Промовирани огласи »

Денес  ви ги издвојуваме најпосетените компании:

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници. 

Сите отворени работни позиции и пракса можете да ги најдете ТУКА.

ОЛИМПИА МОТОРС е развојно-ориентирана компанија којашто е плод на долгогодишното искуство на Старт Охрид доо како оснивач и репрезент на Авто бизнисот во Македонија, Овластен сервисер на возилата од марките Opel – лидер на македонскиот автомобилски пазар. 

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

СЕРВИСЕН КОНСУЛТАНТ

Како ИТ компанија, Vox Teneo може да работи преку границите и континентите. Имаме корист од културните разлики и пазарите на кои сме присутни. Vox Teneo е присутен во пет земји: Белгија, Северна Македонија, Индонезија, Луксембург и Сингапур. Благодарение на локациите на нашите канцеларии, Vox Teneo може да работи деноноќно, нудејќи 24/7 поддршка за нашите клиенти и деловни партнери. 

Сите активни работни позиции погледнете ги ТУКА.

Во срцето на Скопје, горди на победничкиот мултикултурен тим и уникатната бизнис култура, во Majorel Македонија ти нудиме извонредни можности за твојата кариера. 

Моментално вработува:

CUSTOMER SERVICE REPRESENTAITVE GERMAN LANGUAGE

IT SPECIALIST

FINANCE CONTROLLER

ФЕРАЛ МЕХАНИКА - Ние сме тим од посветени иноватори со креативен кадар. Нашата компанија е со седиште во источната страна на Скопје, главниот град на Северна Македонија. 

Моментално вработува:

MОНТЕР ЗА ОБРАБОТКА И МОНТАЖА НА АЛУМИНСКИ И МЕТАЛНИ ПРОФИЛИ

Gorenje Group денес претставува – Gorenje апарати за домаќинство - Gorenje d.d. – акционерско друштво со 47 интегрирани претпријатија. Во последниве години, сите овие фирми постигнаа динамичен пораст што резултираше во постојан развој на производите, ширење на производните услуги, ефикасна дистрибуција и продажни мрежи, како и проширување на учеството на пазарот. 

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА МАЛОПРОДАЖБА

БИМА ЛОГИСТИКА специјализирана фирма за увоз и дистрибуција на кондиторија. Застапник на некои од најпознатите светски брендови Елефант, Алро, Корни, Халорен, Ригелајн, Фини и најпознатите македонски брендови - Европа, Јаболчело, 4У кроасани. 

Моментално вработува:

БРЕНД МЕНАЏЕР СКОПЈЕ

КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА РЕГИОН - СКОПЈЕ

Singular е меѓународна компанија за игри и FinTech која континуирано се стреми да гради иновативни производи и да инспирира напредок низ целиот свет. 

Моментално вработува:

INFORMATION SECURITY ENGINEER - SECURITY OPERATIONS

JAVA DEVELOPER

SERVICE DESK SUPPORT ENGINEER

Сите останати активни огласи погледнете ги ТУКА.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42 отсто во однос на вчерашната одлука.

Според РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за два денари и ќе изнесуваат 96,50 и 99 денари.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,5 денари и за ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 97,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 96 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,011 денари и ќе изнесува 52,466 денари.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, посочуваат од РКЕ.

Посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,597 отсто, кај дизелот за 1,488 отсто, кај екстра лесното масло за 1,374 отсто и кај мазутот зголемување за 2,738 отсто. Курсот на денарот, како што навде РКЕ, во однос на доларот во изминатиот период е за околу 0,263 отсто понизок од курсот на доларот  по кој беа формирани цените со претходната пресметка. 

Промовирани огласи »

5000 зачленети компании на KARIERA.mk!

Денес е голем и среќен ден за тимот на KARIERA.mk - Прославуваме 5000 зачленети компании на нашиот сервис во изминатите години! Особено ни е драго што во изминатите години, KARIERA.mk на пазарот се постави како иновативен и поразличен сервис за огласување на слободни работни места кој беше препознат од многу успешни компании од земјата и регионот.

Заштитниот знак на KARIERA.mk e колибрито, најмалата и најприлагодливата птица на овој свет. Со своите фасцинантни способности да се движи флексибилно и да го менува правецот на движење екстремно брзо и лесно, комплетно го прикажува духот на тимот на нашата компанија, млади, брзи и секогаш спремни за промени и прилагодување кон нашите клиенти!

Во изминатите 5ипол години, колку што и нашиот сервис постои во нашата земја, склучивме соработки со 5000 компании, зачленивме 150 000 корисници кои пребарувааат работа и огласивме огромна бројка на слободни работни места во преку 30 категории или сфери на работењето.

Во портфолиото на компании клиенти на KARIERA.mk гордо се запишани од најголеми до најмали компании од сите индустрии. 5000 зачленети компании за нас, претставуваат огромна среќа и поттик за уште повеќе успешни соработка и во иднина. Ги поканувам сите компании кои имаат потреба од проширување на своите тимови, директно да не исконтактираат како би можеле да им го олесниме патот до квалитетен кадар!  Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор на KARIERA.mk

Тимот на KARIERA.mk продолжува да брза кон нови победи, денес истовремено славиме и за 150 илјадитиот зачленет корисник на нашиот сервис што дополнително ни покажува дека соработката со компаниите не доближува и до корисниците кои се во константна потрага за подобра иднина и кариера.

Им благодариме од срце на сите 5000 компании кои ни ја дадоа довербата и ветуваме уште подобри и поинтересни продукти на кои напорно секојдневно работиме за значително да ја олесниме потрагата по одлични апликанти за сите огласи за вработување на нашиот сервис!

КARIERA.mk - Вистинската работа за тебе!

Промовирани огласи »

Државната компанија АД ЕСМ ќе го преземе парното греење во Скопје откако Регулаторната комисија за енергетика ги одзеде лиценците на БЕГ.

Владата ја задолжи ЕСМ да формира свои фирми за оваа дејност.

АД ЕСМ – Скопје да спроведе постапка за основање на трговски друштва за производство на топлинска енергија, за дистрибуција на топлинска енергија и за снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје, чиј основач и единствен содружник ќе биде АД ЕСМ – Скопje. Новооснованите друштва основани од АД ЕСМ – Скопје кои ќе вршат енергетски дејности на подрачјето на Град Скопје се задолжени да се јават во постапката за избор на вршител на енергетска дејност кој што ќе има обврска за обезбедување на јавната, односно универзалната услуга која ја спроведува Владата, велат од Владата.

Огласот за доделување на концесиите за парното греење во Скопје ќе се објави наскоро, а дотогаш БЕГ има обврска да ги снабдува домовите со топлинска енергија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »