Македонија конечно влезе во табелата на земји со примени вакцини и се наоѓа на 99-то место со 1.510 дози кои до сега се администрирале, објави „Блумберг“.
На табелата апдејтувана со денешен датум има 108 земји кои до сега успеале да набават вакцини, а зад Македонија со помалку дози се Парагвај, Египет, Црна Гора, Нов Зеланд, Тајланд, Алжир и други.
Процентот на вакцинирани по глава на жител во Македонија е 0,07 дози на 100 луѓе, што е подобро од некои земји како Јужна Кореја, Јапонија, Иран и Украина, кои имаат повеќе вакцини, но имунизацијата е помалку застапена.
На врвот од табелата по број на администрирани вакцини се САД со 76,9 милиони и дневно вакцинирање на 1,8 милиони жители. Следуваат Кина, Британија, Индија, Турција, Бразил и Израел.