Промовирани огласи »

ЖРСМ Транспорт Ад објави дека железничката линија Скопје - Куманово е во прекин затоа што немало машиновозачи на располагање.

Кумановци и жители на соседните села претходно се пожалија дека извесен период немаат железнички превоз кон Скопје.

Од претријатието кусо информираа дека проблемот е поради недостиг на машиновозачи. Оттаму најавија решавање на проблемот од август, годинава.

Линијата Скопје – Табановце е во прекин од 23.06.2022 година поради недостаток на машиновозачи. Правиме напори линијата Скопје – Табановце – Скопје да се нормализира во август 2022 година, гласи одговорот на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје.

Промовирани огласи »

Барањата на Стопанската комора на Македонија доставени до Владата и надлежните институции од областа на енергетиката се прифатени, и во следниов период ќе бидат реализирани.

Како што посочи претседателот на Македонската енргетска асоцијација при Стопанската комора, Кочо Анѓушев, тие во рамки на комората веќе имале средби на кои било заклучено дека е неопходно да има разговори со Владата и со РКЕ, со цел да им ги презентираат нивните барања.

Низ четири точки накратко би би посочил нашите барања, а првата е преку уредбата за кризна состојба која Владата ја донесе минатата година и со која беше овозможено зелената енергија да се намени за индустријата, но со прекинот на уредбата, таа повторно се врати кај сите корисници. Наша иницијатива е таа енергија повторно се врати само за индустријата, со што македонската економија која е на слободниот пазар би добила некои 7-8 проценти од енергијата на годишно ниво, по некои прифатливи цени. Втора мерка која ја бараме е Владата преку своите компании, пред се МЕПСО, во соработка со Владите од соседните земји, Србија и Бугарија, да искумуницира, во текот на зимниот период не се затворат границите за увоз на електрична енергија, тоа би било исклучително неповолно за целиот енергетски систем и би довело до последици кои би биле посериозни – преудпреди Анѓушев.

Првиот човек на МЕА, додаде дека третото барање е да се зголеми производството на електрична енергија, во насока на зголемено домашно производство.

Разговаравме за повеќе аспекти, меѓу кои за работата на Електростопанство на Македонија, но и за набавка на мазут за работа на ТЕЦ Неготино, со оглед дека цените на берзите на електричната енергија сега се околу 500 евра, станува исплатливо да се произедува енергија од мазут. Да разговараме за навремена набавка на мазут за потребите на Неготино. Во рамки на оваа точка, исто така разговаравме за многу значаен аспект од работењето на енергетскиот систем во земјава, а тоа е работењето на ТЕ-ТО, кој е многу значаен за топлификациониот систем на земјата, да се направат напорти ТЕ-ТО да работи годивнава и за поддршка на парно греењето во градот Скопје, кое е многу значајно, но и за поддршка во производството на електрична енергија. Последна четврта мерка е за регулирање во законот за градење, да се овозможи на индустриски капацитети, со намена Г1, лесна незагадувачка индустрија да поставува фотоволтаици во легална постапка, бидејќи индустријата го има само тој начин да се одбрани од овој ценовен шок од цените на електрична енергија – дополнува Ануѓушев.

Целиот текст прочитајтее го на Фактор.мк

Промовирани огласи »

Рамстор Македонија е ланец од 29 маркети и 1 онлајн маркет кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени. Освен чувствителноста за потребите на потрошувачите, Рамстор има изразена сензибилност за потребите на своите вработени; компанијата ги препознава нивните потенцијали и нуди можности за развој.

Моментално има отворени позиции за:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИТ
ГЛАВЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - СКОПЈЕ
ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИ - СКОПЈЕ

Останатите работни места за аплицирање погледнете ги ТУКА!
 

Промовирани огласи »

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 154-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити на Халкбанк АД Скопје и даде одобрение да ја издаде деветнаесеттата емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.

Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач, односно за  институционалниот инвеститор кој воедно е и акционер на Банката – Халк банка А.Ш. Турција (Türkiye Halk Bankasi Anonim Şirketi), од Република Турција.

Халкбанк АД Скопје издава нови акции заради зголемување на капиталот и обезбедување на оптимална адекватност на капиталот во наредниот период.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »