Промовирани огласи »

Некои се здобиле со популарност со достигнувања кои го облагородиле светот, а за некои целта е само да добијат повеќе лајкови.

Меѓу вторите е Кристоф Зицман, кој продава и изнајмува егзотични автомобили, а во слободното време очигледно сака да привлекува внимание. Неодамна учествуваше на „Go Luxury Summer Tour 2022“, а како што веќе најавува името, придружник му беше Bugatti Chiron.


Од само нему познати причини, дошол на идеја да виси до вратата од автомобилот. Ситуацијата ја зачинил со тоа што го правел над канал. И ова не му е прв пат. Иако е тешко да се извлече поука од виденото, нема сомнеж дека дизајнерите навистина размислувале за јачината на секој дел од возилото, вклучувајќи ја и рамката на вратата. Секоја штета што би била предизвикана од ваква вежба секако не би била вклучена во гаранцијата, а поправката би била скапа за сопственикот, како и сѐ што е на тој автомобил.

Промовирани огласи »

SpaceX брзо ја проширува покриеноста на Starlink на глобално ниво. „Старлинк“ сега е и официјално во нашата земја. Компанијата има интерактивна Starlink Coverage Map на својата веб-страница која клиентите можат да ја користат за да видат дали сателитската интернет услуга е достапна во нивниот регион.

Услугата Starlink е активна во 48 сојузни држави на САД. Starlink е исто така достапен во 36 земји, вклучувајќи делови од: Канада, Обединетото Кралство, Германија, Нов Зеланд, Австралија, Австрија, Холандија, Белгија, Ирска, Данска, Чиле, Португалија, Швајцарија, Полска, Италија, Чешка, Шведска, Мексико, Хрватска, Литванија, Шпанија, Словачка, Словенија, Бразил, Бугарија, Романија, Грција, Луксембург, Латвија, Тонга, Унгарија и Украина. SpaceX планира да ја прошири услугата во Африка, Азија и Блискиот Исток во 2023 година. Компанијата веќе има над 500.000 претплатници на Starlink на глобално ниво кои добиваат интернет од околу 2.600 сателити од орбитата на Земјата.

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија денеска излезе со реакција по изгласувањето на законските измени на предлог на Министерството за економија работниците во туристичките места за време на летната сезона да работат во трговските објекти.

ССМ го обвини министерот за економија Крешник Бектеши дека со измените кој ги иницирал, наместо газдите, повторно ќе работат работниците, иако недела е неработен ден. Бектеши вчера објави дека законските измени се усвоени во Собранието. За здружението е симптоматично и тоа што не е променет Законот за работни односи, туку Законот за трговија.„Министерот кој на 2 јануари се фалеше дека недела неработен ден е реалност, на 27 јуни се фали дека сите трговци во туристичките дестинации ќе работат во недела. Трговците можеа и до сега да работат, но самите, но на министерот очигледно не му се допаѓа тоа па сега работниците ќе им работат на трговците. Министерот за економија тргува со човечки судбини, па прашуваме дали на работниците им е потребен министер трговец како него.

Истовремено, потсетуваме дека овластен предлагач на Законот била пратеничката Жаклина Лазаревска, истата пратеничка која за амандманот на ССМ од говорница викаше дека на работниците лесно можеле да им дадат 2806 денари, ама не сакале да им дадат да не ги расипат од многу пари“, реагираат од синдикалниот сојуз.

По ова, ССМ додава дека работниците ќе се запрашаат на кого го даваат својот глас на избори, ако знаат дека сите пратеници сложно се против работниците.

„Работникот памти и ќе врати!!!“, уверуваат од таму.

Промовирани огласи »

Грција есенва би можела повторно да ги воведе ограничувањата и мерките против ковид, доколку тоа биде потребно. Ова го изјави министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис, со оглед на порастот на позитивни случаи и зголемениот број на реинфекции. 

Министерот рече дека на есен се очекува притисок на јавниот здравствен сиситем, поради што во септември постои можност за низа „благи“ мерки за заштита од ковид на одредени категории на граѓани. 

Иако носењето на заштитни маски не е задолжително, Плеврис потсетува на индивидуалната одговорност за носење маски во затворени простории и при масивни собири. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »