Промовирани огласи »

EРИ Корпорација ДООЕЛ Битола е компанија со странски капитал и еден од најголемите светски производители и извозници на топлински разменувачи и вентилациски компоненти. 

Моментално е во потрага по

РАБОТНИК ВО ОДРЖУВАЊЕ

АДМИНИСТРАТОР ВО ПЛАНИРАЊЕ И ПРОЦЕСИРАЊЕ НА ПОРАЧКИ

ОПШТ РАБОТНИК

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

АДМИНИСТРАТОР ВО НАБАВКИ

Сите останати отворени и активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Ценејќи ја посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и животните трошоци, „КАМ” веќе во април реализира зголемување на платите на вработените во маркетите за 15%, а во логистиката и транспортот за 13%.

Малопродажниот дисконтен синџир број 1 во земјава, „Кам маркет”, покрај планираното зголемување на платите, на задоволство на вработените, отпочна со исплатата на регресот за годишен одмор за секој вработен во висина од 33.000 денари.

Со ова, само во првиот семестар од годината нето платите на вработените во маркетите просечно се зголемја за 4.000 денари.
Независно од комплексните економски услови „КАМ маркет”, доследно ја спроведува сопствената политика на постојано зголемување на платите и надоместоците на вработените.

Промовирани огласи »

Денот на независноста, кој се слави на 4 јули во САД, го означува раѓањето на државата, односно денот кога САД ја обезбедија независноста од Британската империја.

На денешен ден, 4 јули 1776 година, на континентален конгрес во Филаделфија е усвоена Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави.

Творци на документот главно се Томас Џеферсон, Бенџамин Френклин, Џон Адамс, Роберт Ливингстон и Роџер Шерман. Оригиналниот документ кој бил проследен за печатење е загубен. Документот кој денес е изложен во Националните архиви на САД во Вашингтон е напишан на рака и потпишан од повеќето делегати помеѓу 19 јули и 2 август 1776.

Декларацијата за независност и денес се смета за светилник на американската нација за вредностите кон кои треба да тежнее.

Првата прослава на Денот на независноста се одржала на 4 јули 1777 година во државата Роуд Ајленд со испукување на 13 истрели во чест на 13 поранешни колонии. Оттогаш 4 јули станува голем национален празник, кој и ден-денес се одбележува со паради, забави, семејни веселби, пикници и огномет. Празникот е неработен ден за администрацијата, со тоа што до 1938 година не бил дел од платениот одмор.

Промовирани огласи »

Во петокот во 23.30 часот во полициска станица 21-годишен жител на Скопје пријавил дека бил измамен од А.Ц..

Според пријавеното, на 22.06.2022 на својот фејсбук профил го огласил за продажба возилото ‘мерцедес’ за сума од 55.000 евра, по што на 24.06.2022 му се јавил А.Ц. и побарал да се сретнат и да се договорат да го купи возилото. Како што е пријавено, по неколку средби се договориле да направат размена и А.Ц. да му доплати уште 40.000 евра, информира МВР.

Исто така, според пријавеното, тие направиле и договор за размена, по што ги размениле возилата, но до пријавувањето на настанот А.Ц сѐ уште не му ги дал парите, а по повеќето телефонски разговори одбил да му го врати и возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »