Промовирани огласи »

Владата ги измени препораките поврзани со топлото време.

На денешната 64-та седница, на предлог на Министерството за здравство, Владата ја измени одлуката во врска со препораките поврзани со високите временски температури.

Според добиените информации од Управата за хидрометеоролошки работи, дека во државава, високи температури се очекуваат и во деновите по 24 јули, Владата донесе одлука за измена на заклучокот од претходната седница, којшто се однесуваше на ослободување одредени категории лица од работни обврски од 21 до 24 јули 2022 година, со тоа што овој рок е продолжен до 27 јули 2022 година. Препораката за ослободување од работни обврски во периодот до 27 јули се однесува на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години. Од оваа одлука, согласно насоките на Народниот правобранител, се иземаат хронично болните лица, велат од Владата.

Другите мерки за заштита на граѓаните од топлото време, донесени на 63 владина седница остануваат на важност.

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Не очекува многу тешка и непредвидлива зима на енергетски план, која не зависи само од Северна Македонија или од земјите од регионот, туку зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со војната во Украина. Рестрикции на електрична енергија не се очекуваат, дури и доколку имаме забрана за увоз на електрична енергија и гас во земјава. Во август повторно ќе побараме прогласување на кризна состојба во електроенергетскиот сектор се со цел да имаме можност преку дополнителни мерки да интервенираме во зголемување на производството на електрична енергија од домашни капацитети“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со медиумите на кој информираше за следните чекори и мерки кои ќе бидат превземени се со цел ублажување на ценовните шокови за граѓаните.

Ќе ја имаме најтешката зима, ситуацијата е многу тешка и непредвидлива не зависи само од Северна Македонија и во земјите од регионот туку во зависност од тоа како ќе се одвива војната во Украина. Ние работиме на обезбедување на алтернативни начини за снабдување со енергенси, доколку имаме целосна забрана за увоз на гас за да може да работат и топланите и индустриските капацитети. Во делот на алтернативни извори согласно Законот е предвидено и да може да се префрлат на друг енерегенс  односно на мазут кажа Бектеши.

Во однос на снабдувањето со гас за престојната грејна сезона, министерот кажа дека се прават напори да имаме алтернативни извори за снабдување, со оглед на тоа што Северна Македонија е целосно зависна од руски гас.

Доколку успееме во соработка со Булгаргастранс да ослободиме дел од капацитетите од гасоводот кој што го имаме со Бугарија којшто е целосно закупен од Гаспром, тогаш ќе може во услови доколку Русија ни ги стопре испораките на гас, да се снабдуваме со гас од Азербејџан или Турција„ кажа Бектеши.

Министерот информираше дека од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во текот на вчерашниот ден се обезбедени 100 милиони евра за ликвидноста на АД ЕСМ за да може во текот на годината да има средства да купува електрична енергија доколку има недостаток и да купува јаглен и мазут за домашните капацитети за производство на електрична енергија.

Ќе се купува електрична енергија, но и јаглен и мазут. Планирано е да работат сите три блока во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино, а во моментов треба да ги сочуваме хидроенергетските капацитети за да имаме електрична енергија за зимскиот период, кажа министерот.

Во однос на пакетот на антикризни мерки кој што беше најавен, министерот Бектеши информираше дека Министерството за финансии подготвува нов пакет на мерки, кои би започнале да се применуваат во септември и ќе важат до крајот на годината, а ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани.

Континуирано носиме мерки со цел да не се зголемуваат цените на соновните прехранбени производи како што беа мерките кои на предлог на Министерството за економија на последната седница ги донесе Владата, односно е забрана за извоз на одредени производи и укинување на царина. За директни мерки како директна поддршка, Министерство за финансии е при крај на дизајнирање на нов пакет мерки во соработка со Стопанските комори. Согласно можностите кои ги има државата, мерките ќе бидат таргетирани за ранливите групи на граѓани кои имаат најголема потреба за помош. Таква поддршка ќе има и најверојатно ќе почне да се реализира од септември кажа Бектеши.

Министерот информираше дека следната недела во рамки на иницијативата Опен Балкан во Тирана ќе се одржат работни состаноци со министерите од Албанија и Србија каде се разговара и ќе се предложат мерки се со цел да се задоволат потребите за храна и струја за граѓаните на земјите во регионот.

Промовирани огласи »

Денес  ви ги издвојуваме најпосетените компании:

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници. 

Сите отворени работни позиции и пракса можете да ги најдете ТУКА.

ОЛИМПИА МОТОРС е развојно-ориентирана компанија којашто е плод на долгогодишното искуство на Старт Охрид доо како оснивач и репрезент на Авто бизнисот во Македонија, Овластен сервисер на возилата од марките Opel – лидер на македонскиот автомобилски пазар. 

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

СЕРВИСЕН КОНСУЛТАНТ

Како ИТ компанија, Vox Teneo може да работи преку границите и континентите. Имаме корист од културните разлики и пазарите на кои сме присутни. Vox Teneo е присутен во пет земји: Белгија, Северна Македонија, Индонезија, Луксембург и Сингапур. Благодарение на локациите на нашите канцеларии, Vox Teneo може да работи деноноќно, нудејќи 24/7 поддршка за нашите клиенти и деловни партнери. 

Сите активни работни позиции погледнете ги ТУКА.

Во срцето на Скопје, горди на победничкиот мултикултурен тим и уникатната бизнис култура, во Majorel Македонија ти нудиме извонредни можности за твојата кариера. 

Моментално вработува:

CUSTOMER SERVICE REPRESENTAITVE GERMAN LANGUAGE

IT SPECIALIST

FINANCE CONTROLLER

ФЕРАЛ МЕХАНИКА - Ние сме тим од посветени иноватори со креативен кадар. Нашата компанија е со седиште во источната страна на Скопје, главниот град на Северна Македонија. 

Моментално вработува:

MОНТЕР ЗА ОБРАБОТКА И МОНТАЖА НА АЛУМИНСКИ И МЕТАЛНИ ПРОФИЛИ

Gorenje Group денес претставува – Gorenje апарати за домаќинство - Gorenje d.d. – акционерско друштво со 47 интегрирани претпријатија. Во последниве години, сите овие фирми постигнаа динамичен пораст што резултираше во постојан развој на производите, ширење на производните услуги, ефикасна дистрибуција и продажни мрежи, како и проширување на учеството на пазарот. 

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА МАЛОПРОДАЖБА

БИМА ЛОГИСТИКА специјализирана фирма за увоз и дистрибуција на кондиторија. Застапник на некои од најпознатите светски брендови Елефант, Алро, Корни, Халорен, Ригелајн, Фини и најпознатите македонски брендови - Европа, Јаболчело, 4У кроасани. 

Моментално вработува:

БРЕНД МЕНАЏЕР СКОПЈЕ

КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА РЕГИОН - СКОПЈЕ

Singular е меѓународна компанија за игри и FinTech која континуирано се стреми да гради иновативни производи и да инспирира напредок низ целиот свет. 

Моментално вработува:

INFORMATION SECURITY ENGINEER - SECURITY OPERATIONS

JAVA DEVELOPER

SERVICE DESK SUPPORT ENGINEER

Сите останати активни огласи погледнете ги ТУКА.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42 отсто во однос на вчерашната одлука.

Според РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за два денари и ќе изнесуваат 96,50 и 99 денари.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,5 денари и за ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 97,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 96 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,011 денари и ќе изнесува 52,466 денари.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, посочуваат од РКЕ.

Посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,597 отсто, кај дизелот за 1,488 отсто, кај екстра лесното масло за 1,374 отсто и кај мазутот зголемување за 2,738 отсто. Курсот на денарот, како што навде РКЕ, во однос на доларот во изминатиот период е за околу 0,263 отсто понизок од курсот на доларот  по кој беа формирани цените со претходната пресметка. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »