Сметководител

За компанијата: ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста... повеќе за компанијата »

МОТИВИ Вработување за потребите на свој клиент, објавува оглас за:

 

СМЕТКОВОДИТЕЛ во домашна реномирана компанија!

Очекувана најмала плата - 800 Еур Нето, зависно од искуството, ќе се преговара и за повисок износ

Улога во тимот:

• Kнижење на финансиската и материјална документација

• Пресметка на ДДВ, данок на добивка и персонален данок

• Пресметка на плати

• Останати сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни закони и прописи

• Уредно водење на документацијата во согласност сметководствените стандарди

• Комуникација со сите релевантни државни институции

 

  Потребни квалификации и компетенции:

• Универзитетска диплома од Економски факултет

• Уверение за овластен сметководител

• Работно искуство од 10 години во професионална средина

• Владеење на деловен англиски јазик, усно и писмено

• Одлично познавање на Microsoft Office и развиени компјутерски вештини

• Одлични комуникациски и меѓучовечки односи

• Демонстрирање на цврста работна етика

• Способност за филтрирање информации и проценка на приоритети

• Одржување на добри работни односи со владините институции и агенции

• Способност за размислување однапред и предвидување на потребите пред да настанат

• Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи или осетливи работи

• Самодоверба и способност за работа по своја иницијатива и со ограничен надзор

 

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат на копчето за брза апликација или со испраќање на CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака СМЕТКОВОДИТЕЛ.

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција и регрутација во склад со законот за заштита на лични податоци.

*Кандидатoт, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »