Промовирани огласи »


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2022 година, изнесува 31 525 денари, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2022 година, во однос на април 2021 година, изнесува 110.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (24,8 отсто), Уметност, забава и рекреација (20,1 проценти) и Административни и помошни услужни дејности (17 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (8,3 отсто), Градежништво (5,6 проценти) и Дејности во врска со недвижен имот (4,5 отсто) - објавува ДЗС.

Минатиот месец ДЗС објави дека нето платата во месец март достигна 31.080 денари.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51% во однос на одлуката од 20.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,537%, кај дизелот зголемување во просек за 0,460%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 0,935 % и кај мазутот намалување во просек за околу 3,484%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,447 ден/кг и сега ќе изнесува 55,291 ден/кг.

Од 23.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95
– 110,00 (денари/литар), Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 112,00 (денари/литар), Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)–110,00 (денари/литар), Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)–107,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС–55,291 (денари/килограм).

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,360 %.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени

Промовирани огласи »

Од утре Општина Карпош започнува со субвенционирање на млади лица за обука на теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола од Б категорија. Субвенционирањето ќе изнесува 50 отсто од сумата која се наплатува за посетување на обука и истиот е утврден како минимална цена по правилникот за минимална цена.

Започнувајќи од оваа година, за прв пат локалната самоуправа воведува новина со која младите лица кои живеат во Карпош се поттикнуваат да полагаат за возачка дозвола. За оваа намена Општината обезбеди финансиска конструкција во висина од 4.000.000 денари. Право на пријавување имаат сите физички лица кои живеат на територија на општина Карпош, кои во оваа 2022 година наполниле 18 години. Јавниот повик ќе трае сé до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена, кој ќе функционира според принципот „прв дојден, прв услужен“, објави локалната самоуправа.

Секое лице кое ќе поднесе барање за субвенционирање на стручен дел од возачка дозвола мора да е жител на општина Карпош, најмалку три години до денот на поднесување на барањето.

Тоа значи дека покрај апликацијата, со копија од личната карта апликантот ќе мора да достави копии од личните карти на своите родители. Ќе се субвенционираат само оние лица кои ќе извршат уплата и ќе посетат обука (теоретски и практичен дел) за полагање на Б возачка категорија во автошкола избрана преку јавниот повик. Притоа, избрани се седум автошколи: СМАРТ ДООЕЛ, Мобилити плус, Боби М, Сигурност ГТБ, Софи скул, Тримоски ДООЕЛ и Шкорпион Едукација Скопје.

Лицето кое ќе аплицира за субвенција треба да приложи лекарско уверение и да уплати за обука во една од наведените авто-школи.

Промовирани огласи »

Обично постојат четири типа на дрес код или корпоративни кодекси на облекување: бизнис формален, деловен професионален, бизнис кежуал и кежуал односно лежерен кодекс.

1. Бизнис формален
Ако работите во правниот сектор, често се среќавате со извршни директори или на друг начин имате висока работна позиција, може да ви биде побарано да дојдете облечени „бизнис формално“. Ова е највисокото ниво на професионално облекување. 

2. Деловен професионален
Едно скалило подолу од „бизнис формален“ дрес код е „деловно професионалниот“ дрес код. Облеката е сè уште уредна, конзервативна и традиционална, но е малку „полабава“ кога станува
збор за бојата или моделот. 

3. Бизнис кежуал
„Бизнис кежуал“ е еден од најчестите кодекси на облекување кој им овозможува на вработените да додадат личност на својата работна облека без да изгледаат непрофесионално. Овде можете да комбинирате многу повеќе во однос на бојата и додатоците. Сепак, терминот „бизнис кежуал“ може да има поинакво значење за различни организации, па затоа е секогаш најдобро е да се проверуваат упатствата со човечки ресурси наместо да се прават претпоставки. 

4. Кежуал или лежерен кодекс
Доколку работите во мала канцеларија или мал бизнис, трикот е да избегнете да бидете премногу лежерни или креативни односно да не експериментирате. Според експертите вашите
соработници донесуваат конкретни проценки за вашата способност врз основа на вашата облека. Со пристигнување на работа во секојдневна облека што е сè уште уредна и соодветна за видот на работата што ја работите, можете да се уверите дека лежерниот кодекс на облекување е сепак удобен но и ви дава можност и одредена слобода во менаџирање на буџетот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »