Промовирани огласи »

Денеска (26.06.2022) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 98 возачи.

Од нив, 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Промовирани огласи »

Од 2019г АД ЕСМ е гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија во услови на либерализација. Иако законот ни дава можност да испорачуваме енергија од само 60 отсто од потребите на ЕВН Хоме, а другите количини да ги продаваме на слободниот пазар и дополнително да заработуваме, АД ЕСМ повторно ќе испорача 100 отсто за потребите на граѓаните и малите потрошувачи, информираат од државните електрани во своето денешно соопштение. 

Што се однесува до цената, АД ЕСМ понуди пониска цена, од 48 евра за мегаватчас, затоа што со ваква цена ќе има само благо покачување на крајната цена за граѓаните. ЕСМ учествува со околу 32 отсто во цената за крајните потрошувачи.

Цената што ја понудивме е резултат на зголемениот ангажман на вработените, кои со натчовечки напори и деноноќно ангажирање обезбедуваат електрична енергија за граѓаните и фирмите во овие исклучително тешки услови, особено кога има недостаток на мазут и природен гас во Јужна Европа. Резултат е и на оптимизирање на производството, зголемување на производството и намалување на зависноста од набавка на електрична енергија, навремено и квалитетно менаџирање на состојбите, намалување на непродуктивните трошоци, намалување на вкупните трошоци за 15 отсто и во првите 5 месеци од годината заштедени се речиси 50 милиони евра. Така ќе се продолжи и во втората половина од годината.

Во услови кога цените се драстично зголемени и има недостиг на енергенси,  правиме натчовечки напори да се обезбедат дволни количини на јаглен и да се зголеми ископот за зголемено производство на електрична енергија во РЕК Битола и РЕК Осломеј, додека хидропоренцијалот, поради неповолната хидрологија, се чува за баласирање и системски услови, заради стабилно снабдување.

Не е коректно, во услови на енергетска и воена криза во Европа, т.н. експери да внесуваат немир и дезинформации кај граѓаните со неодговорни настапи во јавноста.

ЕСМ покажа дека има капацитет да обезбеди снабдување со електрична енергија, и дека има помош и поддршка од Владата на Р. Северна Македонија, и така ќе продолжиме и во следниот период и претстојната грејна сезона“, се вели во соопштението.

Промовирани огласи »

Во Велика Британија следната недела стапуваат во сила промените на законот со кои е предвидено возач кој во сообраќајна несреќа усмртил друго лице би можел да биде осуден на доживотен затвор.

Измените на Законот за полиција, криминалитет, казни и судови стапуваат во сила на 28 јуни.

Предвидено е судиите да можат да изречат доживотни казни за опасните возачи кои убиле некого во сообраќајот и возачите кои тоа го сториле под дејство на дрога и на алкохол. Максималната казна за оние кои кријат сообраќајна несреќа со смртни последици моментално е 14 години.

Зголемувањето на казните ќе се однесува на прекршоци во Англија, Шкотска и Велс, но не и во Северна Ирска, која има посебни закони за безбедност на патиштата.

Промовирани огласи »

Штрајкувачкиот одбор​ - Претседателството на ССМ дискутираше за активностите кои се спроведуваат со генералниот штрајк.

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека сите работодавачи треба да ги следат примерите од локално ниво каде што штрајкот е со успех и работниците го добиваат заслуженото и одработеното усогласување на платите за 2.806 денари, што е едно од главните барања и главна причина за штрајкот.

Вработените во јавниот сектор се солидарни како никогаш досега, а работниците ​ во јавниот сектор кои добија усогласување на платите овие три изминати денови штрајкуваат и за работниците кои не добија солидарно усогласување на нивните плати за 2.806 денари.

Незадоволството на работниците од јавниот сектор е огромно и поради тие причини Сојузот на синдикатите на Македонија продолжува и преку други форми на синдикален притисок,​ незадоволството да го изразува на улица.

На 27.06.2022 година ( понеделник) од 07 часот до 10 часот ќе застанеме на влезот на главниот град Скопје на раскрсницата во населба Автокоманда на бул. Александар Македонски со 16 Македонска бригада, а ќе бидат пропуштани само возила на итна медицинска помош, полиција, армија и пожарна.

Пораката ќе биде јасна за пратениците кои не даваат поддршка и глас за предог амандманот на ССМ, зошто работниците не се задоволни од нивната продуктивност и ангажман за надминување на работничките проблеми, а на овој начин пратениците нема да можат да стигнат во Собранието за да наплатат патни трошоци, а истото важи и за владините министри кои се глуви за работниците и работничките барања во оваа криза.

Укажуваме на работниците и на граѓаните однапред да го планираат нивното движење во наведениот период и да ја избегнат раскрсницата на бул. Александар Македонски со 16 Македонска бригада или солидарно да ни се придружат, а можат да ни се придружат и сите работници.
 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »