
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »Мотиви Вработување за свој клиент, објавува оглас за вработување на
ДАДИЛКА – негувателка
Дадилката ќе биде вклучена во сите активности коишто се однесуваат на грижа и нега на детето во домот на семејство, вклучувајќи секојдневна (понеделник-петок) грижа и нега на детето, едукативни активности и придружување на детето.
Клучни одговорности на дадилката:
- Грижа и нега на бебе
- Хранење, стерилизација на шишиња
- Подготовка на оброци за детето и хранење
- Бањање, облекување и пресоблекување
- Помош на детето околу лична и општа хигиена
- Организирање на денот
- Овозможување на едукативни игри согласно возраста и развој на детето
- Читање на книги
- Помош околу домашни задачи
- Прошетки
- Одржување на детска соба и простор за играње
Квалификации и вештини:
- Минимум средно образование ( високо образование и насочено образование ќе се смета за предност)
- Одлични комуникациски вештини
- Претходно искуство како негувателка
- Препораки од претходни работодавачи
- Посветеност на професијата, континуирана едукација и напредување
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги проследат на: kariera@motivi.mk со назнака ДАДИЛКА или со порака на Viber: +389 78 479 313
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.
Слични огласи »