Промовирани огласи »

ојузот на синдикати на Македонија денеска излегува на штрајк со кој ќе го изрази незадоволството по однос на недоговореното линеарно покачување на платите за сите по 2 806 денари и утврдување на регрес во јавниот сектор од 30 до 100 проценти од просечната плата.

Како што информираше вчера претседателот на ССМ Дарко Димовски, денеска синдикатите ќе излезат на улица, ќе наредат 120 столчиња пред Собранието, каде од пратениците ќе бараат да го прифатат нивниот амандман на ребалансот на Буџетот за линеарно зголемување на платите за 2 806 денари, како во јавниот, така и во приватниот сектор. 

На тој начин ќе упатиме апел доколку тоа не се случи дека и тие утре можат да бидат дел од нас работниците, кои ќе стојат надвор пред Собранието бидејќи работникот е оној што гласа и во наредните избори ќе биде клучната алка за која партија ќе биде на власт, рече претседателот на ССМ. 

Според Димовски, штрајкот значи прекин на работниот процес за време на работното време на  работното место.

Ние како ССМ не можеме да штрајкуваме во тие одделни институции, ние нашето незадоволство како предводници на овој штрајк ќе го изразиме пред Собранието на РСМ во среда, во четврток тоа ќе го пренасочиме кон Владата, а доколку ниту тогаш не се реши проблемот, тогаш ќе одиме пред Министерството за финансии каде што ќе побараме уште еднаш од министерот Бесими да се преиспита во ребалансот на Буџетот и да не стави како ставка за покачување на плати. Доколку и тоа не се случи, знаете што значи штрајк и кои се последиците, очигледо ќе бараме оставка од некои министри. Тоа е наше легитимно право, рече Димовски.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Способноста да се вози е слобода за која многумина сонуваат. Ќе седнат зад воланот и ќе тргнат да го истражуваат светот на четири тркала. Но, за некои, реалноста да станат легален возач е потешка отколку што би можеле да замислат, со незгодни тестови и многу информации што треба да се научат пред да им биде дозволено да возат.

Меѓутоа, во некои делови на светот, овие тестови се помалку тешки, и ова во комбинација со финансиските трошоци за тестовите може да им олесни на возачите во одредени земји да добијат лиценца. Но, каде во светот е најлесно да се научи да вози?

Гледајќи ги трошоците за тестовите, како и возраста на која ви е дозволено да возите, платформата „Зутоби“ направила анализа на полагањето возачки испит низ светот.

Промовирани огласи »

На денешната седница беше усвоена и Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година, со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.6.2022 година.

Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.6.2021 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2022 година (вторник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2022 година (среда); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2022 година (четврток), и За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.07.2022 година (петок).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »