Промовирани огласи »

Јавното претпријатие „Водовод“ соопшти дека по барање на граѓаните е обнована одлуката за ослободување од камата за заостанат долг за вода.

Од претпријатието информираат дека можноста да се плати долгот без камата е со определено времетраење до 1 ноември.

Физичките лица кои имаат заостанат долг од 10 до 30 илјади денари ќе може да го отплатат на четири рати, долг од 30 о 50 илјади на шест рати, од 50 до 70 илјади на осум рати, од 70 до 90 илјади на 10 рати и над 90 илјади на 12 рати.

Компаниите кои имаат долг за вода може да го исплатат на две рати доколку долгот им е од 10 до 50 илјади, на три рати ако долгот е од 50 до 100 илјади, на четири од 100 до 150 илјади, на пет од 150 до 200 илјади и на шест рати над 200 илјади денари.

Ослободувањето од камата нема да важи за државните институции, локални самоуправи итн, велат од Водовод.

Со одлука на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, социјалните категории на граѓани кои имаат заостанат долг може да го отплатат на двојно повеќе рати од предвиденото.

Промовирани огласи »

Европската енергетска заедница и препорачува на Македонија евтината тарифа за струјата да ја воведе само за социјалните категории и за временски период од две години.

Директорот на Секретаријатот на енергетската заедница Јанез Копач, кој денеска имаше средба со членовите на собраниската Комисија за економски прашања, изјави дека деталите околу предлогот на македонската Влада за враќање на евтината тарифа за сите граѓани не му се познати, но оти исклучоци се можни само доколку тие се добро аргументирани, временски ограничени и направените трошоци при реализацијата да бидат платени од буџетот на државата.

Не знам точно каков е тој предлог. Слушнавме дека имало такво нешто во предизборната кампања, но деталите не ги знаеме. Исклучоци се можни, но мораат да бидат многу оправдани, консултирани со Секретаријатот, временски ограничени и направените трошоци да бидат платени од јавниот буџет, а не од други потрошувачи на електричната енергија, нагласи Копач.

Од Владата најавуваат дека предлогот за враќањето на евтината тарифа нема да биде во спротивност со регулативата на Европската унија и оти нема да претставува голем трошок за потрошувачите.

За ова прашање ќе разговарме и сметаме дека нема да биде спротивно со регулативата на Европската унија. Сигурно ќе соработуваме и во изработката на законот, којшто е во драфт верзија, и секако и ова прашање ќе биде регулирано. Се работи за неколку часа кога граѓаните ќе можат да ја користат евтината тарифа. Се работи за мало проширување кое ќе биде значително олеснување за сите граѓани, а најмногу за ранливите категории, изјави Зоран Шапуриќ, министер без ресор во Владата.

Според директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Македонија до пред пет – шест години била лидер во регионот во однос на реформите во енергетскиот сектор, но оти во последните години, како што посочи, ништо не се случувало на овој план. Сепак, Копач е оптимиста во однос на имплементацијата на реформите во енергетскиот сектор.

Се е подготвено. Нацрт-законот е готов, има политичка волја, а присутна е и волјата за реформи така што сум оптимиста во однос на ова, рече Копач, додавајќи дека двете прекршочни постапки што се водат против Македонија ќе бидат разгледани на министерскиот совет што најверојатно ќе се одржи во декември.

Сепак, вели Копач, може дотогаш ќе бидат спроведени реформи во Македонија така што тоа ќе биде беспредметно.

Негово лично согледување е дека приоритет во Македонија во однос на енергетскиот сектор треба да биде зајакнувањето на Министерството за економија со човечки ресурси кои имаат познавања од енергетиката бидејќи во моментот, според него, нема доволно административен капацитет во ова Министерство за да се справи со предизвиците.

Проблемот во Македонија којшто го видов е дека Министерството за економија има многу низок административен капацитет. Имаше многу луѓе кои имаа знаење и кои заминаа во пензија или го напуштија Министерството, така што Министерството е доста слабо во овој поглед. Ова е првиот приоритет за Македонија како држава, односно да го зајакне Министерството за економија со човечки ресурси кои имаат познавања во однос на енергетиката, вели Копач.

Промовирани огласи »

Москва ги продолжи мерките против Западот откако ЕУ го одобри продолжувањето на своите санкции.

Рускиот претседател Владимир Путин издаде декрет во петокот за продолжување на санкциите против ЕУ до 2018 година, во знак на одмазда за чекорите преземени од страна на Западот по воената интервенција на Кремљ во Украина.

Одлуката на Путин дојде истата недела во која ЕУ официјално го одобри шестмесечното продолжување на санкциите против Русија, што се воведе по нападот и анексијата на Крим и конфликтот во источниот дел на Украина во 2014 година.

Лидерите на ЕУ јасно ставија до знаење дека нема да ги укинат санкциите против Русија сѐ додека не се спроведе мировниот договор Минск 2, постигнат со посредство на лидерите на Франција и Германија, а е договорен од страна на Путин и украинскиот претседател Петро Порошенко.

Додека лидерите на ЕУ продолжуваат да се надеваат, има малку поттик за Русија или Украина да го спроведат мировниот договор Минск 2, оставајќи го конфликтот во источниот регион Донбас да крчка без знаци за крај.

Контра-санкциите на Русија го забранија увозот „на одредени видови на земјоделски производи, суровини и прехранбени производи со потекло од земји кои се одлучиле да воведат економски санкции против“ Русија, руски компании или поединци.

Путин прв наметна мерки во 2014 и 2015 година, како одговор на санкциите на Западот.

Кремљ тврди дека забраната на Европските прехранбени производи помогна да се поттикне домашното производство, но забраната исто така тргна многу популарни производи од полиците на супермаркетите и придонесе за инфлацијата и зголемување на инфлацијата и ги зголеми трошоците за живот.

Промовирани огласи »

Инвеститорот Ворен Бафет може да заработи 12 милијарди долари со еден свој договор, пишува „ Business Insider “.

Бафет инвестираше во „Bank of America“ 5 милијарди долари во 2011-та година само неколку години по светската економска криза и со нов извршен директор на чело.

Вчера Бафет најави дека има намера да превземе нов чекор со што ќе ги продаде 700-те милиони акции на банката кои ги купи по цена од 7.14 долари за готово или за околу 5 милијарди долари.

Акциите на „Bank of America“ се тргуваа вчера на ниво од 24.26 долари за готово, информира „CNBC“.

Само пред неколку дена банката го помина стрес тестот, на кој беа подложени државните банки и веднаш најави зголемување на дивидендата и планови за откуп на сопствени акции.

Квартална дивиденда се зголемува до 12 центи по акција, во споредба со 7,5 центи до овој момент, a во следните 12 месеци ќе бидат откупени акции во вредност 12,9 милијарди долари.

Дивидендите по обичните акции ќе му донесе нови 336 милиони долари на Бафет годишно, додека неговите приходи од дивидендите за привилегираните акции до овој момент изнесуваат 1,5 милијарди долари.

Бафет, кој по само два месеци ќе наполни 87 години денес поседува 76 милијарди долари, што го рангира на четвртата позиција меѓу богаташите во светот. Неговата компанија „Berkshire Hataway“ поседува голем удел и во „Goldman Sachs“, а освен тоа е и најголемиот акционер во „Wells Fargo“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »