Промовирани огласи »

KROMBERG & SCHUBERT е глобална индустриска групација примарно активна во автомобилската индустрија, која ја сочинуваат четири деловни единици: кабли, оn-board мрежи, пластична технологија и мехатроника. Своите производи ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили (VW, BMW, AUDI, Mercedes, Škoda...) и вработува преку 50.000 луѓе ширум светот на повеќе од 40 различни локации. 

Моментално има отворено работни позиции за:

ИНЖЕНЕР ЗА CAD И ТАБЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО

ИНЖЕНЕР ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОЦЕСИ

ДОСТАВУВАЧ НА МАТЕРИЈАЛИ НА ПРОИЗВОДНА ЛИНИЈА,

ТЕХНИЧАР ВО ОДРЖУВАЊЕ,

OFFICER Q CHANGE MANAGMENT

QS MANAGER CUTTING AND PRE-CONFECTION,

QS MANAGER INCOMING INSPECTION,

HR OFFICER,

ТЕХНИЧАР ВО ОДРЖУВАЊЕ,

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО - СКОПЈЕ

Како и сите останати отворени и активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Високата инфлација и нестабилните пазари се причините поради кои луѓето повеќе се под стрес. Многу компании имаат иницијативи за управување со физичката и менталната благосостојба на нивните вработени. Бидејќи финансискиот стрес може да создаде и физичка и ментална болест кај работниците, работодавците треба да додадат иницијативи кои помагаат и за финансиската благосостојба на нивниот тим.

Знајте ги потребите. Помладите работници, милениумците и генерацијата Z, се позадоволни со добивање финансиски насоки и образование за управување со платите, пензионирањето и осигурувањето од нивните работодавци.

Понудете програма за финансиска благосостојба. Експертите велат дека промената на однесувањето е клучот за ослободување од финансискиот стрес за вработените.

Поставете програми за штедење. Компаниите можат да понудат бенефиција за образовниот долг - придонеси што се оданочуваат за да им помогнат на вработените да ги отплатат студентските заеми. Програмата за помош на вработените, вообичаено нуди бесплатни и доверливи проценки за проблемите на вработените, како и нудење советување, упатувања и дополнителни услуги.

Доколку вашето работно место ја зголемува вашата анксиозност, време е да ги погледнете најновите тековни работни позиции ТУКА.

Промовирани огласи »

Комисија за Заразни болести на денешниот состанок констатирала дека има зголемување на бројот на позитивни случаи во однос од минатата недела, зголемувањето изнесува 65.8%.

Воедно констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со боледта) и нема зголемување ниту на бројот на случаи со најлош исход. Согласно овие параметри и земајќи го во превид трендот на зголемување на позитивните случаи во соседните држави и светот потсетуваме на обврската за задолжитенло носење маски во здравствените установи, згрижувачните установи , аптеките и јавниот превоз, велат од таму.

Од таму дополнително препорачуваат до граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да користат општите мерки за лична заштитна, а тие се: заштина маска, одржување растојание и одржување на лична хигиена особено при посета на затворени и невентилирани простории.

Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените на истата ќе донесе советни препораки.

Промовирани огласи »

Некои се здобиле со популарност со достигнувања кои го облагородиле светот, а за некои целта е само да добијат повеќе лајкови.

Меѓу вторите е Кристоф Зицман, кој продава и изнајмува егзотични автомобили, а во слободното време очигледно сака да привлекува внимание. Неодамна учествуваше на „Go Luxury Summer Tour 2022“, а како што веќе најавува името, придружник му беше Bugatti Chiron.


Од само нему познати причини, дошол на идеја да виси до вратата од автомобилот. Ситуацијата ја зачинил со тоа што го правел над канал. И ова не му е прв пат. Иако е тешко да се извлече поука од виденото, нема сомнеж дека дизајнерите навистина размислувале за јачината на секој дел од возилото, вклучувајќи ја и рамката на вратата. Секоја штета што би била предизвикана од ваква вежба секако не би била вклучена во гаранцијата, а поправката би била скапа за сопственикот, како и сѐ што е на тој автомобил.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »