Промовирани огласи »

Секој македонски државјанин кој не си е задоволен со своето име или презиме и сака да го промени во друго, тој може да го стори тоа едноставно, со поднесување неколку документи и трошок не повисок од околу 300 денари за потребните барања, заедно со административните такси.

Оваа цена е за оние кои поднесуваат барања кои се во редовна постапка. За оние кои тоа го сакаат по брза постапка или институциите на системот им го наложуваат тоа, цената не е драстично поголема.

Законот за промена на лично име, меѓу другото, дозволува промена на сопственото име дури и безброј пати, се додека избраното име некого не го повредува.

На овој чекор годишно во Македонија се одлучуваат неколку стотици сограѓани.

Право на промена на лично име имаат сите постари од 15 години кои се способни за расудување, не се осудувани и против нив не се води кривична постапка.

Барањето се поднесува во матичните служби на Министерството за внатрешни работи, а потребна документација е лична карта, уверение од управа за приходи дека нема даночни долгови, извод од матична книга на родени, државјанство и уверение дека нема истрага против него.

- Најчесто презимиња менуваат жените кои се разведуваат, но има случаи и поради промена на верата, националноста или за да се вклопи во околината. Исто така, на децата им ги сменуваат имињата поради утврдување или оспорување на мајчинство или татковство, како и по посвојување на деца, но во овие случаи можна е само промена на презимето, велат официјални извори.

Невообичаени и егзотични имиња бараат некои уметници, но тоа главно се стандардни имиња.

Промовирани огласи »

А1 Телеком Австрија соопшти дека нејзиниот македонски огранок оне.Вип во првата половина од 2019 година остварил профит пред исплата на камати, даноци и амортизација (ЕБИТДА) од 22 милиони евра, што претставува раст од 9,4 отсто во споредба со истиот период лани.

Вкупниот приход на оне.Вип во првите шест месеци од годинава се зголемил за 3,4 проценти на 59,6 милиони евра.

Во вториот квартал од 2019 година, профитот ЕБИТДА на оне.Вип се намалил за 5,8 отсто на годишно ниво на 10,9 милиони евра, додека приходот во истиот период пораснал за еден процент на 29,3 милиони евра.

Во соопштението на А1 Телеком се посочува дека на крајот на јуни годинава, оне.Вип имал вкупно 1,08 милиони претплатници на безжичен интернет, што претставува раст од 0,2 проценти во споредба со истиот период лани.

Промовирани огласи »

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија овозможува преку својата веб-страница пристап на осигурениците до нивните регистрирани податоци во матичната евиденција.

Врз основа на лично брање ќе може да се спроведе непосреден увид во податоците како што се: стажот, платата и слично.

Податоците се добивааат во форма на преглед на регистрирани податоци потпишан со дигитален сертификат на овластено лице, којшто досега се добиваше исклучиво  на шалтерите на Фондот.

Добиениот преглед ќе има карактер на јавна исправа и осигуренците ќе можат да го искористат пред другите надлежни институции каде што има потреба да се потврдува утврдениот стаж на осигурување.

Со оваа услуга се подига квалитетот на работењето на Фондот, во согласност со современите развојните трендови за електронски пристап до информации.

За кого се однесува услугата?

Оваа услуга е наменета за сите осигуреници кои имаат регистрирани податоци за стажот на осигурување, платите, надоместоците на плата, односно основиците на осигурување.

Како се обезбедува услугата?

За да се стане корисник на оваа услуга, потребно е корисничко име и лозинка, кое може да се добие со поднесување на БАРАЊЕ до филијалите, или деловниците на Фондот. Образецот на барањето може да се преземе и од веб-страницата на Фондот: www.piom.com.mk, односно линкот Е – услуги.

Пополнетото БАРАЊЕ се поднесува лично на шалтерите, со документ за лична идентификација на увид (лична карта, или патна исправа). Врз основа на поднесеното барање се добива корисничкото име и лозинка, со кои потоа осигуреникот може да ги следи своите податоци преку интернет, пишува Правдико.

Промовирани огласи »

Неправилностите од почетокот на мерката „Мој ДДВ“ граѓаните ги пријавуваат на бројот 198, соопшти УЈП.

Од 1 јули 2019 година, најзабележителни се пријавите за неиздавање на фискални сметки, како и за сметки коишто граѓаните не можат да ги скенираат.

Најголем дел од пријавите се однесуваат на ресторани, маркети, мини маркети, колонијални продавници, фризерски студиа и друго.

Некои правни лица се пријавувани и по повеќепати, а има и општини за кои граѓани тврдат дека речиси ниту едно правно лице не издава фискални сметки.

Најмногу пријави за недоследности има на територијата на Скопје и тоа најчесто во општините Аеродром, Центар, Чаир и други.

Во општина Аеродром на 198 граѓаните граѓани пријавиле неиздавање на фискална сметка во продавници за храна, фризирско студио, кафе бар и други, кадешто граѓани или не добиле фискална сметка или им била издадена невалидна.

Во општина Чаир граѓани се пожалиле дека не добиле фискална сметка во слаткара, механичарски сервис, бутик и други.

Во повеќе делови од Скопје пријавени се недоследности при издавањето на фискалните сметки од страна на механичарски сервис, гостилница, трафика, бутик, перална за автомобили и други.

Во општина Тетово граѓанин дојавил дека му била издадена фискална сметка за купен телефон, а неколку граѓани пријавиле дека фискални сметки не издаваат бензиска пумпа, неколку маркети и кафе барови.

Јавување за недоследности во повеќе продавници и кафе барови пријавиле и граѓани на Крива Паланка.

Граѓаните ја известиле Управата за јавни приходи и за нерегуларности и во општина Охрид. Фискална сметка не им била издадена во ресторан и на место каде се продавале билети на настан.

Во општина Прилеп, граѓаните се соочиле со неиздавање на фискални сметки во продавница за храна, како и со издавање на невалидни фискални сметки од страна на мини маркет.

Во општина Свети Николе, граѓаните наишле на повеќе фискални сметки коишто се со испрекинат бар код поради што не може да се вчита, а фискалните сметки им биле издадени во маркет.

Бледи фискални сметки, со нечитлив бар код забележале и граѓаните од Битола, Куманово и од повеќе делови од Скопје за што пријавиле на 198.

Во Струмица пријавени се недоследности кај колонијал којшто според пријавата на граѓани не издава фискални сметки како и стовариште.

Од повеќе граѓани до Управата за јавни приходи граѓаните од општина Дебар стигнаа реакции за неиздавање на фискални сметки од страна на кафе барови и бутик.

На 198 граѓани пријавиле и нерегуларности при плаќање услуга во угостителски објект во Галичник.

Се почести се јавувањата за купување на производи од продавници коишто своите производи ги нудат и преку интернет, најчесто облека за што на граѓаните нарачаниот производ им се доставува без да им биде издадена фискална сметка.

Мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ е од корист и на граѓаните и на државата. Оваа мерка значително ќе помогне и во намалувањето на сивата економија.

Согласно пријавите и по службена должност Управата за јавни приходи ќе спроведе интензивни контроли со цел проверка и утврдување на фактичката состојба на терен.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »