Промовирани огласи »

Според информациите на Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на мало со автомобилски горива, во јуни годинава, во споредба со истиот месец лани, номинално е зголемен за 70.2%, а реално за 6.9%.

Во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун, пак, прометот е номинално зголемен за 12.2%, но реално е намален за 4.7%,

Во трговија на мало, освен трговија со горива, прометот е номинално зголемен за 7.4%, а реално е намален за 3.8% и во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, прометот е номинално зголемен за 2.8%, а реално намален за 2.7%.

Промовирани огласи »

Aнтикорупциската комисија бара да се укинат вработувањата по етничка припадност. Тврди дека законот се злоупотребува. Според комисијата, кандидатите лажеле за својата етничка припадност само да го добијат вработувањето. Така, двајца се вработиле и во антикорупциска.

Еден кандидат аплицира на пет работни места и на три работни места во истиот оглас се изјаснува различно, онака како што се бара во огласот. Еднаш Македонец, па Албанец, па Ром. Другиот кандидат, се изјаснува како Турчин. По проверка на сите податоци, произлегува дека тие се актуелно вработени во јавниот сектор и веќе еднаш се изјасниле за својата етничка припадност,  едниот како Македонец, другиот како Албанец, изјави Нури Бајрами, член на ДКСК, пренесува Сител.

Од Антикорупциска велат дека тие не се единствени случаи кога кандидатите менуваат етничка припадност за да го добијат работното место. Такви информации имал и директорот на Агенцијата за администрација.

Промовирани огласи »

Во магацинот во ГТЦ во Скопје, изнајмен од фирма на Габриел Бајрам, имало најмалку 100 ригови (графички станици) за копање на биткоини кои таму работеле најмалку три години. Каде завршиле „риговите“? МКД.мк разговараше со едно од лицата кои го одржувале овој систем и на кои им било јасно дека тука главниот криминал е кражбата на струја, а не работењето на риговите и копањето на биткоини.

Можам слободно да ви кажам дека само за тој период додека јас бев ангажиран таму биле заработени милиони евра, вели нашиот соговорник.

Според него, во магацинот на сите им било јасно дека тука има класична кражба на струја, затоа што имало човек кој бил одговорен за преврзувањето на жиците за влез на електричната енергија. Само за риговите месечната сметка за струја би требало да биде околу 4 до 5 илјади евра месечно, а уште толку и за накнадно инсталираната климатизација, вели нашиот соговорник кој додава дека во овој период на двапати пријавил во МВР кражба на струја меѓутоа немало никаква реакција.Тоа значи дека годишната вредност на потрошената електрична енергија била околу 120 илјади евра. Оваа сума, се сомневаат од Здружението на граѓани сопственици на деловен простор во ГТЦ 1973, од менаџментот на АД ГТЦ, рамноправно била распределена на нивна сметка. И тоа траело најмалку три години, се до ноември минатата година кога овој скандал беше откриен, но не и затворен со казни за сторителите.

Габриел Бајрам, советникот во Град Скопје од Сојузот на Ромите, коалициски партнер на СДСМ, на 30 јуни бил повикан во полициска станица на распит за кражбата на струја во ГТЦ и копањето на биткоини. Бајрам неколку пати бил повикуван во полициска станица, му биле испраќани покани, но не се појавувал пред службените лица. По ова по него бил распишан централен распис и на 30 јуни бил приведен и спроведен во полициска станица на службен разговор.

Целиот текст прочитајте го на МКД.мк 

Промовирани огласи »

Рамстор Македонија е ланец од 29 маркети и 1 онлајн маркет кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени. Освен чувствителноста за потребите на потрошувачите, Рамстор има изразена сензибилност за потребите на своите вработени; компанијата ги препознава нивните потенцијали и нуди можности за развој.

МОМЕНТАЛНО ИМА ОТВОРЕНИ ПОЗИЦИИ ЗА:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИТ
ГЛАВЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - СКОПЈЕ
 

Останатите огласи може да ги погледнете ТУКА!

Техномаркет се појави на пазарот како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите. Првата продавница на брендот Техномаркет е отворена во Скопје,на улица Скупи, на површина од 1.750 м2.Набрзо потоа беше отворен и најголемиот продажен салон на Техномаркет во Скопје - кај Градскиот Стадион во Градски Парк и првиот продажен салон надвор од Скопје - во Битола.

МОМЕНТАЛНО ИМА НОВО ОТВОРЕНИ ПОЗИЦИИ:

ПРОДАВАЧ/И
ПРОДАВАЧИ/КИ

Тиго Фајнанс е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица.

МОМЕНТАЛНО ВРАБОТУВА:

ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА ДРАЧЕВО
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ
ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА РАДОВИШ

Сите огласи може да ги видите ОВДЕ 

Ресторанот "Ѕвезден Океан" се наоѓа во срцето на главниот град. На само една минута пешачење од Соборниот храм, позади Домот на градежници едната локација и Сити Мол другата локација ќе ги најдете местата што ги кријат тајните на здравата исхрана.

ВО МОМЕНТОВ ВРАБОТУВА:

ХИГИЕНИЧАР/КА ВО КУЈНА
ШАНКЕР/КА НА БИФЕ СО ГОТОВА ХРАНА
КЕЛНЕР/КЕЛНЕРКА

Подружницата на Mellon Technologies  и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето на имплементацијата на новите технологии, како и квалитетот на контакт центарот и аутсорсинг услугите.

ВО МОМЕНТОВ ВРАБОТУВА:

ТЕХНИЧАР ЗА ПОДДРШКА И СЕРВИС НА ТЕХНИЧКА ОПРЕМА

СГП СОРТИНГ ГРОУП од 2006 година SGP Group ги поддржува компаниите во обезбедување на највисок квалитет на произведени производи.

МОМЕНТАЛНО ВРАБОТУВА:

ВОЗАЧ - Б КАТЕГОРИЈА
ОПЕРАТОР - ЛОКАЦИЈА ВЕЛЕС
ОПЕРАТОР ЛОКАЦИЈА СКОПЈЕ

Приватна агенциjа за вработувања МОТИВИ е основана во ноември 2008 година и поседува лиценца „А„ (највисок ранг на лиценца) за вршење на привремени вработувања и лиценца за посредување при вработување во земјава и странство, издадени од Министерството за труд и социјална политика.

МОМЕНТАЛНО ВРАБОТУВА:

SALES REPRESENTATIVE (REMOTE)
SENIOR SOLUTIONS DEVELOPER
JUNIOR FINANCE ASSISTANT

СИТЕ ОГЛАСИ МОЖЕ ДА ГИ ВИДИТЕ ОВДЕ!

Американската компанија ,,АРЦ Аутомотив’’ е светски производител кој произведува целосна програма на автомобилски инфлатори за воздушни перничиња (возач, патници, странични завеси). Компанијата има 60 -годишна историја.

ВО МОМЕНТОВ ВРАБОТУВА:

ТЕХНИЧАР ВО ЛАБОРАТОРИЈА
ТЕХНИЧАР ВО ОДРЖУВАЊЕ
ОПЕРАТОР НА МАШИНА

Сите работни позиции може да ги видите ТУКА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »