Промовирани огласи »

Неправилностите од почетокот на мерката „Мој ДДВ“ граѓаните ги пријавуваат на бројот 198, соопшти УЈП.

Од 1 јули 2019 година, најзабележителни се пријавите за неиздавање на фискални сметки, како и за сметки коишто граѓаните не можат да ги скенираат.

Најголем дел од пријавите се однесуваат на ресторани, маркети, мини маркети, колонијални продавници, фризерски студиа и друго.

Некои правни лица се пријавувани и по повеќепати, а има и општини за кои граѓани тврдат дека речиси ниту едно правно лице не издава фискални сметки.

Најмногу пријави за недоследности има на територијата на Скопје и тоа најчесто во општините Аеродром, Центар, Чаир и други.

Во општина Аеродром на 198 граѓаните граѓани пријавиле неиздавање на фискална сметка во продавници за храна, фризирско студио, кафе бар и други, кадешто граѓани или не добиле фискална сметка или им била издадена невалидна.

Во општина Чаир граѓани се пожалиле дека не добиле фискална сметка во слаткара, механичарски сервис, бутик и други.

Во повеќе делови од Скопје пријавени се недоследности при издавањето на фискалните сметки од страна на механичарски сервис, гостилница, трафика, бутик, перална за автомобили и други.

Во општина Тетово граѓанин дојавил дека му била издадена фискална сметка за купен телефон, а неколку граѓани пријавиле дека фискални сметки не издаваат бензиска пумпа, неколку маркети и кафе барови.

Јавување за недоследности во повеќе продавници и кафе барови пријавиле и граѓани на Крива Паланка.

Граѓаните ја известиле Управата за јавни приходи и за нерегуларности и во општина Охрид. Фискална сметка не им била издадена во ресторан и на место каде се продавале билети на настан.

Во општина Прилеп, граѓаните се соочиле со неиздавање на фискални сметки во продавница за храна, како и со издавање на невалидни фискални сметки од страна на мини маркет.

Во општина Свети Николе, граѓаните наишле на повеќе фискални сметки коишто се со испрекинат бар код поради што не може да се вчита, а фискалните сметки им биле издадени во маркет.

Бледи фискални сметки, со нечитлив бар код забележале и граѓаните од Битола, Куманово и од повеќе делови од Скопје за што пријавиле на 198.

Во Струмица пријавени се недоследности кај колонијал којшто според пријавата на граѓани не издава фискални сметки како и стовариште.

Од повеќе граѓани до Управата за јавни приходи граѓаните од општина Дебар стигнаа реакции за неиздавање на фискални сметки од страна на кафе барови и бутик.

На 198 граѓани пријавиле и нерегуларности при плаќање услуга во угостителски објект во Галичник.

Се почести се јавувањата за купување на производи од продавници коишто своите производи ги нудат и преку интернет, најчесто облека за што на граѓаните нарачаниот производ им се доставува без да им биде издадена фискална сметка.

Мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ е од корист и на граѓаните и на државата. Оваа мерка значително ќе помогне и во намалувањето на сивата економија.

Согласно пријавите и по службена должност Управата за јавни приходи ќе спроведе интензивни контроли со цел проверка и утврдување на фактичката состојба на терен.

Промовирани огласи »

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот(АППТ), Љупчо Јаневски истакна дека земјава во првиот квартал во оваа 2019 година ја посетиле 232.530 туристи. 

Тој e оптимист дека и годинава бројот на туристи во земјава ќе се зголеми, иако според нивните информации и анализи процентот за разлика од минатите години би бил помал и би се движел од 3 до 5 отсто.

Во првите три месеци од годинава е забележан раст за 30 отсто на туристите од Полска, потоа следуваат туристите од Грција со раст од 29 проценти, Хрватска, Бугарија и Романија.

Јаневски истакна дека АППТ ќе се фокусира на Гастрономијата како понуда за туристите и дека дополонително ќе ја претстават Македонија како туристичка дестинација на саемот во Лондон.

Тој најави освојување нови пазари и надминување на предизвиците. Иако постои желба за промоција на кинескиот пазар има само еден водич кој знае кинески. 

„Северна Македонија – Вашата дестинација!“ е новото мото со кое земјава ќе се промовира на странските пазари. 

Најбарани  дестинации од страна на туристите во земјава и годинава се Скопје и Охрид.

Но, Крушево минатата година бележи раст од 50% на туристи, поради како што истакна првиот човек на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот атрактивниот Мечкин камен за параглајдеристите. Оваа дестинација за овие луѓе кои го сакаат овој авантуристички спорт е идеална за параглајдеристите како од земјава, така и од Европа, но и од светот.

Промовирани огласи »

„Нестле“ најде начин да направи чоколада без додавање на шеќер, што претставува еден вид револуција во прехранбената индустрија.

Компанијата за храна користи патентирана технологија за претворање на белата пулпа, која ги обвива какаовите зрна, во прав кој природно содржи шеќер. Оваа есен во Јапонија, „Нестле“ ќе почне да продава „кит-кет“ со 70 проценти темна чоколада, според новиот рецепт кој не вклучува дополнителен шеќер.

Досега, пулпата никогаш не била користена како засладувач на чоколада и обично се фрла. „Нестле“ може да го користи истиот процес за производство на млеко или бело чоколадо во иднина.

извор: Makfax

Промовирани огласи »

Возачот на моторно возило, за време на управувањето со возилото не смее да користи мобилен телефон, ниту други уреди на начин кој би ја намалил можноста за реагирање и сигурно управување со моторното возило.  По исклучок, мобилен телефон и други уреди можат да се користат за време на управување со моторно возило, ако притоа се употребува направа која овозможува нивно користење без употреба на раце. Во спротивно предвидена е глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност , односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода.

Употребата на мобилен телефон додека возачот управува моторно возило, станува причина број еден за одвлекување на вниманието кај возачите. Иако е јасно дека мобилниот телефон ја подобруваа деловната комуникација и придонесува за зголемување на личната удобност и за остварување на секојдневните потреби на луѓето, сепак употребата на мобилниот телефон за време на возењето, станува загрижувачка кога е во прашање безбедноста во сообраќајот.

Истражувањата направени од реномирани меѓународни организации покажуваат дека   одвлеченото внимание на возачот е причина за 20 до 25% од сите сообраќајни незгоди. Причините за одвлеченото внимание кај возачите, како ризик-фактор кој ја загрозува безбедноста на сообраќајот на патиштата, константно прогресираат со развојот на технологијата и со зголемување на нејзината достапност и можност за употреба во моторните возила. Согласно тоа, во наредните години, се очекува проблемот со управување моторно возило под одвлечено внимание дополнитрелно да се влошува.

Употребата на мобилен телефон додека возачот управува моторно возило е спротивно на одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и според истиот закон оваа појава се санкционира со 40 евра во денарска противвредност или со 25 негативни бода во возачката книшка.

И покрај тоа, голем број возачи користат мобилен телефон додека управуваат со возилото и на тој начин го прекршуваат Законот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Имајќи ја во предвид оваа состојба, РСБСП направи кратка анализа на истражувањата кои ги прават реномирани меѓународни организации, а кои се однесуваат на користењето мобилни телефони при возење и истите јасно укажуваат за сериозноста на проблемот со користење мобилни телефони при возење.

Истражувањата на светско ниво, според изјавите на испитаниците, покажуваат дека 45% од возачите го користат мобилниот телефон додека возат. Според истражувањата направени во САД, се проценува дека во секој момент во текот на денот, 6% од возачите користат мобилен телефон додека возат, а според истражувањата на РСБСП, во Република Македонија 63% од возачите користеле мобилен телефон додека возат.

Најризична група учесници во сообраќајот се младите возачи (до 25 години) и возачите почетници. Од 18 до 30 % од сите жртви во сообраќајот се млади возачи, иако статистички овој процент опфаќа меѓу 9 и 13% од населението. И покрај тоа, студиите за користење мобилен телефон за време на возењето, покажуваат дека младите возачи се група со висок ризик на однесување во сообраќајот, најподложна на одвлечено внимание предизвикано од мобилен телефон поради нивното интензивно користење.

Младите возачи до 30 години, двапати повеќе користат мобилен телефон додека возат од возачите на возраст над 30 години.

Негативните ефекти од употребата на мобилниот телефон се скоро исти и кај помладите и кај повозрасните возачи. Кај помладите возачи, проблем е да го прилагодат возењето со новата активност – разговор на мобилен бидејќи немаат искуство во возење, а на повозрасните возачи, проблем им е да го прилагодат возењето со разговорот на мобилниот телефон бидејќи послабо слушаат и/или послабо гледаат.

Според други истражувања, пишувањето пораки додека управува моторното возило, ја намалува реакцијата на возачот за запирање на возилото за 18%, а ја зголемува опасноста за предизвикување сообраќајна незгода за 6 пати. Пишување порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 км/ч поминува 100 метри.

Истражувањата, исто така покажуваат дека, возачите кои возат на отворен пат надвор од населено место, помалку користат мобилен телефон. Тоа се должи на поголемата брзина со која се управува возилото, но за разлика од тоа, сѐ поголем број возачи користат мобилни телефони во населено место. Намалената брзина со која се одвива сообраќајот и честите застои во сообраќајот во населените места, ги охрабрува возачите да го користат телефонот почесто, отколку кога возат надвор од населено место.

РСБСП потенцира дека, користењето мобилен телефон додека возачите управуваат моторно возило е подеднакво опасно, како во населено место, така и надвор од населено место. Статистиката покажува дека сѐ поголем број сообраќајни незгоди се случуваат во населено место, а голем број од нив се предизвикани од употреба на мобилен телефон. Во ваквите сообраќајни незгоди најчесто страдаат пешаците и велосипедистите.

Имајќи ги во предвид наведените факти РСБСП апелира до возачите да бидат посветени и внимателни во сообраќајот, да се фокусираат на патот и на случувањата во сообраќајот и да не користат мобилен телефон додека управуваат моторно возило.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »