Промовирани огласи »

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија овозможува преку својата веб-страница пристап на осигурениците до нивните регистрирани податоци во матичната евиденција.

Врз основа на лично брање ќе може да се спроведе непосреден увид во податоците како што се: стажот, платата и слично.

Податоците се добивааат во форма на преглед на регистрирани податоци потпишан со дигитален сертификат на овластено лице, којшто досега се добиваше исклучиво  на шалтерите на Фондот.

Добиениот преглед ќе има карактер на јавна исправа и осигуренците ќе можат да го искористат пред другите надлежни институции каде што има потреба да се потврдува утврдениот стаж на осигурување.

Со оваа услуга се подига квалитетот на работењето на Фондот, во согласност со современите развојните трендови за електронски пристап до информации.

За кого се однесува услугата?

Оваа услуга е наменета за сите осигуреници кои имаат регистрирани податоци за стажот на осигурување, платите, надоместоците на плата, односно основиците на осигурување.

Како се обезбедува услугата?

За да се стане корисник на оваа услуга, потребно е корисничко име и лозинка, кое може да се добие со поднесување на БАРАЊЕ до филијалите, или деловниците на Фондот. Образецот на барањето може да се преземе и од веб-страницата на Фондот: www.piom.com.mk, односно линкот Е – услуги.

Пополнетото БАРАЊЕ се поднесува лично на шалтерите, со документ за лична идентификација на увид (лична карта, или патна исправа). Врз основа на поднесеното барање се добива корисничкото име и лозинка, со кои потоа осигуреникот може да ги следи своите податоци преку интернет, пишува Правдико.

Промовирани огласи »

Неправилностите од почетокот на мерката „Мој ДДВ“ граѓаните ги пријавуваат на бројот 198, соопшти УЈП.

Од 1 јули 2019 година, најзабележителни се пријавите за неиздавање на фискални сметки, како и за сметки коишто граѓаните не можат да ги скенираат.

Најголем дел од пријавите се однесуваат на ресторани, маркети, мини маркети, колонијални продавници, фризерски студиа и друго.

Некои правни лица се пријавувани и по повеќепати, а има и општини за кои граѓани тврдат дека речиси ниту едно правно лице не издава фискални сметки.

Најмногу пријави за недоследности има на територијата на Скопје и тоа најчесто во општините Аеродром, Центар, Чаир и други.

Во општина Аеродром на 198 граѓаните граѓани пријавиле неиздавање на фискална сметка во продавници за храна, фризирско студио, кафе бар и други, кадешто граѓани или не добиле фискална сметка или им била издадена невалидна.

Во општина Чаир граѓани се пожалиле дека не добиле фискална сметка во слаткара, механичарски сервис, бутик и други.

Во повеќе делови од Скопје пријавени се недоследности при издавањето на фискалните сметки од страна на механичарски сервис, гостилница, трафика, бутик, перална за автомобили и други.

Во општина Тетово граѓанин дојавил дека му била издадена фискална сметка за купен телефон, а неколку граѓани пријавиле дека фискални сметки не издаваат бензиска пумпа, неколку маркети и кафе барови.

Јавување за недоследности во повеќе продавници и кафе барови пријавиле и граѓани на Крива Паланка.

Граѓаните ја известиле Управата за јавни приходи и за нерегуларности и во општина Охрид. Фискална сметка не им била издадена во ресторан и на место каде се продавале билети на настан.

Во општина Прилеп, граѓаните се соочиле со неиздавање на фискални сметки во продавница за храна, како и со издавање на невалидни фискални сметки од страна на мини маркет.

Во општина Свети Николе, граѓаните наишле на повеќе фискални сметки коишто се со испрекинат бар код поради што не може да се вчита, а фискалните сметки им биле издадени во маркет.

Бледи фискални сметки, со нечитлив бар код забележале и граѓаните од Битола, Куманово и од повеќе делови од Скопје за што пријавиле на 198.

Во Струмица пријавени се недоследности кај колонијал којшто според пријавата на граѓани не издава фискални сметки како и стовариште.

Од повеќе граѓани до Управата за јавни приходи граѓаните од општина Дебар стигнаа реакции за неиздавање на фискални сметки од страна на кафе барови и бутик.

На 198 граѓани пријавиле и нерегуларности при плаќање услуга во угостителски објект во Галичник.

Се почести се јавувањата за купување на производи од продавници коишто своите производи ги нудат и преку интернет, најчесто облека за што на граѓаните нарачаниот производ им се доставува без да им биде издадена фискална сметка.

Мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ е од корист и на граѓаните и на државата. Оваа мерка значително ќе помогне и во намалувањето на сивата економија.

Согласно пријавите и по службена должност Управата за јавни приходи ќе спроведе интензивни контроли со цел проверка и утврдување на фактичката состојба на терен.

Промовирани огласи »

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот(АППТ), Љупчо Јаневски истакна дека земјава во првиот квартал во оваа 2019 година ја посетиле 232.530 туристи. 

Тој e оптимист дека и годинава бројот на туристи во земјава ќе се зголеми, иако според нивните информации и анализи процентот за разлика од минатите години би бил помал и би се движел од 3 до 5 отсто.

Во првите три месеци од годинава е забележан раст за 30 отсто на туристите од Полска, потоа следуваат туристите од Грција со раст од 29 проценти, Хрватска, Бугарија и Романија.

Јаневски истакна дека АППТ ќе се фокусира на Гастрономијата како понуда за туристите и дека дополонително ќе ја претстават Македонија како туристичка дестинација на саемот во Лондон.

Тој најави освојување нови пазари и надминување на предизвиците. Иако постои желба за промоција на кинескиот пазар има само еден водич кој знае кинески. 

„Северна Македонија – Вашата дестинација!“ е новото мото со кое земјава ќе се промовира на странските пазари. 

Најбарани  дестинации од страна на туристите во земјава и годинава се Скопје и Охрид.

Но, Крушево минатата година бележи раст од 50% на туристи, поради како што истакна првиот човек на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот атрактивниот Мечкин камен за параглајдеристите. Оваа дестинација за овие луѓе кои го сакаат овој авантуристички спорт е идеална за параглајдеристите како од земјава, така и од Европа, но и од светот.

Промовирани огласи »

„Нестле“ најде начин да направи чоколада без додавање на шеќер, што претставува еден вид револуција во прехранбената индустрија.

Компанијата за храна користи патентирана технологија за претворање на белата пулпа, која ги обвива какаовите зрна, во прав кој природно содржи шеќер. Оваа есен во Јапонија, „Нестле“ ќе почне да продава „кит-кет“ со 70 проценти темна чоколада, според новиот рецепт кој не вклучува дополнителен шеќер.

Досега, пулпата никогаш не била користена како засладувач на чоколада и обично се фрла. „Нестле“ може да го користи истиот процес за производство на млеко или бело чоколадо во иднина.

извор: Makfax

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »