Плата од 30.000 ден. до 35.000 ден.
Мотиви Вработување, за потребите на свој клиент, казино со највисоки стандарди, во Визбегово, објавува оглас за:
ШАНКЕР/КА
Работни одговорности:
- Подготвува и послужува пијалоци во согласност со нарачките од гостите;
- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;
- Води евиденција за залихата на пијалоци;
- Други одговорности соодветни на работното место Шанкер.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
- Лојалност и чесност;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата,
- Тимски играч и колегијалност;
- Личност која со ентузијазам ќе ги учи и применува работните задачи;
- Желба за личен раст и развој;
- Брзина и спретност.
Потребни квалификации:
- Минимум ССС;
- Познавање на странски јазик ќе биде предност;
- Искуство во угостителство ќе се смета за предност;
- Работа во три смени.
Локација: Визбегово
Почетна плата: 34.000,00 денари
Вашата биографија испратете ја на kariera@motivi.mk со назнака ШАНКЕР/КА
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.