
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »МОТИВИ за потребите на свој клиент, овластен сервис за поправка на електронски уреди за широка потрошувачка распишува оглас за вработување на:
ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОР ВО СЕРВИСЕН ЦЕНТАР
Со место на вршење на работните задачи во Скопје – 1 позиција
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
- ССС,
- Познавање на карактеристиките и функционирањето на аудио/видео опрема, ИТ опрема и бела техника,
- Поседување на одлични вербални способности и вештини на ефективна комуникација со клиенти,
- Поседување на корисничка ориентација,
- Основно познавање на работа со компјутер, MS Office (Word, Excel), Internet browser.
Одговорности и работни задачи:
- Примање на повици од клиенти кои рекламираат одреден производ, услуга,
- Пружање телефонска помош и помагање на клиентите во однос на ракувањето и проблемите кои клиентите ги имаат со уредот кој се рекламира,
- Операторот заедно со клиентот треба да изврши основна проверка за рекламираниот производ, да се утврди правилната инсталација и приклучување на истиот,
- Откако ќе се направи основната проверка и доколку се утврди дека апаратот е правилно приклучен, операторот е должен да отвори налог со сите податоци за клиентот и рекламираниот производ,
- Отворениот налог операторот е должен да го проследи до сервисниот кординатор кој понатаму ќе постапува по истиот,
- Операторот треба да го следи отворениот налог заедно со сервисниот кординатор и сервисерот се до негово конечно решавање,
- Откако ќе се затвори налогот операторот е должен телефонски да го провери налогот заедно со клиентот и да се увери дека е правилно постапено, и за тоа да го извести сервис кординаторот,
- Правилно и навремено пополнување на работните налози,
- Комуникација и контрола на Овластените сервисни центри со цел подобрување на квалитетот и намалување на времетраењето на извршувањето на услугите,
- Водење на детална евиденција за сите работни налози кои му се доделени,
- Подготвување на тековни и периодични извештаи,
- Пратење на трендовите на проблемите со производите, и соодветна реакција кај сите поврзани субјекти,
- Справување со расходувани производи.
Бенефиции:
- Континуирана обука и можности за напредување,
- Основна нето плата во износ од 18.000 денари со можност за покачување.
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, Ве молиме испратете ја Вашата кратка биографија на email: kariera@motivi.mk, со назнака: “Оглас за телефонски оператор во сервис“.
Огласот е активен до 29.10.2017 година.
Останати огласи »