Промовирани огласи »

Државата да престане да ги казнува граѓаните и фирмите се до оној момент кога ќе успее да набави вакцина за заштита од корона вирусот. Ова преку фејсбук статус го побара доскорешните пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски. 

Да престанат сите казни и ограничувања спрема граѓаните, фирмите и правните субјекти се додека државата не набави вакцини. Не може сите да бидат казнувани и ограничувани ако не си ја исполнат својата обврска, а државата да биде имун и да биде заштитена, напиша Димовски. 

Со Короната, единствен фактор кој целосно и комплетно не е на ниво на опасноста, не си ни фирмите, ни граѓаните, државата е Државата не си ја обавува со Устав и закони дадената ОБВРСКА да се грижи за здравјето на граѓаните, додаде Димовски во својата фејсбук објава. 

Промовирани огласи »

Во пошта повторно може да се плаќаат сметки. Повторното функционирање на платниот промет во единиците на поштенската мрежа на АД „Пошта на Северна Македонија“ утре ќе биде официјално означено.

Платниот промет во првата недела ќе биде достапен во повеќе единици на Пошта и тоа: Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на месец март услугата ќе биде достапна и во сите останати единици на Пошта, односно на повеќе од 300 точки низ целата држава.

Голем број на граѓани и компании изминатиов период апелирале до Пошта побрзо да ја воспостави оваа услуга бидејќи постојат многу места низ земјата каде шалтерите на Пошта се единствената физичка опција за вршење на трансакции од платниот промет.

Според најавите од Халкбанк освен стандардните банкарски услуги, банката-партнер ќе понуди и други услуги кои освен за нивните коминтенти, ќе бидат достапни и за сите кои ги користат услугите на „Пошта“.

Инаку, над 870 вработени во „Пошта“ целосно или делумно извршуваат работни обврски поврзани со обезбедувањето на услуги од платниот промет. Според договорот, 71 отсто од остварениот приход ќе биде наменет за државната пошта, а 29 отсто за Халкбанк.

Промовирани огласи »

Од министерството за здравство денеска во писмен одговор на поставеното прашање на канал 5 велат дека нема откажување на одговорот.

Авансната уплата која Министерството за здравство ја изврши за набавка на вакцината Синофарм, по барање на кинеското Министерство за надворешни работи беше повлечена заради усогласување на документација, на нашето МНР и МНР на Народна Република Кина. Разговорите се во завршна фаза, не станува збор за откажување на договорот, вакцините против Ковид 19 од производителот Синофарм во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја.

Вчера опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ објави дека имаат информации дека е вратен авансот кој владата го платила до кинеската фирма. Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека имаат информација дека Македонија нема да ги добие кинеските вакцини во наредниот период.

Филипче вчера на прес конференција во Гостивар потеницраше дека продолжуваат преговорите со сите компании за вакцина. Од Фајзер се уште се чекал драфт договорот, а интезивно се преговарало само со руската компанија за влез на 100илјади вакцини. Македонија од Кина очекува 200 илјади вакцини. Досега пристигнаа 8190 вакцина на Фајзер, што ги донираше Србија за Македонија. Со овие вакцини се вакцинираат здравствените работници кои работат со ковид пациенти.

Промовирани огласи »

Лани во текстилниот сектор без работа останале 6.783 работници. 

Пандемијата скрати 6783 работни места во текстилниот сектор, покажа анализата на истражувачкиот тим на Здружението за истражување и анализа (ЗМАИ)-Скопје.  

Дури 15 проценти од младите учествуваат во невработеноста. Сознанијата покажуваат дека скоро во сите општини бројот на нови невработени лица по основ на одјавување од задолжително социјално осигурување кои доаѓаат од текстилната индустрија се зголемува, стои во анализата на ЗМАИ. Нивното истражување покажува дека пет општини со највисок пораст на невработеноста се: Штип, Тетово, Скопје, Прилеп и Куманово. Во овие пет општини текстилната индустрија е и најразвиена и има најмногу активни субјекти. Кај младите лица до 29 години, бројот на невработени се зголемува. Петте општини со највисок пораст на невработеноста кај младите се: Штип, Струмица, Радовиш, Прилеп и Кочани.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »