Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. 

На територија на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 71 санкција, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за возење под дејство на алкохол,  пет за нерегистрирани возила...

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Промовирани огласи »

Податоците на државниот Институт за статистика, ИНСТАТ, потврдуваат дека во изминатите 7 години во просек годишно Албанија ја напуштаат по околу 37.000 граѓани, односно 1,2 отсто од населението или 101 граѓанин секој ден. 

Според експерти, загрижува фактот дека околу 80 отсто од нив се најактивната возрасна група за работа, 15-44 години. 

Во Албанија се зголемува загриженоста за падот на работната сила, речиси во сите сектори на економијата, но најпогодени се туризмот, земјоделството и услужните дејности. Барањата за работа се помали од понудите на пазарот. Владата треба да промовира политики во споменатите важни сектори што се погодени од таа криза, оценуваат експерти.

Надлежните пак тврдат дека подготвиле повеќе иницијативи, како онаа за младинска гаранција и за унапредување на вработувањето, со цел, главно, да се спречи заминувањето на младите од државата. 

Во првите 6 месеци од годинава во канцелариите за вработување се регистрирани 13.000 барања за работа од 20.000 слободни работни места, а посредувани се 12.000.  

Промовирани огласи »

Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека највисоката просечна нето-плата во мај е исплатена во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 80.804 денари, а потоа следи Продажба на фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 50.529 денари, па Воздухопловен транспорт – 50.340 денари, Останати стручни, научни и технички дејности – 49.264 денари и Управувачки дејности, советување во врска со управување – 47.309 денари. 

Просечната нето плата во месец мај изнесува 31.407 денари, објави Државниот завод за статистика. Во споредба со истиот месец минатата година имаме раст на нето платата во земјава, но во споредба со претходиот месец годинава има благо намалување на платата. 

Претходниот месец, ДЗС пресмета дека просечната платаво месец април изнесувала 31.525 денари.

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Владата ги измени препораките поврзани со топлото време.

На денешната 64-та седница, на предлог на Министерството за здравство, Владата ја измени одлуката во врска со препораките поврзани со високите временски температури.

Според добиените информации од Управата за хидрометеоролошки работи, дека во државава, високи температури се очекуваат и во деновите по 24 јули, Владата донесе одлука за измена на заклучокот од претходната седница, којшто се однесуваше на ослободување одредени категории лица од работни обврски од 21 до 24 јули 2022 година, со тоа што овој рок е продолжен до 27 јули 2022 година. Препораката за ослободување од работни обврски во периодот до 27 јули се однесува на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години. Од оваа одлука, согласно насоките на Народниот правобранител, се иземаат хронично болните лица, велат од Владата.

Другите мерки за заштита на граѓаните од топлото време, донесени на 63 владина седница остануваат на важност.

foto freepik.com

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »