Промовирани огласи »

Штрајкувачкиот одбор​ - Претседателството на ССМ дискутираше за активностите кои се спроведуваат со генералниот штрајк.

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека сите работодавачи треба да ги следат примерите од локално ниво каде што штрајкот е со успех и работниците го добиваат заслуженото и одработеното усогласување на платите за 2.806 денари, што е едно од главните барања и главна причина за штрајкот.

Вработените во јавниот сектор се солидарни како никогаш досега, а работниците ​ во јавниот сектор кои добија усогласување на платите овие три изминати денови штрајкуваат и за работниците кои не добија солидарно усогласување на нивните плати за 2.806 денари.

Незадоволството на работниците од јавниот сектор е огромно и поради тие причини Сојузот на синдикатите на Македонија продолжува и преку други форми на синдикален притисок,​ незадоволството да го изразува на улица.

На 27.06.2022 година ( понеделник) од 07 часот до 10 часот ќе застанеме на влезот на главниот град Скопје на раскрсницата во населба Автокоманда на бул. Александар Македонски со 16 Македонска бригада, а ќе бидат пропуштани само возила на итна медицинска помош, полиција, армија и пожарна.

Пораката ќе биде јасна за пратениците кои не даваат поддршка и глас за предог амандманот на ССМ, зошто работниците не се задоволни од нивната продуктивност и ангажман за надминување на работничките проблеми, а на овој начин пратениците нема да можат да стигнат во Собранието за да наплатат патни трошоци, а истото важи и за владините министри кои се глуви за работниците и работничките барања во оваа криза.

Укажуваме на работниците и на граѓаните однапред да го планираат нивното движење во наведениот период и да ја избегнат раскрсницата на бул. Александар Македонски со 16 Македонска бригада или солидарно да ни се придружат, а можат да ни се придружат и сите работници.
 

Промовирани огласи »

Од 1 јули секое домаќинство ќе може да стави фотоволтаици и да произведува струја, а вишокот да го продава на пазарот. Според експертите ова е добар чекор бидејќи во екот на енергетската криза и енормниот раст на цените на струјата се овозможува поголемо производство на струја, но треба да се има предвид дека освен парите за инвестицијата треба да се соберат куп документи.

Експертите велат дека потребно е да се извади решение од Општината, под услов објектот да е запишан во катастар, да е изваден имотен лист и да има проект за статика на покривната конструкција, бидејќи се става дополнителна тежина на покривот. Да се направи проект за електрика на фотоволтаичната електрана. Сите горенаведени документи со доставуваат до Општината за добивање решение за поставување опрема на покрив. Пријава во „ЕВН дистрибуција“ за добивање точка на приклучок за произведената електрична енергија. Склучување договор со снабдувачот кој ќе го преземе вишокот произведена електрична енергија….

За шесткиловатeн соларен систем, едно домаќинство треба да инвестира од три до четири илјади евра, а инвестицијата се враќа за околу седум години. Додека, пак, на една компанија за да инсталира соларен систем од 20 киловати ѝ се потребни 14.000 евра.Сепак експертите се согласни дека новата регулатива ќе им овозможи на домаќинствата и компаниите да произведуваат електрична енергија и да си ги намалат сметките за струја. Обврска на ЕВН хоум е да ја преземе произведената струја од фотоволтаици и на секои шест месеци ќе треба да се направат дополнителни фактури каде што ќе им се намалат сметките за струја или ќе им се плати за произведената струја од сонцето.

Промовирани огласи »

АД ЕСМ понуди цена на произведената електрична енергија од 48 евра за мегаватчас за периодот јули-декември 2022 година, седум евра повеќе од цената за претходното шестмесечје, јануари-јуни 2022 година кога изнесуваше 41 евра, велат од ЕСМ.

Како што информираат оттаму, корекцијата на цената мора да се гледа во контекст на енормното зголемување на цените на енергенсите на глобално ниво, како и нивната недостапност, особено во период на грејна сезона.

Цените на мазутот, јагленот, гасот и електричната енергија забележуваат исклучително поскапување и тешкотии при набавката, што влијае врз производната цена на електричната енергија од АД ЕСМ, стои во соопштението од ЕСМ.

Дополнуваат дека кога се анализира понудената цена од 48 евра за мегаватчас, треба да се земе предвид дека цените за електрична енергија на берзата HUDEX за периодот јули-декември 2022 година се движат меѓу 320 и 360 евра за мегаватчас.

Доколку АД ЕСМ пресмета пазарна цена кон ЕВН Хоме тогаш крајната цена за граѓаните би била приближна до бројките од берзанските цени, наведуваат во соопштението.

За периодот јули-декември 2022, наведуваат, ЕСМ ќе ги обезбеди вкупните количини на електрична енергија кои му се потребни на ЕВН Хоме, односно 100 проценти да ги покрие потребите на граѓаните и малите потрошувачи (законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60 отсто), како и целосно покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродистрибуција и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО.

Исто така, ЕСМ се обврза да обезбеди и дополнителни 10 проценти енергија доколку ЕВН Хоме го побара тоа во текот на договорниот период, велат од ЕСМ.

Од ЕСМ посочуваат и дека поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар, конзумот на ЕВН Хоме е зголемен за 27 проценти, (деловни субјекти, општини, јавно осветлување), и од тие причини, како што велат, АД ЕСМ го зголеми планот за производство на електрична енергија за 2022 година за 20 отсто од производството во 2021 година.

Дополнителните потреби на ЕВН Хоме и на ЕВН Електродистрибуција ќе ги задоволиме со дополнителна набавка на јаглен за зголемување на производството од термоелектраните Битола и Осломеј, како и обезбедување доволни количини мазут за работа на ТЕЦ Неготино, посочуваат од ЕСМ.

Промовирани огласи »

По одлуката на Врховниот суд на САД почнаа да се затвораат клиниките за абортус.

Во клиниката за абортус Литл Рок во Арканзас, држава која има прописи кои наметнуваат итна забрана во случај на ваква одлука на Врховниот суд, вратата за пациентите се затвори веднаш штом одлуката беше објавена на интернет.

Вработените се јавиле да им кажат на жените дека нивните термини се откажани.

Колку и да се подготвуваме за лошите вести, кога конечно ќе пристигнат, тие удираат силно. Дека треба да им се јавиме на овие пациенти и да им кажеме дека пресудата за Рое против Вејд е поништена е трогателно, изјави медицинската сестра Ашли Хант на Би-Би-Си.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »