите граѓани не му се познати, но оти исклучоци се можни само доколку тие се добро аргументирани, временски ограничени и направените трошоци при реализацијата да бидат платени од буџетот на државата.

Не знам точно каков е тој предлог. Слушнавме дека имало такво нешто во предизборната кампања, но деталите не ги знаеме. Исклучоци се можни, но мораат да бидат многу оправдани, консултирани со Секретаријатот, временски ограничени и направените трошоци да бидат платени од јавниот буџет, а не од други потрошувачи на електричната енергија, нагласи Копач.

Од Владата најавуваат дека предлогот за враќањето на евтината тарифа нема да биде во спротивност со регулативата на Европската унија и оти нема да претставува голем трошок за потрошувачите.

За ова прашање ќе разговарме и сметаме дека нема да биде спротивно со регулативата на Европската унија. Сигурно ќе соработуваме и во изработката на законот, којшто е во драфт верзија, и секако и ова прашање ќе биде регулирано. Се работи за неколку часа кога граѓаните ќе можат да ја користат евтината тарифа. Се работи за мало проширување кое ќе биде значително олеснување за сите граѓани, а најмногу за ранливите категории, изјави Зоран Шапуриќ, министер без ресор во Владата.

Според директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Македонија до пред пет – шест години била лидер во регионот во однос на реформите во енергетскиот сектор, но оти во последните години, како што посочи, ништо не се случувало на овој план. Сепак, Копач е оптимиста во однос на имплементацијата на реформите во енергетскиот сектор.

Се е подготвено. Нацрт-законот е готов, има политичка волја, а присутна е и волјата за реформи така што сум оптимиста во однос на ова, рече Копач, додавајќи дека двете прекршочни постапки што се водат против Македонија ќе бидат разгледани на министерскиот совет што најверојатно ќе се одржи во декември.

Сепак, вели Копач, може дотогаш ќе бидат спроведени реформи во Македонија така што тоа ќе биде беспредметно.

Негово лично согледување е дека приоритет во Македонија во однос на енергетскиот сектор треба да биде зајакнувањето на Министерството за економија со човечки ресурси кои имаат познавања од енергетиката бидејќи во моментот, според него, нема доволно административен капацитет во ова Министерство за да се справи со предизвиците.

Проблемот во Македонија којшто го видов е дека Министерството за економија има многу низок административен капацитет. Имаше многу луѓе кои имаа знаење и кои заминаа во пензија или го напуштија Министерството, така што Министерството е доста слабо во овој поглед. Ова е првиот приоритет за Македонија како држава, односно да го зајакне Министерството за економија со човечки ресурси кои имаат познавања во однос на енергетиката, вели Копач.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »