Промовирани огласи »

По влегувањето во Словенија, Хрватска и Србија, германскиот трговски синџир „Лидл“ ќе го отвори својот прв супермаркет и во Македонија, објави специјализираниот портал „Јуропеан Супермаркет Магазин“ (ЕСМ), со седиште во ирскиот главен град Даблин.

Според ЕСМ, германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница во земјава под името „Лидл Северна Македонија“, која ќе биде под надлежност на бугарскиот огранок на „Лидл“ и со неа ќе раководат Милена Драгијска, Бисер Инчовски и Љубомир Хрсев.

Предвидено е „Лидл“ на стартот да инвестира 500.000 евра во земјава.

Според порталот, интересот на „Лидл“ за отворање супермаркет во земјава следи откако неговата продавница отворена во јануари во Врање, привлече голем број купувачи од Македонија, но и од Косово.

Промовирани огласи »

Во Македонија како дадилки најчесто работат жени над 55 години, кои останале без работа бидејќи фирмата во која работеле е во стечајна постапка или биле прогласени за технолошки вишок. Исто така и пензионерките се нафаќаат на ваков ангажман бидејќи пензијата не им стига за живот.

Повеќето родители кои се одлучуваат нивното дете да го чува дадилка велат дека е најтешко да се најде добра и жена од доверба. Кој може да работи како дадилка? Кога родителите бараат бебиситерка се јавуваат многу жени мислејќи дека тоа е лесна работа. Какви треба да бидат реалните очекувања и на дадилките и на семејствата што ангажираат жена за чување?

Периодов тешко се доаѓа до место во градинка, па така многу родители се приморани да имаат дадилка за своите деца. 

Барам жена за чување деца, се почести се периодов ваквите огласи. Родителите велат дека периодов баш поради ситуацијата е тешко да се дојде до таква личност. 

- Веќе два месеци барам жена за моето дете, но не можам да најдам. Првото дете кога го чуваше дадилка беше полесно и за наоѓање и поевтино за плаќање, вели Маја од Скопје. 

Родителите велат дека дадилките го корстат периодов, па така и си дозволија да ја покачат цената. 

-Пред короната, жената што гу чуваше син ми бараше 12.000 денари. Сега за истото чување бара 15.000. Ова не е случај само кај нас, многу пријателки, и мајки по социјалните медиуми коментираат за оваа тема, додава друга мајка. 

- За моето дете нема место во градинка, а јас морам да се вратам на работа. Поради тоа барам дадилка. Плата 20.000, дадилка 15.000, за што да работам јас, додава Вики од Скопје. 

Вера е од Скопје. Таа веќе десет години работи како дадилка. 

- Јас работам за да земам плата. Знам дека 15.000 денари се многу за родителите, но морам и јас да земам барем минимална плата. Периодов, ме бараат на повеќе места. Но, единствено решение е повеќе места во градинките. Не се сите родители спремни да плаќаат дадилка. 

Нови градинки и поголем број на деца кои ќе бидат згрижени бараат родителите. 

Промовирани огласи »

Луѓето се потпираат на говорот на телото за да пренесат, и да прочитаат, помеѓу 60% и 90% од информациите за друго човечко тело (комисиите сè уште не излегуваат со точен број). Тоа значи дека, во најдоброто сценарио, зборовите доставуваат само околу 40% од информациите потребни за целосно разбирање на друга личност.

Телефонските повици и виртуелните интервјуа ја елиминираат или значително ја намалуваат нашата можност да го читаме говорот на телото на лицето со кое разговараме. На регрутерите и менаџерите кои се навикнати да можат лично да се среќаваат со потенцијалните вработени, ова им носи голем број предизвици што можат да ги спречат ефективно да ги проверуваат кандидатите пред да ги вработат.

Намалување на вербалните сигнали

Голем дел од говорот на телото на кандидатот е маскиран за време на видео интервју. Како резултат, регрутерите можат да соберат помалку детали за тоа што кандидатот мисли или чувствува и мора да се потпрат само на она што го кажуваат.

Техничките проблеми се пречка во интервјуто

Во зависност од платформата што ја користите или интернет-конекцијата на секоја личност во интервјуто, може да има проблеми со слаба резолуција, аудио, лош пренос или испрекинат говор. Ова може да ја попречи способноста на кандидатот да се претстави во најдобро светло.

Тешкотии во градењето на односот

Регрутерите и менаџерите за вработување треба да имаат можност да создадат однос со кандидатот за работа за да ја проценат неговата културна подготвеност, соодветноста за тимот и целокупниот карактер. Ова е многу полесно да се направи кога физички ќе се сретнете со кандидатот. Иако во никој случај не е невозможно да се изгради однос преку видео интервјуа, ќе биде потребна поинаква стратегија од онаа што би ја користеле за лично интервју.

Очигледна незаинтересираност

Потребно е многу напор за време на видео повик за да покажете дека сте целосно „присутни“. Обично, тоа значи да бидете сигурни дека одржувате „дигитален контакт со очите“ со регрутерот во текот на целиот разговор. Во реалноста, кандидатите можат да имаат широк спектар на различни поставувања на нивниот компјутер што може да направи да изгледа како да не се ангажирани, а всушност, се. Ова може да му даде лажен впечаток на регрутерот за кандидатот, заснован чисто на погрешно читање предизвикано од медиумот за интервјуто.

Сите горенаведени предизвици се однесуваат на фактот дека видео интервјуата создаваат пречки во читањето на говорот на телото. Тие нудат впечаток од кандидат во реално време, но не даваат вистинска слика за тоа како се чувствува таа личност во моментот како што би ја стекнале за време на разговор лице во лице.

Како резултат, регрутерите треба да најдат начини да прочитаат каков говор на тело гледаат, а исто така треба да водат сметка за медиумот преку кој го гледаат кандидатот. 

Промовирани огласи »

Државата да престане да ги казнува граѓаните и фирмите се до оној момент кога ќе успее да набави вакцина за заштита од корона вирусот. Ова преку фејсбук статус го побара доскорешните пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски. 

Да престанат сите казни и ограничувања спрема граѓаните, фирмите и правните субјекти се додека државата не набави вакцини. Не може сите да бидат казнувани и ограничувани ако не си ја исполнат својата обврска, а државата да биде имун и да биде заштитена, напиша Димовски. 

Со Короната, единствен фактор кој целосно и комплетно не е на ниво на опасноста, не си ни фирмите, ни граѓаните, државата е Државата не си ја обавува со Устав и закони дадената ОБВРСКА да се грижи за здравјето на граѓаните, додаде Димовски во својата фејсбук објава. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »