Од првиот квартал 2021 година и истиот квартал од 2022 година, професијата што забележа најостро процентуално зголемување на бројот на вработени лица во ЕУ беа асистенти за подготовка на храна, со пораст од 25,1 процент, со што од речиси 1,1 милион луѓе опфатени во оваа дејност, бројката порасна на речиси 1,4 милиони луѓе.
Второто најголемо зголемување, 15,6 отсто, имало во групата работници за лична услуга, која се однесува на придружници, кондуктери, водичи, готвачи, келнери и шанкери, фризери, козметичари и надзорници во градежништвото и домаќинството. Во првиот квартал 2022 година, оваа професионална група имаше 7,6 милиони работници - се наведува во анализата на европскиот статистички центар „Евростат“.
Интересно е што стручњаците од областа на информатичката и комуникациската технологија се најдоа на третото место, со 9,6 проценти пораст од К-1 2021 до К-1 2022 година. Помеѓу овие два квартали, оваа група (која се однесува на развивачи и аналитичари на софтвер и апликации и професионалци на бази на податоци и мрежи) се зголемила од 4,1 на 4,5 милиони луѓе.
Имаше две професионални групи со зголемување од 9 отсто на бројот на работници од К-1 2021 до К-1 2022 година. Тоа се правни, социјални, културни и поврзани стручни лица (+9,4 отсто), како и менаџери за угостителство, малопродажба и други услуги (+9,1 проценти). Во К-1 2022 година, овие групи броеја со 3,5 и 2,4 милиони работници, соодветно - појаснуваат од Евростат.
Следни на листата водечки професии со најостро процентуално зголемување на бројот на вработени се професионалците од бизнисот и администрацијата (+7,4 отсто), занаетчиството и печатарството (+6,7 проценти), техничари за информации и комуникации (+5,9 отсто), науката и инженерски професионалци (+5,7 проценти) и менаџери за производство и специјализирани услуги (+5,3 отсто).
Спротивно на тоа, работниците во земјоделството, шумарството и рибарството забележаа најзначајно намалување во Европската унија од првиот квартал 2021 до истиот период 2022 година и тоа со високи -12,6 проценти.