Промовирани огласи »

Од денес на КАРИЕРА.мк, сите активни огласи од Леар Корпорејшн

Леар Корпорејшн вработува

Леар Корпорација и КАРИЕРА.мк склучија договор за соработка, сите актуелни огласи од Леар Корпорација веќе можете да ги најдете на нашиот сајт. 
Американската Леар Корпорација официјално е влезена на нашиот пазар на труд. Компанијата почнува со производство на автомобилски навлаки и седишта во нов објект во ТИРЗ во Тетово.

Моментално ги има отворено овие позиции:

ОПЕРАТОР НА МАШИНА ЗА ШИЕЊЕ
ПЛАНЕР ЗА МАТЕРИЈАЛИ

Сите останати активни огласи можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Lear Corporation Macedonia DOOEL Tetovo

Промовирани огласи »

Паркирајте се правилно – ставаме блок или доаѓа „пајак“!

Внимавајте каде паркирате почнаа засилени контроли

ЈП „Градски паркинг“ ги засилува контролите за непрописно паркираните возила при што упатува апел до корисниците да внимаваат на правилата за паркирање, бидејќи би се соочиле со несакани санкции т.е. поставување блокатор на тркало или отстранување со пајак-службата.

Изминатата недела утврдени се повеќе случаи на непрописно паркирани возила, како што се: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина и слично, при што по налог на полиција или комунален инспектор било соодветно постапено – велат од претпријатието. 

До корисниците на паркинг-услугите упатуваат апел да внимаваат на вертикалната и хоризонталната сигнализација и своите возила да ги паркираат исклучиво на паркиралиштата на означени паркинг-места. Воедно, сите корисници навреме да го регулираат плаќањето на паркинг услугата преку СМС-порака или со греб-картичка истакната на предното ветробранско стакло.

Промовирани огласи »

Видео: KARIERA.mk гостин во утринската на Телма

Генералниот менаџер Зорица Бужаровска Бошковска гостин во утринската на Телма

Генералниот менаџер на KARIERA.mk Зорица Бужаровска Бошковска е гостин во утринската на Телма. Зборуваме за трендовите во вработувањето, слободните работни места, недостигот на кадар во угостителството и туризмот и уште многу други теми. Погледнете:

Видео: KARIERA.mk гостин во утринската на Телма

Промовирани огласи »

Еврото ослабе, но може да падне за уште 10 отсто

Eврото паѓа, а доларот расте

Паѓа вредноста на еврото во однос на доларот. 

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се намали од вчерашните 135,75 на 135,35 јени. Но, доларот зајакна во однос на европската валута, и цената на еврото се намали на 1,0145 долари, најниско ниво од крајот на 2002 година.  Притисокот врз еврото е резултат на рекордно високата инфлација и забавувањето на растот на економијата на еврозоната.  Еврото ослабе, но може да падне за уште 10 отсто, објави банката Сосиете Женерал.

foto freepik.com

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »