Промовирани огласи »

Од денеска поскапува струјата и почнува да се применува новиот концепт на блок тарифи. Регулаторите уверуваат дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. Не се очекуваат ниту рестрикции на струја, иако не очекува тешка зима.

Блок тарифите ќе важат само за скапата струја, а за евтината нема да има блок тарифи и потрошувачката ќе се плаќа врз основа на разлика. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека доколку не се воведат блок тарифите, цената би се зголемила за 17,74 проценти.

РКЕ воведе концепт на блок тарифи со цел да им се помогне на најранливите категории на потрошувачи, но да им се помогне и на домаќинствата што немаат друг избор и друг начин за греење освен електрична енергија и поради тоа блоковите ги проширивме само во висока тарифа до 1050 киловатчасови. Проверете во која било земја во регионот дали има толку високи блокови. Јас ви тврдам најодговорно и цврсто стојам позади тоа дека блоковите кои се определени во Македонија се највисоки во регионот, изјави вчера во Охрид претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Тој тврди дека кај 59,9 проценти од потрошувачите во зимскиот период зголемувањето ќе биде 6,6 проценти, кај 20-30 проценти ќе биде од 6,6 до 8,7, кај три проценти од 8,7 до 11,2 а кај тие што трошат многу ќе биде од 11,2 до 99-100 проценти.

Опозицијата, пак, смета дека поскапувањето на струјата ќе биде меѓу 17 и 18 проценти. Со новата цена на струјата и новиот тарифен модел, според опозицијата, граѓаните ќе бидат двапати оштетени и ќе горат се што ќе им се најде за да се затоплат оваа зима.

Од Владата не кријат дека не очекува тешка зима, но уверуваат дека рестрикции нема да има. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера од МЕФ Енергетскиот форум во Охрид порача дека се прават сите подготовки од страна на ЕСМ да се зголеми производството на електрична енергија и дека согласно нивниот план веќе е зголемено производството.

И тој е на став дека со концептот на блок тарифи ќе се ублажат последиците од кризата и ќе им се помогне на најранливите категории на граѓани и на домаќинствата кои немаат друг извор на греење, освен електрична енергија.

Во однос на цените, најголемиот товар ќе падне на тие што грејат базени, кои имаат можност да ги плаќаат сметките, коишто трошат колку што трошат 100 просечни домаќинства во државата месечно. Во однос на просечните граѓани, оние кои трошат просечно согласно сите параметри и нивните потреби, за нив можеби ќе има и помали сметки со воведување на блок тарифите. Секако, дека сите треба да бидеме свесни и да се обидеме да заштедиме што повеќе електрична енергија затоа што ова не е криза само на Северна Македонија, туку глобална криза, рече Бектеши.

Според првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, мора да се размислува за градење на капацитети со кои ќе се обезбеди базна енергија бидејќи проблемот со производството на електрична енергија испливал на површина во последниве години на криза.

– Да произведуваме до пет илјади гигават часа на годишно ниво, енергетската криза полесно ќе ја поминевме. Мора сега да размислуваме за иднината, да се градат капацитети и да се обезбеди базна енергија, изјави вчера Бислимоски за Канал 5 телевизија.

За да се зголеми енергетската независност на државата, потребни се инвестиции во сите обновливи извори – фотоволтаици, ветерни електрани и гасни електрани, смета Бислимоски.

Кога ќе го снема јагленот, ние ќе ја изгубиме независноста. Нас, Сонцето ќе ни ја обезбеди независноста во иднина и мора да се градат гасни централи. Од 2006 година, ТЕЦ Неготино го чуваме како споменик, дури сега се стави во функција. Да се направеше на времето ТЕЦ Неготино на гас, ние ќе имавме еден одличен капацитет за базна енергија. Тоа се пропуштените шанси на политичарите кои мора да се надоместат, порачува Бислимоски. 

Промовирани огласи »

Ќе расте сиромаштијата во земјава. Зголемувањето на трошоците за живот, поради секојдневниот пораст на цените на храната, нафтата, поскапата струја и најавата за раст на цената на парното, ќе го големи бројот на лица кои ќе бараат помош од државата. Од министертвото за труд веќе кројат мерки за да им помогнат. Во моментов 36,000 домаќинства живеат од социјална помош, од кои 6.000 се новозапишани од минатата година, кои ја изгубиле работата поради пандемијата.

Од министерството сега не очекуаат толкави бројки, затоа што не с е очекува затврорање на фирмите, туку граѓаните , поради високите цени за живот, ќе немаат пари да го преживеат месецот.

Навистина претстои тешка зима. Затоа заедно со министерот за финансии Бесими планираме пакет мерки кои од септември ќе ги понудиме, за полесно да се справат сите граѓани, посебно оние со социјален ризик., А со министерстовто за економија имаме посебна мерка за енергетската сирошматија, каде се плаќат дел од сметката за струја. Системот на министерството се покажа ефикасен и може да ги апсорбира сите материјално непбезбедени граѓани, изјави Јована Тренчевска, министер за труд и социјална политика.

Според последните податоци на статистиката, во 2020та година четвртина од граѓаните, однсоно 452 илјади живееле под прагот на сиромаштија. Месецот го туркале со 5,600 денари. Сиромаштијата ја чувствуаат најмногу четиричлените семејства но и младите до д 17 години. Инаку, за да се задоволат основните месечни потреби, на едно домаќинство месечно му се потребни речиси над 38, 800 денари.

Промовирани огласи »

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, денеска на прес-конференција го соопшти зголемувањето на цените на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи со новите блок-тарифи од 1 јули.

За сметките во лето за 77,2 проценти ќе има 6,7 проценти покачување, најави Бислимовски.

За 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена ќе се зголеми за 7,4 проценти, објави првиот регулатор.

Според блоковите, до потрошени  210 киловатчасови поскапувањето е 5,5 отсто, понатаму до 630 киловатчасови цената се зголемува за 10,3 проценти, до 1.050 повишувањето на цената продолжува со 18,3 отсто, а се што е над тоа ќе се плаќа со 138,7 отсто зголемување.

Му благодарам на ЕСМ што обезбеди цена од 48 евра по мегаватчас и превземената покривање на загубите во електродистрибутивната мрежа, додаде Бислимовски.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83% во однос на одлуката од 27.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,460%, кај дизелот намалување во просек за 2,480%, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,201% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,032%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 111,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,305 ден/кг.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 106,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 105,00 ден/лит.

Од 30.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,176 %.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »