Промовирани огласи »

Многу е важен моментот помеѓу размислување за напуштање на работата и реалното давање на отказ. Тоа е многу тежок период кога повеќето се преиспитуваат, анализираат и сумираат-колку вредат и колку знаат, и што воопшто сакаат.

Тоа е исто така време кога вработените полека почнуваат да истражуваат што се нуди од работа и би сакале да привлечат внимание од работодавците..но не и фирмата за која моментално работите.

LinkedIn одлучи да ја олесни работата. Опцијата се вика “Open Candidate” (отворен кандидат) и ја има токму таа функција-ставање до знаење на работодавецот дека барате нова работа, додека истовремено таа информација е тајна за компанијата за која работите.

Кога ја изберете опцијата “Open Candidate”, можете да дополните и некои конкретни информации за видот на работа кој го барате и на која локација. Можете дури и да напишете краток текст односно порака за работодавецот.

Она што е важно е точно да напишете за која компанија моментално работите, инаку LinkedIn нема да може да ги скрие информациите ( од кој е потребно да се сокријат).

За да ја проверите оваа опција, отворете свој профил и кликнете на „Jobs“ (работи) на врвот. Потоа ќе најдете “Jobs you may be interested in,“ па кликнете на “Update career interests”. Потоа ќе видите на врвот слајдер со упатство  “Let recruiters know you’re open.“  На оваа опција засега можете да и пристапите само на десктоп компјутер, но и преку апликацијата LinkedIn.

Мини-истражувањето покажа дека оваа опција има успех-заинтересираните за нови позиции имаат повеќе шанси да бидат контактирани од работодавецот, а работодавците често им пристапуваат на кандидатите со опцијата “Open Candidate”.

Промовирани огласи »

МПЦ-ОА по бројните критики во јавноста дека Архиепископот г.г. Стефан купил скап глисер со кој плови по Охридското езеро излезе со реакција дека ваквите тврдења не се вистинити.

Епархијата со која раководи Архиепископот, вели дека пловниот објект кој се наоѓа на пристаништето во Калишта на е сопственост на МПЦ, туку на фирмата „Сис Тревал Груп“, а МПЦ отстапила простор за чување на глисерот.

Имено, очигледно е дека на информаторите единствена цел им е да нанесат штета на угледот и достоинството на Црквата, како и на личноста на Архиепископот. Но заради објективната јавност, ниту Скопската епархија ниту Калишкиот манастир немаат нарачано ниту, пак, платено каков било пловен објект. Во конкретниот случај, станува збор за пловен објект кој е сопственост на фирмата „Сис Травел Груп“, донесен на чување во манастирот Калишта, а од сопственикот на фирмата е дадена согласност и манастирот, по потреба, истиот да го користи, посочуваат од МПЦ-ОА. 

Промовирани огласи »

Новата Влада нема да се откаже од даденото ветување за враќање на евтината тарифа за сите граѓани во текот на неделата на неколку часа покрај тарифата за деновите од викендот. Премиерот Зоран Заев останува на ветувањето и покрај препораката на Европската енергетска заедница евтина дневна тарифа да има само за социјално ранливите категории.

Тој рече дека Македонија сѐ додека не влезе во Европската унија може сама да си ја креира енергетската политика и евтина струја во одреден дел од денот ќе има за сите граѓани. Како што кажа Заев, Владата планира тоа да го овозможи преку заштеди во работењето на РЕК Битола. Евтината струја од 13 до 16 часот беше укината во 2012 година.

На новинарско прашање дали поранешниот директор на Српското електростопанство Александар Обрадовиќ ќе биде назначен за директор на ЕЛЕМ, Заев одговори дека конечна одлука не е донесена.

Промовирани огласи »

Ангела Меркел во почетокот на неделата најави воведување на нов закон за доселување на стручни работници со цел програма за отворање на нови работни места и поттик на вработувања. Без разлика на тоа колку оваа вест ги израдувала оние кои планираат да побараат работа во оваа земја, дел од нив можеби ќе се откажат по информацијата која ја објави Дојче веле.

DW направи анализа за тоа како во Германија се живее со просечна плата, и според тие податоци меѓу бараните бранши, градежните инженери заработуваат околу 3 000 евра бруто, што е отприлика 2 000 нето. Архитектите се во рангот на градежните инженери, лекари и математичари и заработуваат по 600, а информатичарите по 300 евра повеќе.

Келнери, готвачи и фризери месечно примаат само 1 000 евра, плус бакшиш. А автомеханичарите, електричарите и молерите околу 1300 евра.

Се повеќе нови гастрабајтери од југоистокот на Европа во Германија работат како негуватели и медицински техничари. Просечната плата на негуватели со искуство изнесува 2400 бруто, што е околу 1600 евра нето.

Од тие пари, на стан и трошоци, зависно од градот на живеење, одат најмалку 600 евра. За храна во просек се издвојуваат 280 евра-по човек, додека месечна карта за јавен превоз чини најмалку 50 до 100 евра.

Во паричникот значи, не останува баш премногу, заклучува DW.

Земајќи ја предвид висината на платата во Македонија и борба на поголем дел од граѓаните да го “истуркаат месецот“ со минимална или плата под просечната, заклучуваме дека Германија и понатаму е Елдорадо.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »