Обично постојат четири типа на дрес код или корпоративни кодекси на облекување: бизнис формален, деловен професионален, бизнис кежуал и кежуал односно лежерен кодекс.
1. Бизнис формален
Ако работите во правниот сектор, често се среќавате со извршни директори или на друг начин имате висока работна позиција, може да ви биде побарано да дојдете облечени „бизнис формално“. Ова е највисокото ниво на професионално облекување.
2. Деловен професионален
Едно скалило подолу од „бизнис формален“ дрес код е „деловно професионалниот“ дрес код. Облеката е сè уште уредна, конзервативна и традиционална, но е малку „полабава“ кога станува
збор за бојата или моделот.
3. Бизнис кежуал
„Бизнис кежуал“ е еден од најчестите кодекси на облекување кој им овозможува на вработените да додадат личност на својата работна облека без да изгледаат непрофесионално. Овде можете да комбинирате многу повеќе во однос на бојата и додатоците. Сепак, терминот „бизнис кежуал“ може да има поинакво значење за различни организации, па затоа е секогаш најдобро е да се проверуваат упатствата со човечки ресурси наместо да се прават претпоставки.
4. Кежуал или лежерен кодекс
Доколку работите во мала канцеларија или мал бизнис, трикот е да избегнете да бидете премногу лежерни или креативни односно да не експериментирате. Според експертите вашите
соработници донесуваат конкретни проценки за вашата способност врз основа на вашата облека. Со пристигнување на работа во секојдневна облека што е сè уште уредна и соодветна за видот на работата што ја работите, можете да се уверите дека лежерниот кодекс на облекување е сепак удобен но и ви дава можност и одредена слобода во менаџирање на буџетот.