Промовирани огласи »

Животот некогаш може да стане неподнослив и да ја исцеди твојата енергија во секоја активност без разлика дали е на работа или во бизнисот. Ова се неколку навики кои ќе ви помогнат да завршите повеќе работа со помалку стрес.

Поставувајте си прашања за едноставноста на вашата работа - ако станете нефокусирани: кое е најважното нешто што можам да го направам сега? Дали ова ме доближува до мојата цел? Дали ги одржувам работите екстремно едноставни сега? Со поставување на овој тип на прашања ќе го намалите стресот.

Фокусирајте се на една задача додека работите. Докажано е дека ако се фокусираме на повеќе задачи додека работиме нашиот фокус опаѓа со што би предизвикал дополнителен стрес. Затоа важно е да останеме фокусирани на една задача.

Поставете цврсти граници помеѓу работата и личното време. Вашето лично време треба да биде посветено само на вас и вашиот круг на луѓе. Стресот кај луѓето се зголемува поради тоа што работата ја поврзуваат со личното време и не ги разграничуваат тие две работи.

Какви се вашите начини за справување со стресот на работа?

Промовирани огласи »

Ова се дел од препораките кои денеска Министерството за здравство и Комисијата за заштита на населението од заразни болести ги упатија поради, како што наведуваат, во нашата држава се забележува зголемување на трансмисија на болеста, но и дека ова е општ тренд што не може да се очекува да не одбегне.

Од Министерството за здравство и Комисијата за заштита на населението од заразни болести посочуваат дека активно ја следи состојбата со блеста во земјата, но и активно ги следи состојбите и на европско и светско ниво.

Затоа, иако во моментот состојбата е релативно мирна, со цел да остане таква Министерството за здравство препорачува внимание и преземање мерки за лична заштита. Ова особено се однесува, но не исклучиво, на постарите лица, лицата кои имаат една или повеќе хронични болести, и сите кои имаат намален имунитет поради која било причина, истакнуваат од министерството.

Препорачуваат доколку граѓаните почувствуваат некои од стандардните симптоми (сува кашлица, температура, болки во грло, болки во мускулите и слично) веднаш да побараат помош од матичен лекар и задолжително да носат маска.

 Во Здравствените домови ширум државата веќе е зголемен бројот на термини за тестирање на пациенти, а само во ЗД Скопје тестирање се врши во пет пункта. Исто така, се уште најефикасна заштита од развој на потешки форми на болеста и хоспитализација останува им*низацијата. Така што, за целосно заштитени се сметаат тиe кои имаат примени две дози и дополнителна, т.е. бустер доза. Сите оние кои не се им*низирале или не го завршиле целиот вак цинален циклус, се препорачува истото веднаш да го направат, а кај оние кои поминале четири месеци од бустер дозата им се препорачува и второ бустирање, порачуваат од МЗ.

Потсетуваат дека на сила е се уште обврската за носење маски во јавен превоз, здравствени установи, аптеки и домови за стари лица.

Промовирани огласи »

Собранието со 68 гласа „за“ ги усвои предлог заклучоците поднесени од СДСМ и ДУИ по расправта за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот на ЕУ.

Со усвоените предлог заклучоци и се даваат насоки на Владата за што може да преговара со Европската унија.

Со заклучоците се бара безусловно почитување на јазичните, идентитетските, културните и историските особености на нмакедонскиот народ. Се задолжува Владата во преговарачката рамка македонскиот јазик да биде наведен без какви било додавки и фусности и во текот на прговорите, владата да не прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во преговарачката рамка.

На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а денешната сендица ја следеше и евроамбасадот Дејвид Гир.  

Промовирани огласи »

Со уцени и закани 39-годишен Грк и неговите соработници принудувале странски државјани да работат за него и да продаваат крофни на 19 плажи на Халкидики, без при тоа да постои дозвола од надлежен орган, а со оружје и физичко насилство се справувале со конкуренцијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката полиција разби криминална група во која освен 39-годишниот, учествувале уште 12 други лица, сите грчки државјани на возраст од 17 до 52 години, а се товарат за изнуди, трговија со луѓе и прекршување на неколку закони.

Како што соопштија од грчката полиција, криминалната група за да биде единствена која продаваат на преполните плажи, користеле методи и практики на уцени, односно во најмалку седум случаи употребиле закани по живот, нанесувале телесни повреди и употребиле огнено оружје против други продавачи на крофни, како и кон сопственици на угостителски објекти на плажите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »