Промовирани огласи »

ЈП „Градски паркинг“ ги засилува контролите за непрописно паркираните возила при што упатува апел до корисниците да внимаваат на правилата за паркирање, бидејќи би се соочиле со несакани санкции т.е. поставување блокатор на тркало или отстранување со пајак-службата.

Изминатата недела утврдени се повеќе случаи на непрописно паркирани возила, како што се: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина и слично, при што по налог на полиција или комунален инспектор било соодветно постапено – велат од претпријатието. 

До корисниците на паркинг-услугите упатуваат апел да внимаваат на вертикалната и хоризонталната сигнализација и своите возила да ги паркираат исклучиво на паркиралиштата на означени паркинг-места. Воедно, сите корисници навреме да го регулираат плаќањето на паркинг услугата преку СМС-порака или со греб-картичка истакната на предното ветробранско стакло.

Промовирани огласи »

Генералниот менаџер на KARIERA.mk Зорица Бужаровска Бошковска е гостин во утринската на Телма. Зборуваме за трендовите во вработувањето, слободните работни места, недостигот на кадар во угостителството и туризмот и уште многу други теми. Погледнете:

Промовирани огласи »

Паѓа вредноста на еврото во однос на доларот. 

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се намали од вчерашните 135,75 на 135,35 јени. Но, доларот зајакна во однос на европската валута, и цената на еврото се намали на 1,0145 долари, најниско ниво од крајот на 2002 година.  Притисокот врз еврото е резултат на рекордно високата инфлација и забавувањето на растот на економијата на еврозоната.  Еврото ослабе, но може да падне за уште 10 отсто, објави банката Сосиете Женерал.

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Од лани до сега, трошоците за живот пораснале за 14,5% покажаа податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемо зголемување од 31,4% е регистрирано во транспортот, а 20,9% се зголемени цените на храната и безалкохолните пијалаци. 

Од друга страна најмал раст на цените има во категориите „образование“ од 0,4% и „облека и обувки“ со раст само од 1,6%.

Според  поединечните ставки, гасот и течните горива имаат убедливо најголемо зголемување на цената, за скоро 65%. Висок пораст е забележан и кај маслото, кое поскапело за преку 51%. 

Единствени производи на кои во овој период, од лани до јуни 2022 година, им е намалена цената се спортската опрема (-1,6%) и книгите (-1,4%).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »