
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »МОТИВИ за потребите на свој клиент, овластен сервис за поправка на електронски уреди за широка потрошувачка распишува оглас за вработување на:
СЕРВИСЕН КОНТРОЛОР
Со место на вршење на работните задачи во Скопје – 1 позиција
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
- ССС,
- Познавање на карактеристиките и функционирањето на аудио/видео опрема, ИТ опрема и бела техника,
- Искуство со организирање и спроведување на пописи,
- Поседување на одлични вербални способности и вештини на ефективна комуникација со клиенти и партнери,
- Задолжително поседување на возачка дозвола „Б“ категорија,
- Подготвеност за патување одредени денови од неделата на територијата на Република Македонија,
- Основно познавање на работа со компјутер, MS Office (Word, Excel), Internet browser.
Одговорности и работни задачи:
- Комуникација и контрола на овластените сервисни центри со цел подобрување на квалитетот и намалување на времетраењето на извршувањето на услугите,
- Контрола и попис на сервисните центри на територијата на Скопје и Македонија,
- Асистирање и координација на транспортот на производи до и од сервисните центри, контрола на пропратната документација,
- Приготвување, архивирање, комплетирање и контролирање на текот на документацијата поврзана со сервисните активности и нивно проследување до надлежните сектори (финансии, логистика, магацин),
- Водење на детална евиденција во постоечкиот софтверски пакет, како и предлози за негово унапредување,
- Подготвување на тековни и периодични извештаи,
- Следење на отворените работни налози од страна на телефонските оператори и нивно пратење и проследување до сервисите, се до затварање на налогот,
- Справување со расходувани производи.
Бенефиции:
- Континуирана обука и можности за напредување,
- Основна нето плата во износ од 23.000 денари со можност за зголемување, зависно од искуството и квалитетот на работа.
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, Ве молиме испратете ја Вашата кратка биографија на email: kariera@motivi.mk, со назнака: “Оглас за сервисен контролор“.
Огласот е активен до 29.10.2017 година.
Останати огласи »