Промовирани огласи »

5000 зачленети компании на KARIERA.mk!

Денес е голем и среќен ден за тимот на KARIERA.mk - Прославуваме 5000 зачленети компании на нашиот сервис во изминатите години! Особено ни е драго што во изминатите години, KARIERA.mk на пазарот се постави како иновативен и поразличен сервис за огласување на слободни работни места кој беше препознат од многу успешни компании од земјата и регионот.

Заштитниот знак на KARIERA.mk e колибрито, најмалата и најприлагодливата птица на овој свет. Со своите фасцинантни способности да се движи флексибилно и да го менува правецот на движење екстремно брзо и лесно, комплетно го прикажува духот на тимот на нашата компанија, млади, брзи и секогаш спремни за промени и прилагодување кон нашите клиенти!

Во изминатите 5ипол години, колку што и нашиот сервис постои во нашата земја, склучивме соработки со 5000 компании, зачленивме 150 000 корисници кои пребарувааат работа и огласивме огромна бројка на слободни работни места во преку 30 категории или сфери на работењето.

Во портфолиото на компании клиенти на KARIERA.mk гордо се запишани од најголеми до најмали компании од сите индустрии. 5000 зачленети компании за нас, претставуваат огромна среќа и поттик за уште повеќе успешни соработка и во иднина. Ги поканувам сите компании кои имаат потреба од проширување на своите тимови, директно да не исконтактираат како би можеле да им го олесниме патот до квалитетен кадар!  Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор на KARIERA.mk

Тимот на KARIERA.mk продолжува да брза кон нови победи, денес истовремено славиме и за 150 илјадитиот зачленет корисник на нашиот сервис што дополнително ни покажува дека соработката со компаниите не доближува и до корисниците кои се во константна потрага за подобра иднина и кариера.

Им благодариме од срце на сите 5000 компании кои ни ја дадоа довербата и ветуваме уште подобри и поинтересни продукти на кои напорно секојдневно работиме за значително да ја олесниме потрагата по одлични апликанти за сите огласи за вработување на нашиот сервис!

КARIERA.mk - Вистинската работа за тебе!

Промовирани огласи »

Државната компанија АД ЕСМ ќе го преземе парното греење во Скопје откако Регулаторната комисија за енергетика ги одзеде лиценците на БЕГ.

Владата ја задолжи ЕСМ да формира свои фирми за оваа дејност.

АД ЕСМ – Скопје да спроведе постапка за основање на трговски друштва за производство на топлинска енергија, за дистрибуција на топлинска енергија и за снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје, чиј основач и единствен содружник ќе биде АД ЕСМ – Скопje. Новооснованите друштва основани од АД ЕСМ – Скопје кои ќе вршат енергетски дејности на подрачјето на Град Скопје се задолжени да се јават во постапката за избор на вршител на енергетска дејност кој што ќе има обврска за обезбедување на јавната, односно универзалната услуга која ја спроведува Владата, велат од Владата.

Огласот за доделување на концесиите за парното греење во Скопје ќе се објави наскоро, а дотогаш БЕГ има обврска да ги снабдува домовите со топлинска енергија.

Промовирани огласи »

Спротивно на очекувањата, Xiaomi ќе го претстави својот прв автомобил веќе оваа година.

Мора да се признае дека ќе биде прототип, но наводно целосно функционален, што е изненадување со оглед на тоа што компанијата ги објави своите намери во автомобилскиот свет пред нешто повеќе од половина година. Премиерата е закажана за август годинава, дознава Sina Tech.

Според досегашните информации, зад дизајнот на првиот Xiaomi на четири тркала стои Shanghai HVST Automobile Design, кој зад себе веќе има многу успешни дизајнерски решенија. Само се шпекулира дека може да личи на нивниот концепт WM Maven.

Програмата за развој на автомобили започна во март минатата година и беше најавено дека во проектот првично се инвестирани 1,5 милијарди долари, а во следните 10 години ќе бидат инвестирани уште 10 милијарди долари. Фабриката ќе биде отворена во Пекинг со помош на партнери, а откако ќе биде завршена ќе има годишен капацитет од 300.000 автомобили.

Почетокот на производството се очекува во 2024 година. Xiaomi планира да лансира вкупно четири модели.

Промовирани огласи »

Почитувани корисници на МојДДВ ве известуваме дека во тек е прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ.
За да може да се скенираат фискалните сметки потребно е во апликацијата во делот ,,ПРОФИЛ,, во прозорчето ,,Тип на баркод скенер,, каде што сега стои ,,Напреден,, да ја изберете опцијатата ,,Основен,,.

Фискалните сметки кои неможе да се скенираат преку опцијата ,,Основен,,, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи.

По завршување на овој процес, Управата за јавни приходи ќе извести, повторно да ја вратите опцијата ,,Напреден,, при скенирање на фискалните сметки.

Појаснување за прилагодувањето, следете ги чекорите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »