Барањата на Стопанската комора на Македонија доставени до Владата и надлежните институции од областа на енергетиката се прифатени, и во следниов период ќе бидат реализирани.
Како што посочи претседателот на Македонската енргетска асоцијација при Стопанската комора, Кочо Анѓушев, тие во рамки на комората веќе имале средби на кои било заклучено дека е неопходно да има разговори со Владата и со РКЕ, со цел да им ги презентираат нивните барања.
Низ четири точки накратко би би посочил нашите барања, а првата е преку уредбата за кризна состојба која Владата ја донесе минатата година и со која беше овозможено зелената енергија да се намени за индустријата, но со прекинот на уредбата, таа повторно се врати кај сите корисници. Наша иницијатива е таа енергија повторно се врати само за индустријата, со што македонската економија која е на слободниот пазар би добила некои 7-8 проценти од енергијата на годишно ниво, по некои прифатливи цени. Втора мерка која ја бараме е Владата преку своите компании, пред се МЕПСО, во соработка со Владите од соседните земји, Србија и Бугарија, да искумуницира, во текот на зимниот период не се затворат границите за увоз на електрична енергија, тоа би било исклучително неповолно за целиот енергетски систем и би довело до последици кои би биле посериозни – преудпреди Анѓушев.
Првиот човек на МЕА, додаде дека третото барање е да се зголеми производството на електрична енергија, во насока на зголемено домашно производство.
Разговаравме за повеќе аспекти, меѓу кои за работата на Електростопанство на Македонија, но и за набавка на мазут за работа на ТЕЦ Неготино, со оглед дека цените на берзите на електричната енергија сега се околу 500 евра, станува исплатливо да се произедува енергија од мазут. Да разговараме за навремена набавка на мазут за потребите на Неготино. Во рамки на оваа точка, исто така разговаравме за многу значаен аспект од работењето на енергетскиот систем во земјава, а тоа е работењето на ТЕ-ТО, кој е многу значаен за топлификациониот систем на земјата, да се направат напорти ТЕ-ТО да работи годивнава и за поддршка на парно греењето во градот Скопје, кое е многу значајно, но и за поддршка во производството на електрична енергија. Последна четврта мерка е за регулирање во законот за градење, да се овозможи на индустриски капацитети, со намена Г1, лесна незагадувачка индустрија да поставува фотоволтаици во легална постапка, бидејќи индустријата го има само тој начин да се одбрани од овој ценовен шок од цените на електрична енергија – дополнува Ануѓушев.
Целиот текст прочитајтее го на Фактор.мк