Промовирани огласи »

Грција есенва би можела повторно да ги воведе ограничувањата и мерките против ковид, доколку тоа биде потребно. Ова го изјави министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис, со оглед на порастот на позитивни случаи и зголемениот број на реинфекции. 

Министерот рече дека на есен се очекува притисок на јавниот здравствен сиситем, поради што во септември постои можност за низа „благи“ мерки за заштита од ковид на одредени категории на граѓани. 

Иако носењето на заштитни маски не е задолжително, Плеврис потсетува на индивидуалната одговорност за носење маски во затворени простории и при масивни собири. 

Промовирани огласи »

Возрасната дискриминација е лоша за бизнисот не само што ризикувате голема поделба, туку пропуштате голем фонд на таленти од постари работници во вашите практики за вработување. Вие исто така ги пропуштате главните придонеси што постарите работници можат да ги дадат во вашата организација.

Сепак, промените се на повидок. Затоа ја составивме оваа листа од четири работи што можете да почнете да ги правите сега, за да ја спречите „возрасната дискриминација“ на вашето работно место.

1. Обука за дискриминација и различност

Ако сакате да ја заштитите вашата компанија од тврдења за дискриминација по возраст, на вашите претпоставени и вработени им е потребна обука - конкретно за дискриминација и различност.

2. Поставете ги политиките и спроведете ги

Не е доволно да се претпостави дека вашите вработени ќе разберат да не дискриминираат врз основа на возраста. Потребни ви се јасно дефинирани политики. Експертите нагласуваат дека мора да ги информирате сите во вашата организација за политиката, особено новите вработени.

3. Награда врз основа на перформанси

Наместо наградите, унапредувањата или преференцијалниот третман да се засноваат на работното искуство, засновајте ги на перформансите. Експертите препорачуваат вработените да добиваат бенефиции врз основа на нивната вредност за компанијата, а не на нивната возраст.

4. Не пристапувајте кон отпуштања врз основа на возраст или плата

Кога е време за отпуштања или намалување на вработениот персонал, внимавајте да не ги засновате вашите одлуки на возраста. На пример, само затоа што мислите дека некој постар вработен може наскоро да се пензионира, лоша идеја е да го отпуштите поради таа причина.

Најдобар начин да се избегне возрасна дискриминација е да се прифати работната сила со повеќе генерации. Тоа значи да се признае дека сите ваши вработени, без разлика на нивната возраст, можат да придонесат за успехот на вашата организација. Дополнително, тоа значи создавање култура која ги поздравува вработените и ги препознава уникатните предности што ги носат во организацијата - а тоа ја вклучува и нивната возраст.

Доколку активно регрутирате нови кандидати, вашите огласи секогаш можете да ги објавите на КАРИЕРА.мк

Промовирани огласи »

Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија со кој се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, објави на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши.

Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места.

Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои што оваа туристичка сезона ќе ја посетат Северна Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме зголемување на туристичката активност во целата земја. Измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор. Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти, објави министерот.

Согласно најновите измени на Законот за трговија им се дава можност на продавниците, киосците и штандовите во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, да работат во ден недела и на празници.

Воедно, и на слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми после царинските контролни точки и на цветните пазари, им се дава можност да работат во ден недела и на празници

Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.

Промовирани огласи »

БРАКО ДОО се занимава со развој и производство на производи целосно изработени од метал или комбинација на метал и други материјали. 

Моментално има отворено работни позиции за 

ОПЕРАТОР НА МАШИНА,

ИНЖЕНЕР ЗА МАШИНСКО ОДРЖУВАЊЕ,

КОНТРОЛОР ЗА ВЛЕЗНА КОНТРОЛА и

КОНТРОЛОР ЗА ПРОЦЕСНА И ЗАВРШНА КОНТРОЛА.

Сите останати отворени и активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »