Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести в петок ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за состојбата со коронавирусот во државата, потврдија за МИА од Комисијата. Согласно вчерашната статистика, позитивни се 34 проценти од вкупниот број тестирани, а нема починати лица.

До вчера активни беа 1 889 случаи на коронавирусот. Најмногу активни случаи имаше во Скопје – 1045, додека во Крушево, Демир Капија, Македонска Каменица и Пехчево немаше регистрирани случаи на коронавирусот.

Додека во државата состојбата со КОВИД-19 засега е стабилна, регионот се подготвува за новиот бран на вирусот.

Во Бугарија од понеделник се враќа носењето заштитна маска. Како што изјави за БНР главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев, Бугарија се соочува со нов бран на Ковид-19 и варијанта на вирус кој се шири многукратно побрзо, со што мора да бидат подготвени за секоја ситуација.

И во Албанија продолжува трендот на раст на нови случаи на КОВИД-19. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 1 215 случаи на вирусот, или 46,3 отсто од тестираните се позитивни.

Во Австрија драстично се зголемува бројот на новозаразени со коронавирусот и во последните 24 часа се регистрирани 15.149 нови случаи, што е бројка што претходно беше забележана на почетокот на април. Во последните 24 часа починаа девет лица заразени со корона.

Светската здравствена организација апелира дека Ковид-19 сè уште е глобална вонредна состојба, речиси две до две ипол години откако првпат беше прогласена.

Бројот на случаи пријавени во СЗО се зголеми за 30 отсто во последните две недели, иако зголемениот имунитет на населението, главно благодарение на вакцините, значително ги намали хоспитализирањата и смртните случаи“, се вели во соопштението на одборот на СЗО.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом порача дека Ковид-19 е далеку од завршен. Додека вирусот не притиска, ние мора да го потиснеме, додаде тој.

Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против коронавирусот. Чевртата доза можат да ја примат сите граѓани над 18-годишна возраст кои примиле три дози вакцина против КОВИД-19, на сите вакцинални пунктови без закажување. Вакцинацијата со четврта доза, како што соопшти Министерството за здравство, е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.

Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години. Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот Ковид-19. Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против Ковид-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет, велат од Министерството за здравство.  

Промовирани огласи »

Групата АСУРА е најголемиот независен давател на решенија за управување, логистика и работа. 

Моментално ги има отворено овие работни позиции:

ВОДОИНСТАЛАТЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

ТЕХНИЧАР-ЕЛЕКТРИЧАР

ХИГИЕНИЧАР/КА

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ (ХАУСМАЈСТОР)

Како и сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Народната банка изврши дополнително зголемување на каматната стапка на благајничките записи за 0,50 процентни поени со што таа сега е на ниво од 2,5 проценти. Одлуката е донесена на вчерашната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика.

При носењето на одлуката, како што денеска соопшти централната банка, земени се предвид најновите движења на инфлацијата.

Во периодот јануари ‒ јуни 2022 година годишната стапка на инфлација изнесува 10 проценти во просек, што е повеќе во однос на последните проекции. Најголемиот дел од домашната инфлација е резултат на притисокот од увозните цени на храната и енергијата, коишто досега растат посилно од очекуваното. Овие притисоци брзо се прелеваат врз цените и на останатите производи и услуги и дополнително ги подгреваат инфлациските очекувања, се наведува во соопштението.

Од Народната банка информираат дека за првпат по извесно време очекувањата за цените на нафтата и храната на светските пазари се ревидирани надолу и дека во втората половина од годинава се очекува стабилизирање. Сепак, велат од Народната банка, неизвесноста од идните движења на цените на енергијата и храната е нагласена поради случувањата на истокот.

Имајќи ги предвид инфлациските движења, но и движењата на девизниот пазар, Народната банка постојано ги користи сите расположливи инструменти за управување со ликвидноста и за влијание врз каматните стапки. Интервенциите на Народната банка на девизниот пазар, од последниот квартал минатата година па наваму, придонесуваат за намалување на ликвидноста, а за да се одржи нејзиното оптимално ниво се користат и останатите инструменти, како што се депозитот преку ноќ, седумдневниот депозит, репо-операциите и благајничките записи. Во текот на годината, во два наврата беa направени и промени кај инструментот задолжителна резерва заради понасочено делување врз процесот на евроизација, којшто дополнително влијае врз побарувачката на девизниот пазар. Оваа мерка е во склад и со Стратегијата за денаризација на домашната економија, велат од централната банка.

Главниот ризик и понатаму останува неизвесноста поврзана со текот и времетраењето на вое ниот кон фликт на истокот и неговото влијание врз цените и економската активност во глобални рамки, а според Народната банка не треба да се занемарат и риз иците од панде мијата која се уште не е завршена.

Од Народната банка информираат дека за првпат по извесно време очекувањата за цените на нафтата и храната на светските пазари се ревидирани надолу и дека во втората половина од годинава се очекува стабилизирање. Сепак, велат од Народната банка, неизвесноста од идните движења на цените на енергијата и храната е нагласена поради случувањата на истокот.

Во вакви услови уште повеќе доаѓа до израз потребата за водење претпазливи домашни политики. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците поврзани со нив и ќе продолжи со делување користејќи ги сите расположливи инструменти, со цел да се одржи стабилноста на девизниот курс и среднорочната ценовна стабилност, нагласува Народната банка.

Девизните резерви остануваат во сигурна зона, а според првичните податоци за јуни годинава, годишниот раст на вкупните кредити е солиден и е малку над проектираниот, при поумерен раст кај вкупните депозити. Вопрвиот квартал од годинава, активноста во домашната економија остварила реален раст од 2,4 проценти на годишна основа, сличен на остварувањата од претходниот квартал. Расположливите месечни податоци за економската активност за вториот квартал засега упатуваат на слични движења и во овој период.

MИА

Промовирани огласи »

Компанијата Твитер го тужи Илон Маск на суд за прекршување на договорот вреден 44 милијарди долари за купување на социјалната мрежа.

Твитер побара од судот во Делавер да му нареди на најбогатиот човек на светот да го заврши спојувањето по договорена цена од 54,20 долари по акција на Твитер. 

Откако направи јавен спектакл и откако предложи и потоа потпиша договор за спојување пријателски настроен кон продавачот, Маск очигледно верува дека, за разлика од која било друга страна што подлежи на законот за договори во Делавер, тој може слободно да го промени своето мислење, да ја уништи компанијата, да го наруши нејзиното работење, да ја уништи вредноста на акционерите и да си замине, се вели во тужбата, според Ројтерс.

Маск во петокот објави дека се откажува од намерата да ја купи компанијата за 44 милијарди долари, тврдејќи дека Твитер не открил важни информации, како што е специфичниот број на лажни профили и спам мејлови.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »