
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »Мотиви Вработување за потребите на својот клиент објавува оглас за:
1 (еден) Водоинсталатер (внатрешни и надворешни хидротехнички инсталации)
Главни задачи и одговорности:
- Изведба на внатрешни и надворешни хидротехнички инсталации;
- Работа на градежни објекти во тим од градежни инженери, технички кадар и општи работници;
- Редовна евиденција на материјалите кои што ги вградува на градежните објекти.
Потребни квалификации и знаења:
- Средно образование ССС (машинско, градежно или слично) или KB III степен инсталатер на водовод или KB III степен машинско или градежно училиште;
- Работно искуство од минимум 5 год. на иста или слична позиција;
- Поседување возачка дозвола Б категорија.
Клучни способности:
- Способност за работа во тим со повеќе работници;
- Самоорганизација и самостојност во работата;
- Развиена способност за одржување на високо ниво на квалитет во работењето;
- Самоиницијативност и подготвеност за учење.
Нудиме:
- Можност да сте дел од успешна компанија со утврден имиџ во градежништвото;
- Стабилност, можност за личен развој и надградба на професионален план;
- Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата;
- Динамична средина, полна со интересни предизвици;
- Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции;
- Почеток со работа – веднаш.
Работно време од 08 часот до 16 часот; 40 часа неделно; 8 часа дневно.
Ви нудиме работа во сигурна и стабилна компанија, стимулативна и натпросечна плата, со можност за понатамошно усовршување и напредување.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите може да ги испратат своите биографии (CV), уверение за завршено образование, потврди и др. најдоцна до 30.06.2023 година со назнака “ВОДОИНСТАЛАТЕР” на следниот мејл: [најави се за да го видиш е-маилот]
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Некомплетни и подоцна пристигнати пријави нема да се разгледуваат.
Останати огласи »