Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Лето на екстремно високи, зиме на поларни температури. Надворешните услови и височините се огромен ризик фактор по животот и на градежните работници. Тие бараат бенифициран стаж.

Се откачи скелето и почина работник. Градежник го изгуби животот откако малтер падна  врз него. Многу често сме сведоци на  згаснувања на животи и несреќи со тешки последици кои се случуваат на градилиштата.  Последен случај е оној од пред околу една недела,кажаа од синдикатот, каде со повреди се здобиле 4-ца работници, за кои изразија жалење и апелираа да побараат совети и заштита од синдикатот кој би застанал ЗАД нивните барања.

Атанас Трајковски, инженер, претставник на независен синдикат на градежни работници : Ние на градилиште имаме прашина имаме, доаѓаме во допир со бетон арматура, тоа го вдишуваме, јас морам да сум со нив, јас можам да се сокријам, но тие не.

Бенефициран стаж за градежните работници,  минималната сатнина да изнесува 3 и пол евра од работен час, побара независниот синдикат. Градежништвото најзагрозена професија. Градежните работници работат во тешки услови. На големи висини по 10 до 12 часа дневно. Во летниот период на плус 40 целзјусови степени, а во зима и на снег и на магла.

Атанас Трајковски, инженер, претставник на независен синдикат на градежни работници :  Има и други барања, но да не должам многу јас би завршил, затоа што времето е ужасно и можете да замислите како му е на градежен работник...за лето, кога ќе дојде зима ќе дојдеме на снег.)

За маките и барањата на градежните работници е информирано надлежното министерство. Министерката Мила Царовска според Трајковски понудила детална анализа со помош на која ќе им се излезе во пресрет на работниците во градежниот сектор.

Извор - Канал5

Промовирани огласи »

Лоренс Ендик од Кенија, пред 20 години живеел на работ на сиромаштија и се борел со секојдневните проблеми на повеќето африкански земји, како што се гладта и недостигот на вода.

Но, сепак денес, тој благодарение на козите стекна вистинско богатство.

Во рамки на програмата „Фарм Африка“ тој добил некоколку кози и јариња за да почне со нивно одгледување, по што неговото богатство почна да се таложи. Така сега Ендик годишно заработува милиони кениски шилинзи, благдарение на одгледување на козите, објави „Дејли Нејшн“.

Тогаш добив кози само колку да преживееме, но денес заработувам прилично добро. Имам шест деца и благодарение на козите успеав сам да ги школувам и да купам неколку парцели земјиште. Сето тоа ми донесе навистина големо богатство, изјави Ендик за весникот.

Лани само за Божиќ успеал да продаде 75 кози и заработил повеќе од 1,5 милиони шилинзи, односно околу 15.000 долари, што е огромна сума за Кенија.

Како што изјави, тајната на успехот е во посветеност на работата што ја работи, а во неговиот случај и на константно учење, прилагодување на домашни животни и истажување на нивните потреби, со цел да бидат квалитетен производ на пазарот. Бидејќи тој се занимава и со земјоделство, козите од неговата фарма добиваат евтина храна од домашно производство, пради што се меѓу најценетите на пазарот во Кенија.

Промовирани огласи »

Четири месеци по најголемиот грабеж на банка во земјава Основното јавно обвинителство поднесе обвинение за 8 лица. Но, нема никаква информација каде завршија 2 400 000 швајцарски франци и 645 илјади евра. 

Првообвинет е Бобан Смилевски вработен во секторот за трезорско работење и депо. Тој се товари дека со умисла искористувајќи ја позицијата во банката во неколку наврати во периодот од 31 март до 10 април го празнел трезорот со стотици илјади евра, додека второ, трето и четврто обвинетите се обвинети дека му помагале да ги украде парите. 

За останатите 4-ца вработени на одговорни позиции во банката обвинителството оди со обвинителен предлог за несовесно работење во службата.

Грабежот се одвивал етапно во неколку дена, период во кој првообвинетиот тивко и во украсна кеса ги изнесувал парите. Полицијата за кражбата откри на 10 април по што го приведе вработениот во трезорот Бобан Смилевски. По 10-тина дена од МВР објавија дека инволвирани биле и братот на трезористот и уште една вработена на шалтер. 

Но, каде завршија парите и кому му ги предал Смилевски, засега останува мистерија.

Досега во истрагата судот определил забрана за финансиски транскации, а сега обвинителството бара и замрзнување на имот за еден од првите 4-ца обвинети. 

Од Обвинителството информираат дека за тројцата кои и до сега биле во притвор бара Судот да ја продолжи оваа мерка, а за еден обвинет да се продолжат мерките на претпазливост. 

За кривичното дело тешка кражба од за кое се гонат обвинетите во законот е определена затворска казна од 3 месеци до 10 години, за затајувањето предвидено е од 1 до 10 години, а за несовесно работење од 6 месеци до 3 години затвор. 

Овој случај од почетокот го следеа многу контроверзии и многу прашања се уште лебдат во воздух. МВР и Обвинителството по грабежот излегуваа со различни информации и суми на украдени пари, а од двете институции и од банката немаше никакви информации за време на истрагата.

НЛБ банка ја тресат афери

Само еден месец по грабежот, НЛБ банка повторно се најде во центарот на вниманието. Во мај годинава, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет против поранешен и актуелен директор на НЛБ Банка, поранешен министер, адвокат, нотар и други лица, како и едно лице државјанин на Република Словенија за сторени кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари.

Според обвинителството постојат сомненија дека во периодот од 2006 до 2017 година тие основале фирми, подигале кредити и пренесувале пари во Словенија и во австриски фирми кои потоа биле инвестирање во основање нови фирми и се купувал имот во Битола.

Обвинителството за овој предмет се уште нема поднесено обвинение. 

Дали и како се поврзани грабежот и перењето пари и дали можеби зад случаите стојат исти луѓе, засега нема информации.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »