Промовирани огласи »

Скопје меѓу најевтините за кирија во Европа: Двособен стан чини 470 евра

Ново истражување на Евростат открива огромни разлики во кириите низ европските метрополи – од 470 евра во Скопје до 3.350 евра во Женева.

Скопје е меѓу најевтините европски метрополи за изнајмување двособен стан, покажува најновото истражување на Евростат. Според анализата, просечната месечна кирија за стан со две спални соби во 40 европски градови се движи од 470 евра во Скопје до 3.350 евра во Женева. Домувањето и комуналните услуги, во меѓувреме, остануваат најголем трошок за домаќинствата во Европската Унија, сочинувајќи речиси една четвртина од вкупните расходи.

Меѓу главните градови, Лондон е најскап со просечна кирија од 3.050 евра, а зад него следуваат Даблин и Стокхолм со по 2.650 евра, како и Осло со 2.550 евра месечно. Во групата на скапи градови се и Париз, Копенхаген, Луксембург, Рејкјавик, Хаг, Берн и Минхен, додека Загреб е вброен меѓу градовите со кирии од 1.500 до 1.750 евра. На дното на листата, покрај Скопје, се и Приштина со 520 евра и Анкара со 770 евра.

Експертите посочуваат дека високите цени се резултат на силна побарувачка, бавен раст на понудата и сè потешки услови за купување недвижности. Иако кириите во Централна и Источна Европа се пониски, тоа не значи дека домувањето е и подостапно, бидејќи и приходите се значително пониски. Истражувањето се однесува на втората половина од 2025 година и опфаќа ненаместени станови со добар или многу добар квалитет, без вклучени комунални трошоци и други давачки.

Тагови: Европа Евростат Скопје стан кирија

Промовирани огласи »

Како да го промените името или презимето во Македонија?

Не ви се допаѓа вашето име или презиме? Законот дозволува промена.

Доколку не сте задоволни од вашето име или презиме, македонското законодавство ви овозможува да го промените преку релативно едноставна административна постапка. За ова е потребно да поднесете соодветна документација и да ги платите предвидените административни такси, кои во редовна постапка не се високи.

Според Законот за лично име, секој полнолетен граѓанин, како и лице постаро од 15 години кое е способно за расудување, има право да побара промена на своето лично име. Притоа, лицето не смее да биде правосилно осудено за одредени кривични дела или против него да се води кривична постапка.

Барањето за промена на име или презиме се поднесува во надлежните служби на Министерството за внатрешни работи.

Најчесто потребни документи се:

  • Важечка лична карта
  • Извод од матична книга на родени
  • Уверение за државјанство
  • Потврда дека не се води кривична постапка
  • Потврда за исполнети даночни обврски, доколку е потребна

Промената на презиме најчесто се бара по склучување или раскинување на брак, но има и случаи кога граѓаните се одлучуваат на ваков чекор од лични, семејни, верски или професионални причини. Законот овозможува промена и повеќе од еднаш, сè додека избраното име не е навредливо, несоодветно или спротивно на законските одредби.

Секоја година стотици граѓани во Македонија ја користат оваа можност за да го усогласат своето лично име со сопствениот идентитет, семејните околности или личните желби.

Промената на име или презиме во Македонија е законски дозволена и достапна за сите граѓани кои ги исполнуваат условите. Со соодветна документација и поднесување барање до надлежните институции, постапката може да се заврши без поголеми административни пречки.

Тагови: документи заштита на лични податоци Министерство за внатрешни работи (МВР) промена на име и презиме

Промовирани огласи »

Апликацијата „МојДДВ“ денеска ќе биде недостапна

Од УЈП апелираат до граѓаните за трпение.

Апликацијата „МојДДВ“ денеска ќе биде привремено недостапна за граѓаните поради планирана техничка надградба, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП). Прекинот ќе започне точно во 12:00 часот.

Од УЈП појаснуваат дека недостапноста се должи на миграција на системот на нова, ИТ инфраструктура, која треба да обезбеди поголема сигурност и подобра достапност на услугата во иднина.

Апликацијата за скенирање фискални сметки ќе биде повторно ставена во функција веднаш штом ќе завршат техничките активности на терен.

Од Управата апелираат до граѓаните за трпение додека трае процесот на модернизација на системот.

Тагови: исплата Мој ДДВ УЈП фискални сметки

Промовирани огласи »

Младите денес заработуваат повеќе од постарите колеги – еве што се промени!

Зошто младите денес заработуваат повеќе од поискусните колеги?

Ново истражување покажува дека припадниците на Генерација Z остваруваат подобри приходи од миленијалците кога се споредуваат на иста возраст. Според анализата на британската фондација „Resolution“, младите кои денес се на почетокот од својата кариера успеваат да заработат повеќе отколку претходната генерација.

Податоците откриваат дека 24-годишниците од Генерација Z имаат околу 12 проценти повисоки неделни примања во споредба со миленијалците кога тие биле на истата возраст. Дополнително, најмладите работници бележат подобри резултати и во однос на неколку постари генерации.

Експертите сметаат дека миленијалците беа силно погодени од глобалната финансиска криза во 2008 година, која го забави растот на платите и ги ограничи можностите за напредок. Од друга страна, Генерација Z влезе на пазарот на труд во поповолни услови.

Особено значителен раст е забележан кај работниците со најниски примања, чии плати пораснале за 36 проценти во периодот од 2012 до 2025 година. Кај младите со просечни примања, растот на заработката изнесува околу 15 проценти.

Сепак, аналитичарите предупредуваат дека позитивниот тренд може да биде загрозен од инфлацијата, послабата економска активност и растот на бројот на млади кои не работат, не се школуваат и не посетуваат обуки. Според податоците на Меѓународната организација на трудот, во светот има околу 262 милиони такви млади лица, што претставува приближно една петтина од младата популација.

Извор: prv.mk

Тагови: генерација Z млади работници колеги постари колеги

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »