Во магацинот во ГТЦ во Скопје, изнајмен од фирма на Габриел Бајрам, имало најмалку 100 ригови (графички станици) за копање на биткоини кои таму работеле најмалку три години. Каде завршиле „риговите“? МКД.мк разговараше со едно од лицата кои го одржувале овој систем и на кои им било јасно дека тука главниот криминал е кражбата на струја, а не работењето на риговите и копањето на биткоини.
Можам слободно да ви кажам дека само за тој период додека јас бев ангажиран таму биле заработени милиони евра, вели нашиот соговорник.
Според него, во магацинот на сите им било јасно дека тука има класична кражба на струја, затоа што имало човек кој бил одговорен за преврзувањето на жиците за влез на електричната енергија. Само за риговите месечната сметка за струја би требало да биде околу 4 до 5 илјади евра месечно, а уште толку и за накнадно инсталираната климатизација, вели нашиот соговорник кој додава дека во овој период на двапати пријавил во МВР кражба на струја меѓутоа немало никаква реакција.Тоа значи дека годишната вредност на потрошената електрична енергија била околу 120 илјади евра. Оваа сума, се сомневаат од Здружението на граѓани сопственици на деловен простор во ГТЦ 1973, од менаџментот на АД ГТЦ, рамноправно била распределена на нивна сметка. И тоа траело најмалку три години, се до ноември минатата година кога овој скандал беше откриен, но не и затворен со казни за сторителите.
Габриел Бајрам, советникот во Град Скопје од Сојузот на Ромите, коалициски партнер на СДСМ, на 30 јуни бил повикан во полициска станица на распит за кражбата на струја во ГТЦ и копањето на биткоини. Бајрам неколку пати бил повикуван во полициска станица, му биле испраќани покани, но не се појавувал пред службените лица. По ова по него бил распишан централен распис и на 30 јуни бил приведен и спроведен во полициска станица на службен разговор.
Целиот текст прочитајте го на МКД.мк