Промовирани огласи »

Почитувани корисници на МојДДВ ве известуваме дека во тек е прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ.
За да може да се скенираат фискалните сметки потребно е во апликацијата во делот ,,ПРОФИЛ,, во прозорчето ,,Тип на баркод скенер,, каде што сега стои ,,Напреден,, да ја изберете опцијатата ,,Основен,,.

Фискалните сметки кои неможе да се скенираат преку опцијата ,,Основен,,, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи.

По завршување на овој процес, Управата за јавни приходи ќе извести, повторно да ја вратите опцијата ,,Напреден,, при скенирање на фискалните сметки.

Појаснување за прилагодувањето, следете ги чекорите.

Промовирани огласи »

Наесен може да има ново поскапување, изјави Штефан Цах, портпарол на австрискиот енергетски концерн ЕВН. Цената на електричната енергија на берзите постојано расте, поради големите горештини и се поистакнатата неизвесност во снабдувањето со гас, и токму од тие причини натамошниот развој на ситуацијата е непредвидлив.

Цах истакна дека поскапувањето на струјата на енергетскиот пазар достигна историски димензии.

Експертите очекуваа дека во текот на летото може да дојде до пад на цената.

Поради зголемувањето на температурата во Европа се намалува и водостојот на реките, што има индиректни последици за производството на електрична енергија, а индиректно го отежнува и транспортот на јаглен. Исто така, поради топлото време отежнато е и разладувањето на капацитетите за производство на електрична енергија.

Промовирани огласи »

До неодамна можеше да се купи нов компактен семеен автомобил за нешто повеќе од 13.000 евра, а денес речиси и да нема автомобили за поприфатлива цена.

Цените на автомобилите скокнаа и до 30 отсто, а судејќи според последните информации, поскапувањата ќе продолжат.

Главен виновник за натамошното поскапување би можело да биде екологијата, односно се построгите стандарди за емисија на штетни гасови. Воведувањето на стандардот Еуро 7 за 2025 година практично значи дека адаптацијата на класичните бензински и дизел мотори би можела да се одрази со поскапување на автомобилите за 3.000 до 5.000 евра.

И тука не станува збор за медиумски шпекулации, туку за оценка на директорот на Фолксваген, Томас Шефер. „Евтините автомобили наскоро целосно ќе исчезнат од пазарот. Со мали автомобили речиси е невозможно да се апсорбираат овие дополнителни трошоци“, изјави Шефер за Welt am Sonntag. И навистина, доколку се оствари ваквото поскапување, тоа би значело дека некои помали автомобили би поскапеле и до 30% само поради стандардот Еуро 7.

Нов автомобил од 10.000 евра веќе е минато, а се предвидува дека во иднина во понудата ќе доминираат електричните автомобили. Фолксваген таму подготвува мал ID.2, а наводно неговата почетна цена нема да надмине 25.000 евра.

Промовирани огласи »

Расте бројот на нови позитивни случаи на Ковид-19 во државата. Комисијата за заразни болести напладне ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за моменталната епидемиолошка состојба, како и за евентуалните препораки.

Комисијата за заразни болести ќе се состане во 12 часот и на состанокот. Ќе се дискутира за епидемиолошката состојба или препораките ќе бидат донесени на утрешниот состанок, во форма на препораки или заклучоци и ќе бидат споделени веднаш по состанокот, изјави вчера за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.

Веќе неколку дена по ред, бројот на новозаразени е над 700, а само вчера од 1.774 тестови се регистрирани 792 нови случаи на Ковид-19. Речиси половина од новозаразените во Скопје. Бројот на активни случаи во моментов е 3.595. Во синоќешниот ковид билтен не беа регистрирани починати лица, но претходниот ден од Ковид-19 починаа две лица, од кои едното на 23-годишна возраст од Свети Николе.

Комисијата за заразни болести на последната седница не донесе дополнителни рестриктивни мерки.

Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Од Комисијата апелираат до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Министерството за здравство минатата недела препорача носење маски во затворени простории при подолг престој и редовно проветрување.

При престојување во затворена просторија подолго време да се носат маски, а лицата од ризичните категории маска минимум ФПП2 или Н95 или ФФП3. Просториите во кои се престојува подолго (канцеларии, занимални во градинки, сали за состаноци и слично), како и спортски објекти, редовно да се провертуваат и да се дезинфицираат. Да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра, соопшти Министерството.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »