Промовирани огласи »

Стопанската комора на Република Македонија ќе поднесе повеќе предлози до Министерството за економија за олсенување на дел од условите за продажба на алкохол, особено ограниченото време во продавниците кои во текот на летото е до 21 часот. 

Елена Милевска-Штрбевска, оперативен директор на СКМ порача и дека овие барања ќе бидат дел од иницијативата за изменување на Законот за трговија, со кој се предлага и укинување на обврската за поседување лиценца за продажба на алкохолни пијалаци.

Иницијативата произлегува од барањата на компаниите-членки на Здружението на трговијата и Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија. Во изминатите девет години од примената на овие ригорозни мерки во трговијата беше нанесена голема финансиска штета на трговците на големо и мало, како и на компаниите и домашната индустрија за производство на алкохол, рече Милевска Штрбевска.

Според СКМ, единствена ефикасна мерка која досега била спроведувана е забраната на продажба и точење алкохол на лица под 18 години. Од Комората рекоа дека оваа мерка нема да биде променета.

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи извести дека започнувајќи од денес 10.07.2017 година заклучно со 31.08.2017 година Отсеците за управни работи Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип ќе работат во две смени од 08.30 до 20.00 часот.

Воедно известуваат дека поради зголемен обем на работа, а со цел  да се излезе во пресрет на граѓаните при поднесените барања за издавање на Меѓународни возачки дозволи податокот за проверка на прекршочна санкција “забрана за управување на моторно возило“ во возачката дозвола на барателот ќе може да се обезбеди покрај во подрачните единици на Одделот за граѓански работи и во Овластените правни лица за вршење на технички преглед каде што има упатено работник од министерството.

Промовирани огласи »

Од 1 јули во Хрватска на сила стапуваат поскапи, летни тарифи на патарините за мотоцикли и патнички автомобили на автопатиштата. Патарините до 30 септември ќе бидат за 10 отсто поскапи во однос на зимската тарифа.

Така, според летната тарифа, ако патувате на релација од Загреб до Сплит наместо 24,4 евра, ќе треба да платите 26,8 евра.

Патарината на релација Загреб-Риека ќе чини 10,4 евра, а од Загреб до Осиек ќе се плаќа 18,1 евра.

Како што пишува хрватскиот весник „Вечерни лист“, патарината на некои делови на автопатиштата и по стапувањето во сила на летната тарифа ќе останат исти, додека на некои зголемувањето ќе биде над 10 отсто, што зависи од методологијата на пресметување.

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »