ПАВ Мотиви

ЕМБС: 6429971
Индустрија: Вработување
Адреса: ТЦ Мавровка бр. 7 Лам. Ц, Кат 2, бр. 14
Град: Центар
Телефон: +38923212812
Веб: motivi.mk
Основана во 2008
ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста на градењето на врската помеѓу клиентите и кандидатите, што ни помага да создадеме одлични услови за вработување, а при тоа не компромитирајќи го квалитетот. Резултатот го докажуваме со користење на најновата технологија и со постојано прилагодување на потребите на пазарот.

Приватна агенциjа за вработувања МОТИВИ е основана во ноември 2008 година и поседува лиценца „А„ (највисок ранг на лиценца) за вршење на привремени вработувања и лиценца за посредување при вработување во земјава и странство, издадени од Министерството за труд и социјална политика.

МОТИВИ е сертифицирана компанија и применува најнови стандарди за квалитет, ISO 9001:2015 за стандарди за квалитет, ISO 14001:2015 за унапредување со животна средина, ISO 45001:2018 за здравје и безбедност на вработените, како и најнова сертификација за безбедност на приватност GDPR.

Повеќе од една деценија, Мотиви успешно им служи на некои од најголемите компании на нашиот пазар, опфаќајќи ги фармацевтските гиганти, лидерите во телекомуникации, дистрибутерите на електрична енергија, тутунската индустрија, дистрибутерите на храна и пијалоци, развивачите на софтвер и други даватели на јавни услуги.



барај огласи за вработување » барај останати огласи »